Здраво! Јас и маж ми поднесовме документи за бг државјанство. Јас имам бугарско свидетелство од дедо ми, а маж ми има „крштеница“ од дедо му (тоа е како извод од родени, ама мислам дека е црковен документ). Посредниците беа малку скептични околу крштеницата на маж ми, но за моите документи рекоа дека се во ред. Јас имав поднесено и претходно документи - извод од матична книга на родени од прабаба ми која била родена пред 1920та година во мк (изводот беше на мк јазик) и плус докази дека имам учествувано во бугарски културен клуб, но тие ми ги одбија бидејќи законот се сменил во меѓувреме - порано ги сметале сите што се родени во мк пред 1920 и некоја дека се автоматски бугарски државјани, но баш кога јас аплицирав го смениле законот. Ради тоа не се ни надоврзав на стариот случај туку си почнав сосема нов случај, плус го имав изгубено бројчето на мојот стар случај.
Дали некој има искуство со „крштеница“ да има добиено државјанство? И дали некој што има претходно поднесено документи со кои го имаат одбиено, па потоа со нов случај и нови документи има добиено државјанство?
Дали знаете нешто за новиот закон со кој во рок од максимум 9 месеци треба да добиеш финален статус? Нешто така ми кажаа и посредниците и други роднни