Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Па 5те шо влегоа ја ебаа работата. Ко да има правило да мора сите 5 измени да се искористат. На чело со миленикот Далот. Одма се поремети се. Ни голов за 2-2 не ми прави кеф. Де Лихт man of the match.Обично се прават измени за да се подобри тимот, кај нас обратно како со 5 играчи да играме на терен.
Да бранеа добро ќе беше, оставија се на среќа па "дај што даш" беше работава. Амад во напад кога имаше шанса да направи разлика ја усеруваше, а во одбрана го праќаа по бурек. Шешко веќе не можам ни да го коментирам (имаше една ситуација кога изведувавме аут и пациентот ја врати со глава во наш шеснаесетник), средината се распадна по излегувањето на Каземиро, влагање Угарте од одмор го викнаа братот или од спиење ... а братот Доргу само за у рудник да го пратиш да копа руда зашто за друго не го бива. Капаче на се е нашиот тренер, едноставно ај што ги утна измениве на крај и поради глупите измени останавме да играме со 10 играчи.Реприза од утакмицата со Нотингем. И некни и денес второто го спијат, не знам што кур мислат да бранат 1-0 предност.
И Доргу нешто не е баш, незнам она Леон зошто не го игра, Доргу ми изгледа на ретко глуп , и како да се плаши да направи некој потег, ама па затоа секогаш касни да се приклучи било напред било назад
Не го гледав второ шо кур се случи
Нема што да го разбереш Аморим, го стави Мбуемо лево и тоа е тоа. Зашто не го стави Зиркзе наместо Шешко ? Ќе имаше далеку поголема контрола на топката и немаа да не мелат секој напад.Диего Леон не може да изигра сеуште цела утакмица од 90 минути за резервите. До толку е таа слаба лига од кај што дојде.
Иста работа како со Форест, мислеа дека на 0-1 е завршена утакмицата. 2 добри шанси на Бруно и Шешко, и наместо да биде 0-2, нормално, примаме 2 глупи гола. Првиот идеше директно во Ламенс, Де Лихт и смени правец на топката. Вториот, исто, шут на гол, исто минимално сменет правец, таман да го излаже Ламенс.
Генерално, сеуште не сме екипа која може да брани 0-1 водство. Тотенхем беа зрели да им спуцаме втор гол дур имавме водство. Ние претпазлива игра. Вака, пак 2 бода изгубени, Мегваер аут месец дена минимум, Шешко, се надевам дека не е коленото, зашто ако е, ке го видиме во Фебруари-Март. Не ми е јасно како се повреди.
Амад не го кривам, го стави да игра бек, каде што треба свежи нозе за да покриваш. Играше против играч кој само што влезе на терен.
Разбирам што сака да прави Аморим, ама мора ритамот да биде посилен, и многу похрабро да се игра. Зашто не можеш да се ослониш на Касемиро, нема нозе за цела утакмица.