Народот што не излезе масовно на референдумот против територијалната поделба?
Народот што сака да живее во комфор и без никакви турбуленции, не за џабе, секогаш кога треба нешто да се протне го плашат, а тој си легнува на брашно!?
Секоја промена, носи ризик, а во реалност Македонците не се подготвени за нешто што ќе им го поремети мирот (и не мислам на војната само како спротивност).
И од овие што многу галамат на интернет, ако дојде до некакви турбуленции, стани-падни ситуации, ќе почнат со муабети, а бе зошто сега, па местенка е, има нешто тука, за пари се работи, полесно ќе крадат и сл. Други ќе паднат на приказни како е 21 век, дајте работа, градинки, луѓе ќе отидат на Марс, време на вештачка интелигенција, а глеј ги со што се замараат и слични муабети.
Живееме во ваква држава, затоа што си постои убава симбиоза помеѓу менталитетот на народот и владеачките политики.
Дали елита некоја можела подобро, тоа сигурно, но и нашата елита (не само политичка), си пати од исти болки како народот.
Едноставно, народот сака да биде поинаку, но тоа да помине без нив, да нема никакви последици, никако да не ги поремети. Во спротивно, а мора да биде така доколку се дирне во пвие работи, ќе се побунаат и ќе бараат статус кво, какво и да е.