Барај криви крстови во карпи. Не обрнати туку криви. Тоа е благо од убиен бег или ага од турско. Кривопаланечкиот регион се смета дека има златни прачки со наци жиг. Битолско и Прилепско не копај, можи да налеташ на граната од прва светска и пепел да се сториш.
Крив крст, таму во близина стои нешто несвето. Злато, сребро. Имам чуено од постари дека намерно закопувале сребро и го бележеле во камен за предавниците да го земат.
А и тие што не се диви, испадна после дека ги препродавале на своја рака на грците.
Значи, си копаш бавча, наоѓаш некој артефакт со голема вредност, пријавуваш све регуларно, доаѓаат ти го земаат, за некое копито после да го препродаде на црно.
Обично така бива! Моето село е одма до стара римска населба. При орање имаат луѓе наоѓано еден куп артефакти, камења, плочи. Собираше музејот едно време, после ако им кажеш дека е камен ич не ни доаѓаа!
Инаку јас си имам проблем со тоа, во нашата струка употребувме локатори за подземни инсталации и метал детектори. Милион прашања, А ЗЛАТО МОЖЕ ЛИ ДА СЕ НАЈДЕ? НЕ МОЖЕЕЕ!
Автоматски споено мислење:
Нашето Старо село е на место каде што и во римско имало село, дури и црквата си останала. Со доаѓање на турците црквата е преселена подолу и околу неа имаше во стар стил гробови. Целите беа од исклесан камен. Си стоеја така до 1980 и некоја, кога едни мои подалечни роднини не спобудалеа и почнаа ноќе да копаат во тој реон. Прекопаа се’, уништија толку вредни историски наследства и на крај си умреа голи сиромаси!
Наук за сите што им се запалиле гаќите по скриено богатство!

Има многу случаи да луѓе имаат пронајдено сокриено азно, но тоа се најчесто откритија до кои се дошло случајно при копање подруми, темели, рушење стари куќи, орање.... Од овие трагачите по злато познавам мнозина но не познавам ниту еден што се збогатил, напротив, познавам трагачи кои осиромашиле оти премногу влегле во филм па потрошиле многу пари во разни опреми, продаваат имоти, земаат кредити, баталиле работа па поради филмот им страда и семејството, нешто како коцкари и наркомани се.
Не велам дека е грешка човек да има едно такво хоби. Но тоа да му биде само хоби, занимација и рекреација. Секако дека е добро човек да се движи по природа, да истражува, да се дружи, да слуша приказни и легенди. Некој ужива во лов, некој во риболов... зошто некој да не ужива во потрага по скриено богартство. Но проблемот е човек да не се навлече и да стане ,,професионалец,,, па се што има да вложи во некоја апаратура со која ,,сигурно,, ке најде злато, да купува ,,сигурни карти од турција,,, да плаќа ,,точни приказни,,, да батали работа, бизнис, семејство, времето да го троши само на потрага по злато и дома да носи само болви од кошарите и пештерите по кои се пикал.
А сосема друга прича се трагачите кои се археолози или се разбираат во археологија и антиквитети. Тие знаат точно што бараат, каде да бараат, колку вреди тоа што го бараат, каде да го продадат... во тој бизнис сигурно дека има голема пара. Но тоа не е нешто што може да му биде хоби на обичен човек оти најверојатно ке наебе затвор а дури и да најде нешто ке го даде за ситни пари оти појма нема ниту што нашол, ниту колку тоа вреди, ниту кому да го продаде.
Крив крст, таму во близина стои нешто несвето. Злато, сребро. Имам чуено од постари дека намерно закопувале сребро и го бележеле во камен за предавниците да го земат.
Најмалку пет лица досега се измамени од осумчлена организирана група што на наводни сателитски снимки „видела“ закопано злато и успева да ги убеди домаќините дека токму во неговиот двор има ќупови полни со злато, а за да го добијат, се разбира, треба да платат „само“ 6.000 евра аванс, пишува МКД.мк…
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.