Политички случувања во САД: Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Crazy in Love
  • Време на започнување Време на започнување

Дали санкциите на администрацијата на Џо Бајден, кон Русија, вродуваат со плод?


  • Вкупно гласачи
    48
  • Гласањето е завршено на .
2026 ќе ги прегази републиканците. 47 нека се спрема за импичмент ако продолжи вака.

Прегледај го приврзокот 459891

Ако американските републиканци сакаат да бидат избришани од изборната мапа како политичка партија, најлесен начин е да го стават дибеков за партиска маскота, ќе ги пеплоса додека да му заврши претседателскиот мандат во јануари 2029.

Отвори уста против Канада - буквално им ја подари на златна тацна на либерал-фашистите.

Отвори уста против првиот Уганданец и муслиман кандидат за градоначалник на Њујорк - му го подари градот.

Единствен дипломатски изборен успех му е Аргентина, каде што му даде заем од 40 (ЧЕТИРИЕСЕТ) МИЛИЈАРДИ американски долари на Лудакот, а аргентинската "економија" е речиси копија на југословенската економија за време на Јосип Броз Тито - функционира само додека има пристап до туѓи пари. Земајќи го во предвид фактот како заврши Југославија, а истовремено да се потсетиме дека тој заем од 40 милијарди долари ќе мора да се врати после некоја година - со камати, се разбира - Аргентинците се израдуваа бидејќи Лудакот буквално им понуди канализациска вода среде пустинска жега и ете му го зголемија бројот на пратеници во аргентинскиот Парламент - не му изгласаа парламентарно мнозинство, но му го зголемија бројот на пратеници доволно за да направи уште поголеми гнасотилаци во наредните 2 (ДВЕ) години.

Ќе биде изненадување доколку постои било какво републиканско и/или конзервативно движење во САД после јануари 2029.

Еве кој бил зад Мамдани.

Да си бидеме искрени: њујорчани немаат гласано за републиканец градоначалник повеќе од 16 (ШЕСНАЕСЕТ) години, односно веќе 5-ти изборен циклус по ред.

Тоа социјалистичко дувло од поодамна има расчистено со здравиот ум и разум, единствена конкуренција му е Лос Анџелес кој од поодамна има преминато од социјализам кон либерал-фашизам.

Најлесно е за Александар Отворен Профитерски Паричник Сорос да го финансира кандидатот кој најлесно ќе победи, њујорчани би го изгласале и Адолф Хитлер за градоначалник на Њујорк само ако Доналд Трамп повикува да не го гласаат.
 
Последно уредено:
Ако американските републиканци сакаат да бидат избришани од изборната мапа како политичка партија, најлесен начин е да го стават дибеков за партиска маскота, ќе ги пеплоса додека да му заврши претседателскиот мандат во јануари 2029.

Отвори уста против Канада - буквално им ја подари на златна тацна на либерал-фашистите.

Отвори уста против првиот Уганданец и муслиман кандидат за градоначалник на Њујорк - му го подари градот.

Ќе биде изненадување доколку постои било какво републиканско и/или конзервативно движење во САД после јануари 2029.

ова го зборев, Трамп е без компас и нема појма како да одржи власт на долг рок. Не знае како да консолидира власт. Прави неконтролирани потези и губи гласачи. Им дава на соросоидите шанса да се вратат на голема врата.
 
Во првиот мандат од 2016 до 2020 година Трамп ги предупредуваше во Јужна Африка да престанат со убивствата на белите фармери и ништо не превзеде, само на збор.
Така да, и сега слично.
Boers така ги нарекуваа. Зборуваат некој јазик сличен на холандскиот и најчесто ги има околу фармите. Доколку не се тие Боерс ќе умрат за храна тие во Ј.Африка тие убаво ја работат земјата и се доста креативни во зависност од климатските промени/сушите во Африка. Но апартхејдот си го направи своето.
 
ова го зборев, Трамп е без компас и нема појма како да одржи власт на долг рок. Не знае како да консолидира власт. Прави неконтролирани потези и губи гласачи. Им дава на соросоидите шанса да се вратат на голема врата.

Јас имам поинаква теорија: типот го вратија во 2024 година за да направи масовна чистка во американското општество од било кои личности и/или движења кои би се осмелиле да им се спротивстават на неконтролираната и нерегулираната имиграција, еврејските лобисти, воено-профитерските лобисти, технолошките лобисти и сите останати крвопијци сместени во Вашингтон, САД.

Типот ги исполнуваше сите критериуми: судовите и медиумите му се нафрлиле како хиени за да го отепаат, одлучно тврди дека претседателските избори одржани во 2020 година беа наместени, што до некаде е точно - во најмала рака беа сомнителни бидејќи со недели се пребројуваа гласачки ливчиња, вклучувајќи и поштенски гласачки ливчиња фрлени туку така среде хотели и други јавни места - лесно беше да се прикаже како маченик на системот. Сепак типот освои над 74 (СЕДУМДЕСЕТ И ЧЕТИРИ) милиони гласови на претседателските избори во 2020 година, а тоа воопшто не е мала бројка.

Откако си стекна искуство и научи како функционира Вашингтон и каде лежат парите во првиот мандат помеѓу 2017 и 2021 година, сега си го кешира стекнатото знаење и искуство во вториот мандат: ТикТок за синче Баронче, Газа ривиера за зетот Џаред и неговиот партнер Тони Блер, сега прави подготовки за да ги напаѓа Венецуела и Иран, Бог знае за кого ги има таксано нивните богатства и какви гнасотилаци допрва ќе следуваат со него. И со неговите наследници после јануари 2029.

Џаболебарите и гребаторите од типот на Ненси Пелоси и останатите барем не ги изложуваа своите валкани бизниси пред јавноста, иако информациите се јавно достапни за секој кој сака да ги побара истите. Овој дибеков го прави сосема спротивното, на цела светска јавност и` вели: "ми се може, цркнете од завист".

Јас мислам дека беше вратен од политичкиот амбис на пропаста за да направи голема чистка, а за возврат на дебело ќе си наплати, поточно веќе си наплаќа. Сите кои го гласаа уверени дека ќе ги држи САД надвор од туѓи војни и дека нема да започнува нови војни, или уверени дека ќе го пресуши мочуриштето на лобисти и профитери, ќе изгубат секаква доверба во Републиканската Партија на САД поради премолчувањето од страна на мнозинството конгресмени и сенатори на неговите политики, и или нема да гласаат на идни избори, или ќе гласаат за демократските фашисти.
 
Последно уредено:
Make New Jersey West New York City Again :D

З'ш да не ?

Вирџинија си ја има Западна Вирџинија, Масачусетс си го има Мејн, Њујорк може да си го има Западен Њујорк.

Единствено што ќе се деси е Берген, Џерси Сити и Неварк ќе ги добијат избеглиците од NYC. Проблемот е што Северен Џерси работи за NYC, Јужен Џерси работи за Филаделфија. Ако Wallstreet се пресели Тексас, отиде NYC во Детроит насока.
 
Samo toa nema da se sluči
Немој да мислиш дека богатите се идиоти. NYC е финансиски центар на пола глобус, ако проба комуњаров да им земе повеќе пари, ќе си се преселат.
 
Немој да мислиш дека богатите се идиоти. NYC е финансиски центар на пола глобус, ако проба комуњаров да им земе повеќе пари, ќе си се преселат.

Ако проба Трамп да ви го накрши OpenAI bailout-от кај ќе бегате?
 
Ако проба Трамп да ви го накрши OpenAI bailout-от кај ќе бегате?
Трамп е на федерално ниво, не се бега од тоа. Мамдани е градоначалник, неговите измени важат само за NYC.

Веќе плаќаме 2 трилиони годишен дефицит што остана од Бајдо.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom