Локални избори 2025 (општа дискусија)

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување
  • Истакнато
Најобјективно овој Бобан од Гази Баба 4 години афк беше, освен што смени имиња на улици* и нешто офарба ваму-таму буквално ништо друго не направи, треба да си имбецил пак да го гласаш.

*Не знам зошто но прво за ова се фаќаат сите новоизбрани градоначалници.
 
Во Тетово изгледа дпмне гласаа за Влен...
 
Ќе победи ли некаде сдс воопшто?
Сите мали општини ги изгубија. Единствено во Крива Паланка ако победат и Центар ако го испазарат.
Автоматски споено мислење:

Во Тетово изгледа дпмне гласаа за Влен...
Добро утро, паторе :D
 
Во Тетово изгледа дпмне гласаа за Влен...
Битно историска победа , а имале и по 55+ општини. Пацовите ќе се прават ѓубриња вечерва , жално. За 300 илјади луѓе нема спас у државава.
 
Најобјективно овој Бобан од Гази Баба 4 години афк беше, освен што смени имиња на улици* и нешто офарба ваму-таму буквално ништо друго не направи, треба да си имбецил пак да го гласаш.

*Не знам зошто но прво за ова се фаќаат сите новоизбрани градоначалници.
Ваљда ти е јасно дека на такви места дпмне да стави магаре, ќе тепа 5:1. Особено кога имаш централна власт, ехееее.
Онојпат кога сдс тепаа секаде, ни самите не веруваа дека ќе тепаат во Гази баба. Ставија едно тезгере, па ко за инает победи убедливо и после не знаеја што да му прават (ко и во пола Македонија, што ни самоте не очекуваа победами ги најде затечени).

Очобол се сите кандидати секаде. Митката е докажан градоначалник, ако е сељо. Не верувам дека некогаш ќе го кажев ова, али за жал и Стевче би го ставил овде. Колев беше океј во Велес, Орце во Кисела Вода. И овој од Паланка, го среди градот.
Другото не е 0, туку -1000000.
 
Ме интересираат две работи. Првата, во Тетово има 8% македонци? :confused: Второ, дали после избориве и поразот на ДУИ, дали му следи апс на Ахмети (нешто што се шушкаше во позадина и за претходните избори)?
 
Во Кичево втор круг ќе одат ДПМНЕ и ВЛЕН? Ако е така ќе биде заебано, ако оди ДПМНЕ вс ДУИ, ќе има јако пазарење... дел од гласачкото тело на ВЛЕН ќе гласа партиски по наредба од матичната партија за ДПМНЕ, додека другиот дел ќе оди националистички и ќе гласа за албанскиот кандидат само затоа што е албанец
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom