Очигледно е дека е ЕУ политичариве се корумпирани.Не случајно ги примаат оркиве од исток.Сигурно за добар кеш го прават тоа.Ама,мислиш дека во Венецуела,Куба,Русија Северна Кореа нема корупција?Милошевич чоекот кој ја направи Србија најголем губитник на Балканот не беше корумпиран?Јас не гледам навивачки.Ги гледам и двете страни.Корнат на корупција.И сега некој си диктатор Мадуро ќе ми глуми спасител на слободниот свет.На политичар на помала држава му треба мудрост и искрена посветеност кон својот народ и нација.Мадуро требаше да ја научи лекцијата шо ја добија Асад и Милошевич.Не очекувај од Русите да те извлечат од кал.На крајот ќе те остават во кал,не за друго туку не се доволно моќни.Во реалполитиката нема емоции.Или си на страна на моќните или ќе те нема.
Koга си бил последен пат во Србија?
Знаеш колку подобри патишта имаат од нас?
Што ми е поентата? Има корупција и има корупција. На пример има корупција каде некој нешто користи ама и понешто и добро ќе направи. И има корупција каде што ќе украде максимум колку е можно, и не само што ништо нема да направи за заедницата туку и ќе направи штета пута неколку пати од профитот што го направил. Кај нив е првиот пример на корупција, кај нас вториот. И некој ќе каже за сето тоа дека е корупција. Да, је. Ама има голема разлика.
Тоа е за нас и Србија споредба. Сега паралелата меѓу ЕУ и Русија: Ова сега што го прават во ЕУ исто е резултат на корупција. Културно и етничко и економско самоубиство извршено од најкорумпираните политичари во светот.
Во РФ исто има корупција, ама во која насока се движат они? Реална насока, не западно-пропагандна медиумска насока?
Има разлика? Има и тоа каква.
Понатаму. Што е разлика меѓу САД и РФ?
Со САД што и да се договориш, договорот не вреди ни колку хартијата на која е напишан. РФ исто ќе те пуштат низ вода ако мораат, ама не без барем да се обидат да направат нешто - ако можат. На пример Асад и Сирија, ги испуштија низ вода ама само откога овие толку неспособни беа да буквално не направија ништо и после цела година трубење дека им спремаат воен удар. Па пак до претпоследниот ден авијацијата на РФ бомбардираше мостови и муџи. Што требаше да направат, да гинат за Асад и баграта?
Друг пример, Венецуела. Абе знаеш што е тоа Венецуела досега што нема најдобро ПВО во Јужна Америка? Чиста неспособност. Видоа што им се деси на цел куп држави. Југославија/Србија. Либија. Ирак. Последно Иран. Итн, итн... Сето тоа го знаеја и пак се начекани со смолкнати гаќи? И сега некој „ги пуштал низ вода“? Епа ЈБГ.
Да не ќе гинат за нив? Како велат, помогни си за да ги помогнам. Они на онолку нафта не успеаја рафинерии да направат. Чиста неспособност.
Што и да направиле РФ, никогаш на ниеден партнер не му направиле како САД што ни направија нас со УЧК. Ајде да не се правиме дотолку глупи па да ги поравнуваме САД со РФ. Или со Кина кога сме на тој муабет.