ТРАНСФОРМАТОР БРОЈ 500!
Акцијата која требаше да се одвива се до крајот на сезоната, заврши за два месеци!
Трансформаторот број 500 е обоен!
Дизајнот симбилично ја отсликува нашата вечна борба за клубот и групата, а пораката испишана на него ја претставува целта која групата си ја зацрта уште на самиот почеток. Зацртано - нацртано!
,,Скопје во Вардарови бои” веќе не е само метафора, туку реалност јасно видлива по скопските улици, булевари и маала, а која заедно со стотиците нацртани графити во текот на изминатите години, јасно ќе дава дознаење чив е овој град, дека ова е само наше Скопје!
Акцијата ,,Ултра 500 трансформатори” пред се успеа благодарение на организираноста на групата и ангажманот на сите подгрупи и екипи, а исто така ја истакна и важноста на самофинансирањето!
Со купување на членска карта, билет или реквизит, директно ја помаѓаш групата и придонесуваш кон реализација не само на кореографиите, туку и на акциите како оваа, за која беа купени повеќе од 500 спрееви и повеќе од 40 шаблони!
⚠️Акцијата не завршува, продолжува и понатаму. Има уште трансформатори кои мора да бидат обоени, но сега е важна само една работа, акцијата која треба да започне утре. ИНВАЗИЈА НА БИТОЛА ВО СРЕДА!
Прегледај го приврзокот 459825