Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Абе 5/5 победи вадиме до крај на годината и доаѓаме на делба на 1 место. Кој ги еби сите, ГГМУ. :cool:
5/5 и ќе гледаме шишање во живо !!!
 
Интересна победа, ама се провлекува проблемот кој што ќе не чини многу поени оваа сезона, а тоа е: немање на напаѓач кој што ќе дава голови.

Моментално сите голови ги имаат дадено Бруно, Мбеумо, Каземиро, Маунт.. некад Амад ќе даде некој гол, Куња, но сите тие се играчи од средината. Нападот моментално не ни постои. Со противник како Вулвс тоа не се гледа толку, затоа што секако ги тепаме 'на квалитет', ама у појаки натпревари тие се тие што треба да го решат натпреварот, а ние ги немаме.

Сега проверував статистика, моментално ние, Евертон, Фулам и Волфс сме единствени екипи во ЕПЛ што немаат напаѓач што постигнал повеќе од 2 гола сезонава.
 
Се молам само коа ќе биде меч фит Лича,да пробаме со Шо лево,зошто очиве ми крварат од оној циганот и Далот,не можам да ги гледам,ќе завршам у лудница,ми се намалува iq со секоја изгледана утакмица,абе како може овие бекови да ни се на толку пари исфрлани,поколение ли им ебам на двајцата.
Иди фрли пари за Дамфриз оние Интер за леб немаат одма ќе го шитнат.
 
Начинот на кој искоцкавме бодови многу ке не чини на крај.
  • Вест Хем, искоцкано водство, гол од корнер
  • Евертон, примен гол со играч помалку, брука цели 70 минути да не дадеш гол со играч повеќе
  • Тотенхем - Водство, па примени 2 гола за 7-8 минути
  • Форест, Водство, примени 2 гола за 5 минути
Тоа се 9 бода, кои на крај на сезона ке бидат клучни во трката за топ 5. Вака кога гледаш, 1 пораз во последни 9 меча и не звучи лошо, ама контекстот на утакмиците кажува нешто друго.

G7uyb6BXYAAEKwe
 
Да, се сложувам со бодовите, ама ете јас би сакал да ја видам позитивната страна, бидејќи генерално сме негативни кон клубот и ние како фанови. Не само легендите, за кои дискутиравме некоја страна поназад.

Позитивната страна е дека од бруката со Брентфорд навака, освен на мечот со Еверон, на сите други утакмици имавме контрола во добри секвенци од мечот и покажавме некоја желба за победа.

Тепавме релативно лесно со Сандерленд, го тепавме Ливерпул на Енфилд после 10 години и конечно го добивме Брајтон, кој ни е најтежок противник во овие 3-4 сезони. Со Форест и Тотенхем, бевме посериозен и подобар противник во најголем дел од мечот, а освен тоа, после тие лоши 10тина минути на двата меча, успеавме да спасиме барем бод од негативна позиција. Со Вест Хем исто до 70та минута имавме целосна контрола над мечот, а со Палас реално тепавме на мускули. Но и ова е исто така потребно, бидејќи како што киксот со Вест Хем е губење драгоцени поени, така ова е освојување на не целосно заслужени поени, кои може да сменат многу на крај.

Негативното секако е тоа што не знаеме да умртвиме утакмици каде сме подоминантни од противникот и обавезно ни се случува тешка криза од 10тина минути, каде ниту еден играч на теренот не знае каде се наоѓа. И обавезно завршува со гол - два во нашата мрежа. Истото се случи и вчера пред полувремето, а и со Брајтон, каде многу лесно можевме да прокоцкаме водство од 3-0.

Кога ќе се сумира се, генерално имаме исчекор напред во смисла на наметнување темпо и контрола над играта. НО мора што е можно побрзо да се реши проблемот со блекаутот што ни се случува на секој еден натпревар. И секако, мора да се оди на втор гол и порано решевање на мечевите. Иако за нас ни два разлика не би било доволно, со оглед на тоа дека веќе трета сезона по ред многу често ни се случува да примиме два евтино гола во рок од 5-6 минути.

Мислам дека за првото решение е квалитетен играч на средина, од таму ни доаѓаат најголем дел од проблемите во оваа формација. За второто ни треба или Шешко да распука или да се донесе некој што ќе ротира со него.

Како и да е, ако ги споредиме резултатите од лани до 15то коло и резултатите од оваа сезона, имаме 2 победи повеќе на сметка на 2 порази (со тоа 6 поени плус) и 5-6 голови дадено повеќе ако не се лажам. Мислам дека ова ја доловува перфектно сликата, напредок во играта има дефинитивно, ама ништо wow сега за сега. Меѓутоа, како што кажав вчера, јас гледам некое светло на крајот од тунелот, само да се пополни бар уште некоја дупка во претстојниот преоден рок.
 
Ајде да си кажеме искрено и што мислиме за Инеос, и што всушност ветија а што остварија, чисто од перспектива на фанови не некој финансиски аспект, кој пак исто така не е за фалба и да го глеаш чисто од лаички аспект.
Ќе почнам јас прв, јас од 1 до 10 оценка 2, мислам дека ништо не вложија и нема никаква разлика од времето на само Глејзери и Вудвард, клубот е оставен да се рефинансира од сопствените профити, без финансиска инјекција од новите газди, со тоа што ПР от е на повисоко ниво од времето на Вудвард, понекогаш ќе измијат очи со некоја вест како тогаш со стадионот и на тоа останува.
Кога сме кај стадионот не само што уште не е почнат, туку не е ни избран конечниот концепт, експропријација незавршена која сега и барале 400 милиони з таа карго фирмата да се дислоцира а овие кутрите планирале 50милиони да им дадат. Така да најверојатно концептот со мрежата ќе отпадне, друга работа е што е потполно нејасно како ќе се финансира, освен тоа да не значи големи заеми од Амерички банки.
За директен буст на играчи ни да не зборам бидејќи ни тоа не само што не се случува туку никој повеќе не ни зборува за буст. Како целост воопшто не сум задоволен бидејќи јас очекував други работи.
 
0 боље арапот да го купеше Јунајтед, дури и полоши сме од пред ерата на серкото.
 
Ставија максимум колку што може да се стави директно, 120 милиони фунти. Обновата на Керингтон е од тие пари. Е сега, дали прават пумпање на пари како што прави Сити, со фирми отворени сабајле, а попладне веќе договорот за спонзорирање на Сити, веројатно не.

За другото, не коментирам.
 
Не се сериозни, ако стварно мислат да тераат оваа сезона со оваа мртва средина нека го ритаат Аморим одма.

Jim Carrey Chance GIF
 
Последно уредено:

ПС Сколс е љут што му е скината сезнската карта до вчера ќутеше како ќуран.

Иначе...

Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom