Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

Дали очекувате дека новата власт и новата Претседателка ќе го ревидираат Преспанскиот договор?


  • Вкупно гласачи
    291
  • Гласањето е завршено на .
Не ги споменав Стево и Палчо, туку водителите на подкастот...така да сама процени кому му треба терапија и кој подметнува нешта кои не ги напишав.

Ако веќе треба да се вреѓаме...
Автоматски споено мислење:



И не се во прашање само немаштијата и економијата, туку предмет на критики се сите шупаци кои ја водат „нашата земјата„ и локално и централно...во перманентна пропаст, од длабоко во подлабоко, без да се види крајот на падот.
Не викам дека не се во право, но јас до крај на живот корења би јадел ако ми го чепкаат родот, за мене е подобро пропаѓање него достоинството и образот на моите претци да биде чепнат.
Сдс ако влезат во комбинација повторно со албанците можат само граѓанска војна да направат, не зборуваме повеќе за Александар Македонски.
 
Не ги споменав Стево и Палчо, туку водителите на подкастот...така да сама процени кому му треба терапија и кој подметнува нешта кои не ги напишав.

Ако веќе треба да се вреѓаме...
Не те вреѓам ама луѓето што го гледаат Мечка затупуваат повеќе од турски серии.
 
Не те вреѓам ама луѓето што го гледаат Мечка затупуваат повеќе од турски серии.

Вистината се прифаќа со напор и со проверки, а лагата се прифаќа со леснотија.

Не би рекол дека водителите од „Инфомакс„ ги затупуваат нивните гледачи, туку напротив...
 
Вистината се прифаќа со напор и со проверки, а лагата се прифаќа со леснотија.

Не би рекол дека водителите од „Инфомакс„ ги затупуваат нивните гледачи, туку напротив...
lost star wars GIF
 
Можеш да бидеш комита на "модерен начин"
кхм интересни тези
дали овие со буграски пасош се модерните комити?

вмровец голем Македонец,
Тебе дефинитивно ти нема лек.
За субјект кое узурпира ВМРО и се претставува како големи Македонци има премногу факти кои говорат спротивното.
Имаа пасивно/активно учество во насилната променма на името Македонија!
Пртседателот и некогашен премиер денес шири бугарска пропаганда и говори Македонците биле Бугари..
Вториот им претседател избега како п... ама некои и денес сакаат да верват во тоа што им се пласира не тоа што го гледат.

Напросто сум “изненаѓен и увреѓен“ од меморијата на златната рипка и интелектуален дефицит кај фурумскиве зналци!
 
кхм интересни тези
дали овие со буграски пасош се модерните комити?


Тебе дефинитивно ти нема лек.
За субјект кое узурпира ВМРО и се претставува како големи Македонци има премногу факти кои говорат спротивното.
Имаа пасивно/активно учество во насилната променма на името Македонија!
Пртседателот и некогашен премиер денес шири бугарска пропаганда и говори Македонците биле Бугари..
Вториот им претседател избега како п... ама некои и денес сакаат да верват во тоа што им се пласира не тоа што го гледат.

Напросто сум “изненаѓен и увреѓен“ од меморијата на златната рипка и интелектуален дефицит кај фурумскиве зналци!
Па јас не им верувам целосно, ете си кажав горе дека такви како Ѓорчев, Бунтур, Милошоски и тн не ми влеваат доверба за процесот, јас очекувам од тие што ја добиваат подршката од Македонскиот народ да го чуваат, потеклото, самобитот и јазикот, од светите Кирил и Методиј до денес, ако тоа не го прават не заслужуваат да се власт, и тоа не значи сдс да е власт, веќе ни е преку глава од луѓе што тргуваат со нешто за кое е платен данок во крв.
 
Комуњарите повторно се закануваат со бомби.

Треба да биде апсен безусловно секој што ќе објави некоја нова монтирана глупост.
Види, ако мислат да го прават истиот филм од 2015 и ново пржино, и прилепскиот мајмун се согласи на тоа ние Македонците треба самостојно да се организираме против двете партии, финти за повторно да не продаваат на зелена маса и експертски влади завршија.
 
Коле vs Зајо
ДВОЛИЧНИ ДОМА, ДВОЛИЧНИ И НАДВОР
Заев и Филипче едно зборуваат дома, друго прават надвор
Во вчерашната моја фб објава со наслов “КО О ЧЕМУ, ЗАЕВ И ФИЛИПЧЕ О ПОШТЕЊУ” отворив неколку теми и ги предизвикав овие два лика од насловот да одговорат на одредени прашања и информации.
Првата тема беше околу дволичноста на Зоран Заев, познат по тоа што секогаш го води исклучиво финансискиот интерес.
Тој оддамна во политиката се позиционираше, а така ја позиционира и од него контролираната СДСМ, а денес само формално водена од Венко Филипче, како про-украински, про-западни, про-европски и истовремено со силни антируски ставови.
За време на владеењето на СДСМ Македонија донираше голема количина оружје на Украина набавено од пари од буџетот на Македонија кој се полни од даноците кои ги плаќаат сите граѓани.
Поранешната министерка во владата на Заев безмалку и “објави војна” на Русија, а нејзината претходничка веќе е и заменик генерален секретар на НАТО.
Сите заедно покажаа силна подготвеност доколку треба да се испрати и македонска војска во одбрана на Украина, доколку така се одлучи во НАТО или ЕУ.
Добро познато е на јавноста и кој го инсталираше Заев на власт како марионетска влада во 2017 година.
Но, во позадина, “ербап-европеецот” спремен да прати туѓи деца на фронтот, на големо во стотици милиони рубљи секој месец врши трговија со руско железо и челик, односно купува евтино железо од Русија, чија цена е пониска заради силните западни санкции кон Русија, и прави зделки во кои сите имаат заработка, и продавачите од Русија и купувачот фирма на Заев.
Така кажано со сегашниот наратив на европските политички лидери, тој заради лично богатење учествува во зајакнување на финсирањето на Русија, и приватно како Заев-бизнисмен тој всушност ја финансира војната во Украина, но не Украина.
Значи за Украина официјално даваше подршка со парите на сите граѓани и ако затреба и сите така решат и со жива сила, а за целите на лично богатење тој е во тесна соработка со компании од Русија, кој фирми од тие заработки плаќаат даноци во буџетот на Русија.
Ова го пишувам со цел уште еднаш да покажам за каква тешка дволичност, неискреност, недоследност и непостојаност станува збор кај овој човек кој секогаш па и денес едно зборува а друго прави.
Најважно за него е да го зголеми личното конто, другото сѐ што треба ќе каже и ќе направи, ќе одглуми, ќе пофали, ќе попушти, ќе се умилкува, ќе заражи каде смее, ќе истури бес некаде, ќе лаже, ќе става рака на срцето, па макар и тие што го донесоа на власт да ги измами, а знаеме дека него народот не го донесе на власт.
За волја на вистината ова не му е прв пат и датира од периодот пред да дојде на власт, уште додека беше опозиција, кога наутро потпишуваше договори и продаваше разни зеленчуци и други производи од неговите компании, на компании во Русија, а веќе на пладне држеше прес конференции обвинувајќи ја ВМРО-ДПМНЕ дека била про-руска партија и напаѓајки ја Русија.
Филипче како негов бизнис партнер, сопатник во возење луксузни мотори и луксузни јахти, и негов најдоверлив соработник во СДСМ, знае за сето ова, и Заев ја има неговата подршка. Интереси се во прашање.
Втората тема беше предизвикот кон Венко Филипче да покаже документација дека навистина златната виза во Дубаи, ја добил затоа што бил на ум да го напушти македонското здравство и да замине како лекар-печалбар во Дубаи, а не како содружник во фирми на Заев со скриена за јавноста сопственост.
Како што беше логично Заев да демантира дека во сред период на санкции на западот кон Русија, кои тој громогласно ги подржува, а во позадина прави бизнис и многу пари со руските компании, така беше логично, документите и лиценците кои вчера ги наведов дека се предуслов за еден лекар да добие златна виза во Дубаи, Венко Филипче денес демантирајќи ме, да ги презентираше на јавноста.
Молкот по ова прашање, практично беше потврда дека тој не добил златна виза како лекар, туку како инвеститор.
Законите во Обединетоте Арапски Емирати бараат барателот на златна виза на основ инвестиција, да има инвестирано во таа земја најмалку 550.000 американски долари, износ што Филипче како лекар во македонскиот здравство можел да ги заработи доколку 40 години работел и не трошел ниту денар од неговата плата, односно доколку почнал да оперира на девет годишна возраст и притоа да не трошел пари од платата за храна, облека и слично.
Тоа е всушност и причината зошто Венко Филипче мораше да ја лаже јавноста дека не добил златна виза како бизнисмен-инвеститор, туку како лекар.
Тој нема документи со кои дошол до таа виза како лекар-печалбар во обид, бидејќи не било така. Тоа се документи кои во најголем дел ги издаваат државните институции во ОАЕ, а на крајот доаѓа договорот со болницата чие име никогаш не го кажа, ниту пак го презентираше договорот со истата.
“Прилично етички, морално и чесно”, од овие два лика кои уште се силат, се закануваат, напаѓаат, навредуваат, лажат, и глуметарат до бесвест, убедени дека никој ништо не им може.
А да сака ОЈО да го истражи ова, многу лесно може да започне и со успех да заврши истрага.
Затоа што, сето ова не е само лажење на народот, на што сме оддамна навикнати од вакви ликови, туку и манипулирање со поголеми суми на пари, чие потекло тешко ќе се докаже.
И конечно, третиот предизвик беше само едно потсетување од периодот на ковид кризата, кога премиерот и министерот за здравство на земјата која последна во Европа набави вакцини (погодете која!), неуспешни се обидуваа да ги набават вакцините од Кина, со намера нивна лична заедничка фирма да ги препродаде, односно да ги купи од производителот во Кина со дозвола на кинеските власти, и да ги продаде на државата чии министер за здравство и премиер се токму “славните трговци”.
Ова не можат и да сакаат да го негираат. Тие не го демантираа ни кога се објави и беше афера во времето кога се откри а тие беа власт.
Тоа беше во време кога сите мислевме дека министерот за здравство и премиерот на државата силно се борат да обезбедат вакцини за спас на граѓаните кои наивно им положиле верба со огромен број гласови на изборите во 2020 година, во онаа прва фаза кога вирусот беше многу смртоносен. А тие всушност се бореле тоа да биде нивна лична бизнис зделка, но заради техничко не исполнување на условите на фирмата, не ја добиле зделката. Цело МНР знаеше за планот за зделката откако одредени дипломати дошле да информираат околу некои околности.
По три недели секојдневни јавни, директни прозивки и небулозни напади врз мене од овие два лика, дека сум сакал или сум барал војна преку мојот текст објавен на ФБ на 12 ноември годинава со наслов “ТАПАНИТЕ НА ВОЈНАТА ПОЧНАА ДА ЧУКААТ ВО ЕВРОПА”, по три недели лепење етикети за некакви измислени милиони, милијарди, трилиони.., за некакво мое всушност непостоечко раководење со раководството во врвот на власта, овие измамници денес се скрија зад партиско соопштение полно со навреди и лични омаловажувања, лаги и клевети против мене, сите одамна слушнати од нив во јавноста. А ниту збор, ниту демант за глупостите кои ги правеле и ги прават, за алчноста со која влегле во политиката, за дволичниста и кон народот и кон оние кои ги донеле на власт, за своите валкани чекори во минатото и денес.
VS
Никола,
Тебе навистина ти е досадно, нели?! Читам денес дека си почнал и да се разубавуваш:) Човеку, ти навистина не знаеш што да правиш со самиот себе.
Само да ти кажам, овие твоите те слушаат, гледам дека секојдневно им делиш задачи. Знам, контролата од далечина ти е малку тешка.
Можеше да ја одлежиш казната, тоа малку што ти го дадоа, бидејќи да бев јас некој друг и да се мешав во правосудството, ти ќе добиеше многу повеќе. Но, јас не сум како тебе и твоите, јас сепак се борев за слободна и демократска Македонија.
Да ја одлежеше тогаш казната и да покажеше достоинство кон народот на Македонија, денес ќе можеше од тука, од Македонија, да зборуваш пред нашата јавност, наместо од бегство да пишуваш епопеи за кои тука се тера мајтап дека никој не може и не сака да ти ги дочита до крај.
За разлика од тебе, неуспешниот и поразен “боксер”, ние пред политиката се занимававме со сопствена работа, и тоа успешно. А сега, кога скоро пет години сум во политичка пензија, нема ден да не ме спомнете. Толку ли комплекси сте си натовариле?
За разлика од тебе, којшто се капеш во украдените парите на граѓаните на Македонија, јас достоинствено работам и своето време и натаму ќе го трошам на работа, а не на серијали писанија посветени на тебе. Тоа значи дека ова е една од ретките прилики кога го добиваш повторно моето внимание.
Затоа, ти предлагам, најди си нешто да работиш. Не мислам да работиш за да заработиш, тоа го имаш оти безобразно и развратно крадеше. Туку мислам на тоа да си најдеш некое хоби, занимација, да ти “годи” додека се разубавуваш. Научи ли гулаш да правиш?:)
За крај,
Се надевам и верувам дека ќе дојде денот кога ќе се појавиш во Македонија, а добро знаеш каде ќе треба директно да одиш.
За да разбереш:
Јас жеден да сум, Русија капка вода нема да ми даде, а камоли бизнис да ми даде. До свиданија Никола !
Поздрав од Македонија, полноправна членка на НАТО !
 
За замрзнатиот се најде нешто а за зајо ќе се најде ли ?

Ако власта сака некого да го отера во „ќорка„, ќе му измисли причини.

Зоќе из Муртино е штитен од „шаторчето„ така да него никој нема да го гони, понајмалку да го гони домашниот обвинителско-судски систем, воден од комуњарски инсталации, со јавна доверба колку статистичка грешка...
 
За замрзнатиот се најде нешто а за зајо ќе се најде ли ?
Само политички неук може да се надева дека на Заев ке му фали влакно од тиквата. Исто како што на Мицко нема да му фали влакно, а ќе го јадат тие околу него кога ќе си паднат од власт.

Коста е пуштен по вода во договор меѓу двете партии.
 
Коста е пуштен по вода во договор меѓу двете партии
Тоа да. Ама замрзнатиот по енормни суми ги купил автобусите.
Могерини ја обвинија , ако имаме здрава власт зошто да не се истражува за зајо, еднаш е аболициран за глобал ?

ПС. Со смајли му пишал на Коле дали научил да прави гулаш?
Но комент е зајакот.
Автоматски споено мислење:

Ако власта сака некого да го отера во „ќорка„, ќе му измисли причини.

Зоќе из Муртино е штитен од „шаторчето„ така да него никој нема да го гони, понајмалку да го гони домашниот обвинителско-судски систем, воден од комуњарски инсталации, со јавна доверба колку статистичка грешка...
Ако сакаат да му извадат докази нека го штитат и падобранци ама тешко дека некој ќе се зафати со вакви работи кога се однапред договорени а и имаш тендери, вработувања, итн... т.е. поважни работи.
 
Комуњарите повторно се закануваат со бомби.

Треба да биде апсен безусловно секој што ќе објави некоја нова монтирана глупост.
Фрчко вчера отворено кажуваше дека требало да има пржино два. Отворено се надеваат на доаѓање на власт без избори, додека мекушиве од власта зборуваат за реформи во сдс, место да земат да ги затворат и да ги уништат секташиве.

Во меѓувреме гнидите комуњарски повторно почнаа со некрофилија, сега трагедијава во Кочани почнаа да ја злоупотребуваат за партиски цели. Малце им беше тоа што ваѓаа секакви муабети за децата од смилковско, па сега и за Кочани ќе злоупотребуваат. Нема да дозволат ваква трагедија да им оди фира.

Сепак се работи за бескруполозни створења!
 
За замрзнатиот се најде нешто а за зајо ќе се најде ли ?
Во изминативе година и нешто поднесени се стотина кривични за високи функционери, министри, директори од претходната гарнитура, меѓу кои и за еден бивш премиер. Комуњаро-учкарските инсталации во обвинителството и судството не постапуваат и ги чуваат во фиока.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom