Прегледај го приврзокот 458782
Овие не треба да се апсат ради тоа што се заебаваат со Чарли Кирк, туку заради тоа што подржуват очигледно злокобна идеологија која му нанесува несогледливи штети на човештвото. Ако заебавањето со смртта на Чарли ги пикне у затвор, океј, која и да е причината, они треба да се тргнат од слобода.
Современата историја знае за само 1 (ЕДНА) личност која била обвинета, осудена и погубена за злосторства против човештвото со употреба на пропаганда и ограбување на жртви на злосторства против човештвото - конкретно Евреите, а особено жртвите на Кристалната ноќ од 1938 година, во која учествувал индиректно со наредување да биде уништена големата синагога во Нирнберг, но без притоа да учествува на било каков начин во организирањето и извршувањето на тие злосторства.
Таа личност е Јулиус Штрајхер, основач и главен уредник на нацистичкиот весник Јуришник, чии што анти-семитистички текстови биле толку одвратни што дури и Херман Геринг им забранил на своите службеници и вработени да го читаат весникот.
Од четирите типови на обвиненија за кои се воделе судењата против воени злосторства во Нирнберг, Штрајхер бил обвинет за:
1. Учество во заговор на злосторства против мирот;
2. Злосторства против човештвото;
Но не бил обвинет за:
3. Планирање, организирање и учествување во злосторства извршени со воена агресија;
4. Учество во воени злосторства.
Бил ослободен од првото обвинение за учество во заговор на злосторства против мирот, но бил осуден за злосторства против човештвото.
Јулиус Штрајхер е единствената личност која современата историја ја именува како осуденик на смртна казна од страна на воен трибунал само поради зборовите кои ги објавувал, а не поради било какво учество или организирање на било какви воени злосторства.
За изродите кои ликуваат на нечие убиство да бидат лишени од слобода, или па осудени за злосторства против јавниот ред и мир, треба првично заедничката цел на нивните собири и на нивната организација да биде означена како криминално дело или како штетна појава за општеството, слично како наркотиците.