Штитна жлезда и проблеми со неа

  • Креатор на темата Креатор на темата NeMiRnA
  • Време на започнување Време на започнување
Некој што примал радиоактивна јод после операција да сподели искуство.
Колку време сте изолирани?
После колку време може да си планирате деца?
 
Некој што примал радиоактивна јод после операција да сподели искуство.
Колку време сте изолирани?
После колку време може да си планирате деца?
Изолацијата зависи од дозата. Кај повисоки дози, потребно е подолго време изолација. Тоа ќе си разговараш со лекарот. А за планирање деца, општите препораки беа за жени околу година дена, а за мажи пола година. Пак консултација со лекар, сепак индивидуално се прави проценка.
 
Некој да не знае колку чини примање на Радиоактивен Јод , по приватниве клиники , по операција канцер на Тироидна ? Дали е огин скапо, како и операцијата ?
 
Некој да не знае колку чини примање на Радиоактивен Јод , по приватниве клиники , по операција канцер на Тироидна ? Дали е огин скапо, како и операцијата ?
2000 евра Систина
 
Здраво на сите. Сакам да ви го опишам моето денешно искуство во ПЗУ Ендомед кај госпоѓата Жанета Поповска Димова. Намерно напишав "госпоѓа" наместо "докторка" заради нејзиното крајно непрофесионално однесување и не заслужува да се нарече доктор, барем не од мене. Сигурно сте запознаени колку тешко се добива термин за преглед на тироидна преку матична/мој термин. Пред повеќе од 2 месеци при рутинска лекарска контрола ми беше посочено дека имам проблеми со тироидната, и при проверка на крв имав многу покачени анти-тела. Закажав термин преку матичната и единствениот слободен термин беше за 2 месеци во ПЗУ Ендомед. 2 месеци живеам во агонија и стрес, читам форуми и читам разни интернет страни за да дознаам повеќе за оваа болест бидејќи не можам да добијам стручен преглед и мислење од доктор. И конечно дојде денот за мојот термин во ПЗУ Ендомед. Но кога отидов во ординацијата бев исфрлен како куче со зборовите "Ако не си приватно и ако немаш симптоми и не е итно, не може да те примиме на преглед. И плус џабе ќе те прегледуваме кога оваа болест не се лечи." ... Јас разбирам дека поради состојбата со Ковид 19 докторите сакаат да се заштитат, ама каков е овој однос од лекар спрема неговиот пациент? Дали докторите имаат некаква педагошка-психолошка подготовка за однос спрема нивните пациенти? Дали ако бев приватно а не преку фонд ќе ме примеа на преглед? Бидејќи ги имаат моите податоци преку мој термин дали можеа да ми се јават на време да ми кажат дека не примаат пациенти преку фонд? Мене со овие зборови животот ми го направија уште по мизерен, наместо барем психички да ме смири прегледот кај лекар со давање на некој совет или слично. Значи чим оваа болест не се лечи, зошто да одиме на лекар кога може да се лечиме и советуваме преку интернет? На овој начин "докторката" Жанета Поповска Димова и нејзината медицинска сестра сами си ги погазија нивните дипломи и звања.

И да напоменам дека бев со заштитна опрема (маска и ракавици) заради состојбата со Ковид 19 и не знам со што заслужив таков однос од докторката и медицинската сестра...
2026 година, истото. При резултати во нормала препишува Еутирокс, незаинтересираност, пасивно арогантен однос, дно од доктор и ординација. Никогаш повеќе таму.
 
Препорака некое место за изолација после радио јод, прците 5-6 дена.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom