Ingvar
MONAD
- Член од
- 28 март 2020
- Мислења
- 4.756
- Поени од реакции
- 10.995
- Возраст
- 45
Да се разбереме, ја не тврдам дека жените се инфериорни во однос на мажите....напротив. Тоа што им фали на мажите го има кај жените и обратно. Така го смислил некој светов за да не сме сами и секогаш има некој/некоја што ќе ни го надополни животот. Улогата на жената ја ја гледам во EQ, во спиритуалноста, во интуицијата која ја дискутираме само што ја мислам дека има нешто кое не доаѓа стриктно од компутирачката моќ на мозокот. Спомна интуиција во медицина....ќе ја спомнам тука Марија Требен....колку е точно не знам ама она наводно лековити билки сугерирала чисто врз база на интуитивност....како и да е, ја не сум нешто склон да ја водам дискусијава у некој раздор помеѓу половите.Како бе нема жени шахистки? Можеби така сметаш затоа што е помал бројот на заинтересирани за таков вид спорт. Тука игра улога статистиката.
https://www.fide.com/how-womens-world-champions-shaped-chess/
Истото е и со емоционалната интелигенција, има и мажи со висок EQ. Затоа и болдорав дека жените, како група, имаат повисок просечен EQ. Но тоа не значи дека тоа важи секогаш, за секоја жена!
Шахот е пример каде логиката и стратегијата се клучни, и тука нема родови предиспозиции. Шахот не е машка дисциплина доколку имаш талент, вложиш труд и имаш желба можеш да бидеш успешен, без разлика на пол. Развој, пракса, тренирање (Pattern recognition) и искуство значат повеќе од предиспозиции.
Способноста за самосвест, контрола на умот и достигнување на високи духовни цели не е ограничена на пол, историските околности и културните улоги можат да влијаат. Ама не знам многу за буди-муди такви работи, но мислам дека потенцијалот е универзален.
Иако еволуцијата ја насочила улогата на жените главно кон расплод и грижа за децата, тоа не значи дека другите способности биле ограничени. Жените уште од порано креирaле работи, учеле и развивале вештини.
Ada Lovelace за алгоритмот, Anna Freud ќерка на Sigmund Freud основоположничка на детска психоанализа, истражувањата на Elizabeth Loftus за меморија и препознавање, (истражувала лажни спомени, како меморијата може да се менува). Hypatia of Alexandria...
Не тврдам дека интуицијата е докажана како посебна сила но постојат научни докази дека мозокот и потсвеста работат на таков начин што можат да создадат чувство на претчувство, проценка, ,,читање" на намери без логичка анализа.
За тоа се согласувам.
Се согласувам дека е лесно да се генерализира и дека јас не треба да судам за сите жени по некои примери. (Се согласувам со твојата забелешка, очекував таква реакција, веќе и напоменав).Мојата поента не беше да велам дека сите жени се исти или дека мажите ги немаат тие способности. Тоа што го поддржувам е идејата дека интуицијата и потсвеста постојат како механизми кои мозокот ги користи. Интуицијата работи под контрола на самосвеста, критичкото размислување и логиката. Сите функционираат паралелно.
Затоа ја направив споредбата со месечарењето.
Не затоа што интуицијата е исто што и месечарењето, туку затоа што и двете покажуваат дека мозокот може да обработува информации и да управува со однесување без свесна контрола.
Тоа докажува дека подсвеста има многу поширок капацитет отколку свесниот ум и дека мозокот може да работи ,,во позадина" без да сме свесни за секој чекор.
Луцидните сонови, REM фазата, хипнагогични состојби (меѓу спиење и будење) го активираат делот од мозокот кој комбинира информации на начин што свеста не може. Тука многу луѓе добиваат идеи, претчувства, решенија на проблеми бидејќи потсвеста ги поврзува обрасците без филтерот на логичкото размислување.
Интуицијата може да се вежба затоа не ја сметам за ,,натприродно". Исто како што со јога можеш да вежбаш фокус, смиреност, телесна свесност и контрола на внимание итн..
Спомна хипнагогични состојби....скоро имав една таква ситуација, не спиев цела ноќ...можеби еден саат се на се а се разбудив како да сум спиел 3 дена. Не дека таква состојба не е под лупата на логичко размислување туку не е под лупа на вербално размислување. Мисли не постојат како начин на кој мозокот ги обработува информациите...не можам да го објаснам баш ама ги гледаш работите и знаеш што ќе се случи. Како на некој начин да влијаеш на идните настани....како во транс.
За месечарењето се согласувам и за констатацијата околу моќта на потсвеста....малку е злоупотребена фраза ама така е.
Ова е медитација, сум практикувал често...има тука и една фора, умот и телото се едно. Ако телото е напнато и умот е напнат а ако телото е релаксирано и умот е релаксиран. Јапонците имаат техника една....кога е некој нервозен он диши забрзано, го смируваш дишењето и нервозата си оди олека. Исто и со стискање тупаници, стегање вилица и т.н. ако се релаксира телото и напнатоста исчезнува.Една едноставна вежба што можеш да ја пробаш, пушти само ламба или седи во целосна темнина што и да ти создава мир. Потоа стави ја едната рака на пулсот на другата рака и само слушај го ритамот неколку минути. Ништо друго.
После тоа префрли го фокусот на нозете осети како стоиш или седиш, како допираат до подот или столчето, како циркулира крвта.
Потоа, многу постепено, движи го вниманието нагоре низ телото нозе, карлица, стомак, осети каква храна имаш внесено дали е здрава или не, како реагира телото. Слушај го срцето дали чука нормално или забрзано, дали има отстапувања.
Обиди се да го почувствуваш дишењето, како белите дробови се шират и собираат, без да го контролираш процесот. Ослободи го лицето од гримаси.
Оваа практика ни помага да сме свесни за сегашниот момент и да ги забележиме мислите. Помага да се смириме, учи да ги забележиме сензациите, напнатоста и потребите на телото. Со ова само влегуваш во својот организам и ја забележуваш потсвеста.
Автоматски споено мислење: ден
Потенцијалот секако е универзален ама за да жена достигне такви духовни состојби мора да смени некои работи во себе. На некој начин и има предиспозиции и има ограничувања, меч со две острици е.Способноста за самосвест, контрола на умот и достигнување на високи духовни цели не е ограничена на пол, историските околности и културните улоги можат да влијаат. Ама не знам многу за буди-муди такви работи, но мислам дека потенцијалот е универзален.
(114) Simon Peter said to him, "Let Mary leave us, for women are not worthy of life."Jesus said, "I myself shall lead her in order to make her male, so that she too may becomea living spirit resembling you males. For every woman who will make herself male willenter the kingdom of heaven."
Што сакал Исус да каже со ова....не е тоа темата

).Мојата поента не беше да велам дека сите жени се исти или дека мажите ги немаат тие способности. Тоа што го поддржувам е идејата дека интуицијата и потсвеста постојат како механизми кои мозокот ги користи. Интуицијата работи под контрола на самосвеста, критичкото размислување и логиката. Сите функционираат паралелно.