Не смеј да се влези во утакмицата лабаво, уште од старт треба да се удри јако, посебно во одбрана, да се напрај разлика и да се префрли притисокот кај нив.
Ако дозволиме неизвесна утакмица, со многу голој, како во Скопје ништо не прајме, посебно ако се погодат некои леви судии, а не пак утакмица ко на 24.04., ко примивме 35 гола.
Не знам кој ќе суди, само да не се Начевци и близнаците, други кој сака нека се, само нив да не ги гледам.
Реално гледано, со оваа форма шо ја имаме на главните играчи во напад, само домашниот терен ни дава некоја предност.
Во многу заебан момент иди утакмицата.
Ако ги гледаме последните 3/4 меча со нив во Битола редовно ни се случваја тие ЦРНИ ДУПКИ, кога или ни праеја големи серии и ни се враќаа од огромни негативи ( 22.10.2023 година, 14.12.2024 година) или пак ни праеја тие серии како на 24.04. кога почнавме со 0-4 и си еба матер цела утакмица, во нервоза, тегнење, промашвање чисти зицери, пенали, како шо беше со Кафетинките.
Треба да се примени рецептот од таа утакмица на 10.02.2024, со темпирање на форма во мечот и удирање јако во клучен момент, ко се крши резултатот.
Џабе прајме серија, кога дозволваме многу лесно за неколку минути да се вратат..
Ако гледаме по форма на главни играчи, тимска хемија и слично тие се во предност.
Хориха, Малус, Валах, Јанковски пикеро врши огромна работа во два правци, па и онај улајо Митровиќ е опасен ако е смирен, малце трзни го и се губи, сите играт појќе од солидно, посебно првите двајца.
Добро е шо Тузолана нема да игра, опасно копиле е тој, агресивни излегвања на десен бек, реметење на напад, страшно корисен играч шо не ни одговара, посебно на десните бекој.
Мора Звонко да ротира, ако одиме пак ко досега со Рубен, со слаба и ненавремена ротација и трошење на Фитило и Хосни напад, одбрана, тешко ќе оди.
Се надевам дека ќе ме демантираат и ќе ги СВРТАТ РАЦИОНАЛНО играчите, близнаците да добијат минутажа, посебно во одбрана, дечките се гладијатори во одбрана, Видомски и Ник да добијат минути во напад( овај и за во одбрана е круцијален, за дуел игра со Јанковски),Самоил во напад, во одбрана му треба појќе работа,
Огромен е притисокот врз нас од средбата, а не само од утакмицата утре, туку и од то шо не чека за викенд, со сојузниците од епархијата, шо можи да биди и позитивно, за стимул и императив за победа, ама можи и да биди и негативно, па да се падни под психолошки притисок, се надевам на првата варијанта.
Ако се одработат овие два меча ко шо треба, со ладни глај, паметно, имаме мегдан за борба на пролет.
Екипа за борба имаме, играчи имаме појќе од доволни за оваа лига, само фали тој психички мајндсет да се наштелова, засега раштеловано делуваме на сите дерби дуели ( освен на тој меч со сојузниците ко ги размонтиравме за едно полувреме).