Фан Клуб: Челзи

  • Креатор на темата Креатор на темата Вори
  • Време на започнување Време на започнување
После 47 натпревари
Лампард 84 поени
Мареска 83 поени
Што треба да каже ова? Иста прва сезона имаа двајцата, така да логично е дека ќе имаат сличен број бодови после толку натпревари. Лампард негде овој период па натаму почна да пропаѓа.
 
Види од готово вересија.
И пак аут. Кој гол по ред? И све со префрлање на втора статива.

Види Делап колку е глуп, преглуп.
Автоматски споено мислење:

Окееј Гитенс, ок.

Кик-оф буст имаат Вулверхемптон изгледа.
 
Последно уредено:
Не изгубивме само ради среќа и тоа што беа заспани Волвс првото полувреме.

Се полошо и полошо играме. Се гледа дека без Палмер нема напад а без Колвил нема одбрана.

Мареска е прочитан и тоа е тоа, ако не земе да се поправи и да има втор или трет план, тоа е тоа.
 
Почнаа шпекулации се спомнува Ираиола.

Никој не оспорува дека најтешка работна позиција од цела премиер лига со оваа политика што ја тераат газите има тренер на Челзи. Знаеш дека мора да играш со играчи кои ќе ти ги донесе управата, без никакво искуство, светска класа играч нема да ти купат а ќе бараат успех. Потрошени пари и скапо платени играчи кои се носат според чат ГПТ убаво кажа Зоки носат голем притисок од медиуми.

Било кој и да е му треба време секако, но Мареска изгуби компас сезонава, 6 црвени картони во 9 натпревари е озбилен проблем.
Прекини никако да ги среди, океј фали висина во составот но пак тоа е проблем што мора да се реши на вакво врвно ниво.

Време на терен на Гиу исто е проблем, се форсира Џорџ на неприродна позиција и играч што беше на излезни врати, океј немам ништо против играчот во ред е да си бара минутажа на друго место ако смета дека нема да добива потребни минути во Челзи но сепак да играш на позиција што не е природна за сметка на друг играч што гризе во пресинг и дава максимум пред се не е ок.
И фитнесот не е изговор затоа што кога играше на позајмица беше сосема ок.

Еве го Педро е надвор од форма подолго време, стави го Буенаноте, син му Густо е очајен упорно го игра.



До нова година би му дал време распоредот му оди во прилог, од потешки дома доаѓаат Арсенал и Барселона и ако продолжи со ваква игра отказ на 31 дек.
 
Денеска не очекувам позитива. Со оглед на тоа дека се средија кокошките со Томас.
 
Последно уредено:
Денес губием 100%, не ни легаат тимови како Тотенхем што играат на контри, ќе не искасапат со одбранава назад, Густо, Фофана и Чалоба.
Али добро, време е да се смени Мареска кога самиот е глуп и не сфаќа дека не треба да ги игра и ако му е.
 
Неочекувани 3 бода, мучос грасијас Чави Симонс.
Добро е што не сме го купиле Симонс, мивка од играч.

За Каиседо само ќе ке го ставам ова :cuc:
Убедливо најдобар ДМ во лига, можда и наш најдобар играч, со Енцо се толку многу уиграни што и двајцата покриваат нереално многу простор на средина, буквално вакво дуо не сме имале на средина од времињата на Есиен и Лампард.
 
Најголем впечаток вчера ми остави тоа што Санчез излегуваше на буквално секоја нафрлена топка и ја фаќаше, брзо истрчуваше до ивица на шестнаесетник и исфрлаше до напаѓач на Челзи. При секое нафрлање на Тотенхем, тројца напаѓачи одеа на средина на терен и принудуваа тројца дефанзивци да одат да ги чуваат наместо да стојат пред нашиот гол во напад. Тоа се бараше. Да пробуваат да најдат начин како да се одбранат од новиов тренд.

Фофана и Чалоба одлични, особено Фофана. За Каиседо муабетите за најдобар играч од средина треба веќе да се повлечат затоа што станува еден од најдобрите играчи општо во фудбалот.

На крај фрустрира само тоа што го завршија натпреварот со еден гол, наместо да дадат 4-5.
 
Кога не сме во улога на фаворити увек играме подобро.
Искрено не очекував победа вчера.
Кукуреља не го заборавајте одлично го чуваше Кудус.

Добро одиграа сите но Педро мора да го критикувам, како така лесно им паѓа самодоверба на нашите напаѓачи не ми е јасно.

Living my dream фацата од почеток на сезоната вчера тие шанси од 100 , 100 ќе ги дадеше и тоа не само голови туку ќе беа уникатни завршници, сега изгледа збунето, депресивно како цел свет да му пропаднал.
 
Добро е што не сме го купиле Симонс, мивка од играч.

Добро одиграа сите но Педро мора да го критикувам, како така лесно им паѓа самодоверба на нашите напаѓачи не ми е јасно.

Living my dream фацата од почеток на сезоната вчера тие шанси од 100 , 100 ќе ги дадеше и тоа не само голови туку ќе беа уникатни завршници, сега изгледа збунето, депресивно како цел свет да му пропаднал.

Ако е Симонс мивка од играч исто би бил и Нето.

Living my dream фацата од почеток на сезоната затоа што игра во Челзи.

Замисли цело лето те бараат Челзи и на крај завршуваш во Тотенхам. Нормално дека цел свет му пропаднал па не игра добро, секој би го направил истото хехе

Од нашата страна имаше одлична игра, сите беа супер мотивирани, Каиседо, Ензо, Кукурела, Фофана, Џејмс па и Санчез мора да го пофалам.

Кога влезе Естевао одма се виде разлика во игра. Мора да научи Мареска кога се игра Естевао а кога Нето. Секогаш обратно ги става во прв состав.

Единствено многу се напнав кога тоа Спенс дегенот му се пушти на Кукурела, се исплаши нашиов и никој не истрча да го заштити. Да беа Тери, Дрогба, Лампард, Кејхил, Коста итн итн одма ќе се пуштеа, овие сите примадони. Очекував барем Ензо, Каиседо или Џејмс да притрчаат, ама ништо.

За крај, Гитенс мораше да го даде на крај, исто и Жоао, ај на него му ја фати голманот, ама Гитенс мора да научи од ова.
 
Симонс не е за во Премиер Лига, премногу мек играч, го туркаат од топка како дете. Шпанија супер би му легнала.
 
Па баш и тоа е поентата кога уживаше се му идеше од рака.

За Педро не би се сложил нека е мек играч напротив.
Педро исто така ретко кога би вратил назад пас онака незаинтересирано, секогаш оди со 200 посто на топка и дриблнинг и како така он многу се троши.


Баш забележав но заборавив да пишам Нето 10 мин пред да излезе делуваше уморно тука требаше да го извади Мареска и да го пушти Естевао.
Да овој не се пожалеше на грчеви прашање е дали и ќе го извадеше.

Естевао е супер играч но Нето исто е добар, според мене барем сезонава Нето треба да има поголема минутажа.
 
Симонс не е за во Премиер Лига, премногу мек играч, го туркаат од топка како дете. Шпанија супер би му легнала.
Па не се слагам, гледај ги Естевао и Палмер, сличен тип на играчи, само имаа соиграчи, тренери и најважно психа и одат кон 10ка.

Симонс да дојдеше во Челзи се кладам дека ќе имаше многу подобра игра од таа што ја игра моментално. Издишан е, нема ни желба ни ништо.

Сепак игра во Тотенхам.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom