Мирисаше дека Охрид ќе биди минско поле ама дека вака, искрено ни во најлошите помисли не ми идеше дека од Охрид ќе губиме 9 разлика на 15 минути до крајот...
Незнам од кај почнам, уште не ми се верва која слаба утакмица ја изигравме... Прво сите шо го величеа Шундо после Вардар еве ви го, единствен тренер во последните 7-8 години шо загубил со Пелистер од Охрид, да точно дека Охрид е екстра засилен ама да точно дека ние оваа сезона играме ЛШ и имаме далеку подобар состав (или можи па само на хартија)... Денес иако судиите имаа неколку грешки НЕМА КРИВЦИ освен во нашите редови и време е да ЗАИГРА МЕТЛАТА. Шундо, бил селектор, бил во клубот (некогаш, најчесто ко ќе е се средено, барем финансиски), ја донесе со Јович бог да го прости титулата после 18 години ама пријателе НЕМАШ ПОЈМА твоето ВРЕМЕ помина и замина, до душа и никогаш не си бил некој тренер, ја имаше најдобрата селекција со најдобриот играч во светот Лазаров и така се ишлепа до то 5то место, во суштина НИШТО, а знајме и како заврши во Костанца ама ајде то не е тема сега... Го доби Вардар на инаетот, набојот и мотивацијата шо си ја носи самиот натпревар на домашен терен против Вардар и ништо појќе, да не се лажиме ништо поразлично не изигра од Гарабаја со Алкалоид, освен шанса на Павле шо му даде минимална и толку. Припрема за утакмица анализа според то на терен НИКАКВА, еј Охрид да те размонтира и да ти води 9 разлика па треба да се скриеш и да не појавиш нигде појќе. Ама бил битолчанец и зато... не, професионалниот спорт не познава бил битолчанец, прилепчанец, професионалниот спорт си бара КВАЛИТЕТ и професионалност. Ете на никучот не му оди 2-3 утакмици, додека на нинџата па му оди, прво полувреме голманот те држи во игра, второ полувреме почнуваш со Никучот, па го враќаш пак него, да не му одеше првото ДА ЌЕ РАЗБЕРЕВ вака не разбирам, исто како шо не разбирам зошто во текот на утакмицата нема одмор за Хосни, Фитилот, крај на полусезона е, натпревар секој трет ден и тие имат душа и нив ги стига замор, Абутовиќ дедо во одбрана НЕ Е ЗА БРЗ противник, за противник со ниско тежиште, денес беше невидлив, па му текна, ги кладе Петар и Павле па доби на брзина и агилност одбраната, па му го обелија малце од малце образот оти ќе изгубевме со 10... Друго, јас немам видено по бавен напад со играч појќе ко ќе сме, МРАЧЕН со два пикери, спори два бекој не носи Охрид двапати до пасивен со играч појќе ... ИЧ да не разбирам ракомет, ќе знам дека очигледно ТОТАЛНО погрешно. ЈАСНО е дека буџетот е толку колку шо е, ама далеку дека е мал или дека заостанваме МНОГУ зад 1961 и Охрид (барем за сега) ама факт е и дека КУЌА се гради од темелите, НАС прво ни треба АСОЛЕН и стабилен тренер, а не анонимуси кои ќе дојдат овде па ќе му биди ова отскочна даска, треба тренер со мадиња и шо ќе знај од секој играч да го извади максимумот. Тој помошникот талентиран бил, аналитичар бил СУПЕР еве и да е така... 3 тренери се менват тој ОСТАНВА, како бе? Со Вардар незнам дали забележавта двапати во одбрана 6ти играч на пушти, а немавме исклучување, односно двапати по 10 секунди бевме со играч помалце (арно тие изгубените не знаеа да искористат). Сака тој од сенка да ја води екипата и ко ќе почниме да губиме го снемва, па денес се провоцира со публиката бакнежи праѓа ОФ МАЈКО МИЛА, толку. Салам тренер си носи и цел стручен штаб .
Хосни веќе со провоцирање и кревање ЏЕФА претерва, колку и да го прај то можи намерно за да ја крева екипата најверојатно и очигледно има контра ефект, па освен поголем инает кај противникот ништо друго, така со Алкалоид, така со Вардар така денес...
Манасков читам приведен, според мои информации НЕМА ВРСКА муабетот, ниту нападнал ниту удрил, го привеле и сега одма дочекана веста од скопските портали на тацна даена, макар шо и јас не разбирам селанец од Охрид (помошникот или било кој) да дозвола да ме пријавува во полиција, да му давам причина треба да сум без мозок скрос, па шо не му праеле на нашите во Охрид па шо требаше? Мизерија.
Друго, иако незнам кои се (а ќе разберам) од ВИП ложата од страна на домашните, со парички фрлаја према Хосни ејјј и среден прст покажваја, луѓе седнати во ВИП е толку за нигде... до душа природата нив Охридско езеро му дала, па го остаја Нефи под заштита на УНЕСКО цело со дивоградби да му го напрај, јас се чудам оти со парички фрлале... дно.
Нека помини уште со Тиквеш и ОДМА МЕТЛАТА да заигра, претходно да се продолжи платформата, а после да се донеси тренер САЛАМ со се стручен штаб, со визија и план, договор на 5 години и да му се дат одврзани раце да си прај екипа и по цена да не сме шампиони ова година ама да видиме дека има некој шо има план, вакви пајкуши појќе... доста е...и најважно од се да се бара НОВА САЛА.
П.С. И да, кажете му на Шундо дека изјава се дава и после пораз (барем како шо видов јас не даде), а не опашката в газ и прв да го нема в соблекувална.
И СЕ, НА КУ*ОТ - ПЕЛИСТЕР Е ШАМПИОН !!!