Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

Дали очекувате дека новата власт и новата Претседателка ќе го ревидираат Преспанскиот договор?


  • Вкупно гласачи
    291
  • Гласањето е завршено на .
Koga bilo ponudeno ova? Mi deluva prilicno na lovecka prikazna.
Некаде во 2013 година, кога ги вадеа видеата од ЕСМ.

Со сигурност можам да потврдам дека имаа ваков предлог, ако не излезе јавно :D
 
Сумата на пари и како треба да бидат истите префрлени, Кинезите никогаш нема да и ги дадат на Македонија, а со новата поставеност во светот едноставно нема ниту никој друг да ни ги даде освен ако не направиме некој самоубиствен потег за нас самите. како ова со мигрантите Во последните 15 години, Македонија се финансира од грантови и проекти од ЕУ и Америка. Американците си ги испраа рацете од регионов, а Европа нема повеќе екстра пари да може да ги троши на проекти како Македонија. Кај нас во "златните денови" на годишно ниво влегуваат по неколку стотици милиони евра, а во доста години оваа сума и беше над пола милијарда евра.

Во 2025 ( наскоро 2026) не само што повеќе нема никој на планетава земја кој би ни префрлал вакви суми на пари, за нашите да можат по цел ден да спијат по кафани и да си ги ебат жените едни на други, туку нашите апетити за лукзус ескалираат драстично секоја година, додека работниот капацитет пак ни е во слободен пад и така оваа дупка се проширува од година во година.

Кинезите, Арапите, Американците, Јапонците и уште неколку помали играчи имаат капитал да финансираат некој реални проекти од кој примарно они би направиле пари, но секако би биле и доста полезни по нас. Али од наша страна нема никаква желба за отстварување на вакви проекти, првин зошто тоа би биле финансиски исплатливи проекти за инвеститорот што значи дека ќе мора да се работи што е за нас неприфатливо и второ на нив не им се потребни пари за проекти, нив им се потребни пари за кафани, поткуп и курви.

Што му значи на него ако Американци или Кинези градат нешто тука кога он од тоа нема ништо на краток рок. Им требаат пари ако не вчера барем денес, со кој они би можеле да поткупуваат и да трошат. И да биде почнат проектот тој би бил готов за некој 4+ години, што ги интересира нив тоа кога они ќе паднат од власт дека немале пари за поткуп. Во Македонија моментално доаѓа на власт тој што ќе може да обезбеди кредити, пари од надвор за да продолжи да не се работи и да се спие по кафани. А државава е веќе подолг период комплетно финансиски неиздржлива. Сиве овие години правиме отстапка по отстапка на поле на надворешна политика не дека некој не тера со сила, туку дека едноставно не ни се работи и кој ни бутне повеќе пари во џеп тој го следиме.

Патем и за Чебрене и Галиште имаа реални понуди, и за ТЕЦ Неготино да биде адаптирана да работи на гас имаа понуди. Такви работи нив не ги интересираат едноставно.
 
Никој не ти дава 5 милјарди фунти онака за здравје дури и со камата да се, дури и влијание да купува на просторов по напуштањето на американците.
И не особено по земање на кинески пари од Унгарија.
Познати се англичаните и нивните тајни служби по играњето игри и правењето сплетки, за разлика од директните и прагматични американци, има тука сигурно голема скриена позадина и типична англиска игра, матно е дали се само мигрантите земање во прашање, дека нема и други цели зад давањето на парите.
 
Никој не ти дава 5 милјарди фунти онака за здравје дури и со камата да се, дури и влијание да купува на просторов по напуштањето на американците.
И не особено по земање на кинески пари од Унгарија.
Познати се англичаните и нивните тајни служби по играњето игри и правењето сплетки, за разлика од директните и прагматични американци, има тука сигурно голема скриена позадина и типична англиска игра, матно е дали се само мигрантите земање во прашање, дека нема и други цели зад давањето на парите.
Не е случајна оваа средба со овој негатор на Македонците, а @Vartolu нека се смешка.
IMG_20251210_125901.jpg
 
Патем кажано...„бритишите„ се само „гаранти„ за парите кои „нашата земјата„ допрва треба да ги земе во облик од кредит, ама не кредит земен од „бритишите„.
 

МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ ЗА СТАНИЦАТА ЗА ТЕХНИЧКИ ПРЕГЛЕД КАДЕ ШТО БИЛ РЕГИСТРИРАН АВТОБУСОТ НА „БЕСА ТРАНС“ КОЈ ИЗГОРЕ ВО БУГАРИЈА

Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски за кривично дело Злоупотреба на службена положба и овластување до Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје. Кривичната пријава е поврзана со несреќата на автобусот на „Беса транс“ кој изгоре во Бугарија на 5 октомври 2021 година, кога загинаа 45 лица. Последната контрола на запалениот автобус била извршена во станицата за технички преглед „Виа комерц“ во Глумово, за која што се однесува кривичната пријава.

Според соопштението од МВР, Спасовски во текот на 2021 година, додека ја извршувал функцијата министер, ја искористил својата службена положба и овластување за да овозможи правен субјект – технички преглед во општина Сарај – да се стекне со противправна имотна корист во износ од 5,5 милиони денари.

Во кривичната пријава се наведува дека Спасовски го сторил делото со тоа што во законски предвидениот рок не донел решение за одземање на овластувањето за технички преглед, иако таков предлог бил доставен од надлежната организациска единица за граѓански работи. Имено, иако знаел дека рокот за донесување решение за одземање на овластувањето е најдоцна до 15 дена од денот на доставување на предметот, тој не ја извршил својата службена должност согласно чл.65 ст.3 од Законот за возила и чл.5 од Правилникот за начинот и постапката за донесување и одземање на решението за овластување на правното лице за технички преглед на возила.

Иако неправилности во работата на станицата во Глумово биле откриени на 12 август 2021 година, решението за забрана за работа, потпишано од министерот Спасовски, било донесено на 26 ноември 2021 година, три дена по автобуската несреќа во Бугарија.

Спасовски доцна донел решение за одземање на лиценцата на станицата во Сарај во кој технички преглед правеле автобусите на „Беса транс“

Кривичната пријава што денеска ја поднесе МВР за поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски се однесува за неодземање на лиценца на станица за технички преглед од Сарај. Се работи за станицата „Виа Комерц“ од селото Глумово за која Спасовски ненавремено донел решение за забрана за работа.

Оваа станица е интересна бидејќи во неа се вршеле техничките прегледи на „Беса Транс“ во чиј автобус загинаа 45 македонски граѓани, а седум беа повредени.
За овој случај пред една година поднесе и Антикорупциската комисија. Комисијата утврдила дека министерот не постапил правилно, бидејќи по добиениот извештај од инспекторатот кој извршил контрола и утврдил неправилности во работењето на станицата, тој не издал наредба во предвидениот рок од станицата да ги отстранат неправилностите, туку истата ја издал по три месеци од добиениот извештај, односно три дена по несреќата во Бугарија.
 
Мижи асан да ти баам, ќе лежи сигурно за ова, мирно ќе спиеме кривична му е поднесена со која ќе си го избриши газо.
 
Уште кога пред некоја недела им се понудија бескаматни кинески кредити на властодршциве а они ревносно преку телевизија рекоа дека ќе се држат до стратешкиот партнер Британија, се знаеше на кај тера возот од Кочани.
Иде возот од Кочани носи деца помочани!

Koga bilo ponudeno ova? Mi deluva prilicno na lovecka prikazna.
Имаше штури вести дека покажале интерес, дали и на кое ниво се водени разговори непознато ама дојде твојава екипа и сега е ловечка приказна.

многу ги фалите кинезиве, но автопатот кичево охрид го праат 100 години. Лапајќи 250 милионски анекси. Исто и настрешницата што уби 15 души во Нови Сад они ја праеја.
Некој како тебе го прашал некој Кинез вклучен во тој проект и тоа баш со прашање како твоево, го добил следниот одговор.
Види ни се забранува да работиме ни се прават сопки кој и каде стигне, да имавме ваква мала делница во Кина да градиме до сега ќе беше направена , па растурена па повторно изградена па ќе одевме на Марс и ќе се симневеме па уште еднаш че ја направевме (y)
 
Некаде во 2013 година, кога ги вадеа видеата од ЕСМ.

Со сигурност можам да потврдам дека имаа ваков предлог, ако не излезе јавно :D
Проектот е од Кралството Југославија ама како тогаш што е замислен не е одржлив од финансиски карактер. Ваков како овај со 12 хидроцентрали е разработен во 60тите и во 88ма или 90та има добиено награда од владата на Марковиќ за најдобар проект во Југославија за таа година. Во 96та или 97ма за првпат во независна Македонија се дискутира за овај проект и тогаш се јавува Франција за да го реализира овај проект. Договорот бил да им се отстапи на 30 и потоа да се врати во наше владение. Практично до сега ќе ги имавме наши ама имаме многу глупави политичари на власт.
 
Некаде во 2013 година, кога ги вадеа видеата од ЕСМ.

Со сигурност можам да потврдам дека имаа ваков предлог, ако не излезе јавно :D
Imalo mnogu pokonkretni predlozi od ova, kaj sto imalo i fizibiliti studii i stignale do sobranie pa pak nisto ne bidnalo. Ova e mnogu daleku, i osven za vlijanie nema nikakva ekonomska isplatlivost.
 
Лондонски „Тајмс“ за Рацин.мк: Владата во Скопје и МВР не одговорија на нашите прашања
Метју Датан, авторот на статијата „Неуспешните баратели на азил би можеле да бидат депортирани во Северна Македонија“ (Failed Asylum seekers could be deported to North Macedonia), на британски „Тајмс“, што предизвика бура од реакции, во одговор на прашањето на Рацин.мк дали побарал мислење или коментар од Владата на Северна Македонија за темата „мигрантски кампови“, вели:


Неколку пати им се обратив за коментар, но никој не одговори. Исто така, се обратив и до некого во Министерството за внатрешни работи. Што вели владата како одговор на нашата сторија?

Редакцијата на Рацин.мк денеска претпладне испрати мејлови и до прес службата на Владата на Северна Македонија со прашање:


Дали новинари или редакцијата на лондонски „Тајмс“ испратиле прашања до Владата, до прес службата, за темата „мигрантски кампови“ во Македонија пред да го објават текстот со наслов „Failed Asylum seekers could be deported to North Macedonia“ од 5 декември?

Досега од Владата нема одговор, но затоа од Лондон, од авторот на текстот Метју Датан, добивме потврда дека тој испратил прашања до нашата Влада.


Со ова се потврдуваат нашите информации што ги објавивме претходно, дека од „Илинденска“ бр. 2, наместо да одговарат на прашањата на „Тајмс“ избрале да молчат, односно одбиле да дадат официјален коментар.


Во светот на високата политика и меѓународното новинарство, кога медиум од калибарот на „Тајмс“ испраќа прашање за тема од ваква чувствителност, да не се одговори е најлошиот можен одговор.


Наместо тоа, Мицкоски денеска избра да го нарече угледниот „Тајмс“ – таблоид.
 
Проектот е од Кралството Југославија ама како тогаш што е замислен не е одржлив од финансиски карактер. Ваков како овај со 12 хидроцентрали е разработен во 60тите и во 88ма или 90та има добиено награда од владата на Марковиќ за најдобар проект во Југославија за таа година. Во 96та или 97ма за првпат во независна Македонија се дискутира за овај проект и тогаш се јавува Франција за да го реализира овај проект. Договорот бил да им се отстапи на 30 и потоа да се врати во наше владение. Практично до сега ќе ги имавме наши ама имаме многу глупави политичари на власт.

Сметаш дека политичар кој бара(л) „рушвет„ за реализација на „Вардарска....„ автоматски е глупав политичар?..
 

Мицкоски: Ќе се повлечам од политиката ако Филипче најде еден мигрант, во спротивно да се извини јавно

Ај да се надеваме дека ова е вистина.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom