Тргување со странски хартии од вредност и недвижности

  • Креатор на темата Креатор на темата StefusRefus
  • Време на започнување Време на започнување
Што конкретно ќе понуди Opfolio Investments на домашниот пазар?

Со темелна анализа до 11.050 фунти за две недели

Филозофијата на инвестирање во Опфолио АД Скопје се заснова на темелно истражување и носење одлуки со долгорочна перспектива. Совршен пример за оваа стратегија е нашата неодамнешна инвестиција во Alpha Group International PLC (LSE: ALPH) која ни донесе значителна добивка.

Интересно е што, иако размислуваме долгорочно, овој пат резултатите дојдоа брзо. Од моментот на купување на акциите на 15.7.2025 до драстичниот раст на цената поминаа помалку од две недели.

Здраво,

Би сакал доколку некој има информација да ми помогне околу следните две прашања.

После подолго информирање, пред сè од интернет, за отворените инвестициски фондови кај нас, дојдов до заклучок дека тие се всушност активно менаџирани фондови (во странската литература познати како mutual funds).

Главната разлика помеѓу нив и ETFs е во трошоците (пасивно менаџирани фондови). Не само во влезните трошоци, кои ги нема кај ETFs (освен SWIFT и банкарски трошоци што ги плаќаме како резиденти на Македонија, а очекувам да се намалат со приклучување кон SEPA), туку и во годишните трошоци за управување, кои кај нашите фондови изнесуваат околу 2–3% на вкупната маса на фондот. Овие трошоци не се директно прикажани кај инвеститорот, туку се одбиваат од самиот фонд, па индиректно влијаат на приносот.

За споредба, ETFs како Vanguard или BlackRock, кои може да се купат преку IBKR или Trading212, имаат трошоци од само 0.07–0.2% по удел годишно. На долг рок ова претставува огромна разлика.

На пример, MSCI World ETF има скоро исти перформанси како и некои од нашите фондови. Но, поради трошоците од 2–3%, ако индексот во просек на 5 години дава принос од ~12% годишно (линк), нашите фондови реално имаат 9–10% (понекогаш и помалку).

Моите прашања се:

  1. Дали вредноста на уделот во домашните фондови веќе ги има вкалкулирано овие годишни трошоци, или тие се наплатуваат на излез – при конверзија на уделите во пари?
  2. Знам дека најдобра опција ми е да инвестирам преку IBKR или Trading212 во ETFs за трошоци, но прашањето ми е за заштитата на средствата. IBKR е стара и сигурна компанија, но сепак, колкава е реалната заштита?

Според оваа анализа, во Македонија заштитата е максимум 20.000 EUR (Законот за хартии од вредност). - Член 152-ѕ

Значи, дали овие 20.000 EUR важат:

  • за целата сума во IBKR,
  • или посебно за секој фонд (пример, Vanguard IE00B5BMR087 – 20k, Vanguard IE00BK5BQT80 – уште 20k, итн.)? (мое мислење дека ова е случајот)

Исто прашање и за нашите фондови – дали е лимитот 20.000 EUR по инвеститор (независно колку фондови имам) или поединечно по фонд, пример WFP 20к, па KBInvest 20K и итн.?

Не сум правно лице, затоа и прашувам. Благодарам на информацијата и се извинувам за долгиот пост.
 
Последно уредено:
За фондовите скоро и ништо да не знам, не ме привлекуваат баш поради причините што си ги пишал, т.е. провизиите кои изгледаат астрономски. Од друга страна, не верувам дека Македонија гарантира за нашите вложувања во странство, ама ИБКР ми изгледа стабилно.
 
Здраво,

Би сакал доколку некој има информација да ми помогне околу следните две прашања.

После подолго информирање, пред сè од интернет, за отворените инвестициски фондови кај нас, дојдов до заклучок дека тие се всушност активно менаџирани фондови (во странската литература познати како mutual funds).

Главната разлика помеѓу нив и ETFs е во трошоците (пасивно менаџирани фондови). Не само во влезните трошоци, кои ги нема кај ETFs (освен SWIFT и банкарски трошоци што ги плаќаме како резиденти на Македонија, а очекувам да се намалат со приклучување кон SEPA), туку и во годишните трошоци за управување, кои кај нашите фондови изнесуваат околу 2–3% на вкупната маса на фондот. Овие трошоци не се директно прикажани кај инвеститорот, туку се одбиваат од самиот фонд, па индиректно влијаат на приносот.

За споредба, ETFs како Vanguard или BlackRock, кои може да се купат преку IBKR или Trading212, имаат трошоци од само 0.07–0.2% по удел годишно. На долг рок ова претставува огромна разлика.

На пример, MSCI World ETF има скоро исти перформанси како и некои од нашите фондови. Но, поради трошоците од 2–3%, ако индексот во просек на 5 години дава принос од ~12% годишно (линк), нашите фондови реално имаат 9–10% (понекогаш и помалку).

Моите прашања се:

  1. Дали вредноста на уделот во домашните фондови веќе ги има вкалкулирано овие годишни трошоци, или тие се наплатуваат на излез – при конверзија на уделите во пари?
  2. Знам дека најдобра опција ми е да инвестирам преку IBKR или Trading212 во ETFs за трошоци, но прашањето ми е за заштитата на средствата. IBKR е стара и сигурна компанија, но сепак, колкава е реалната заштита?

Според оваа анализа, во Македонија заштитата е максимум 20.000 EUR (Законот за хартии од вредност). - Член 152-ѕ

Значи, дали овие 20.000 EUR важат:

  • за целата сума во IBKR,
  • или посебно за секој фонд (пример, Vanguard IE00B5BMR087 – 20k, Vanguard IE00BK5BQT80 – уште 20k, итн.)? (мое мислење дека ова е случајот)

Исто прашање и за нашите фондови – дали е лимитот 20.000 EUR по инвеститор (независно колку фондови имам) или поединечно по фонд, пример WFP 20к, па KBInvest 20K и итн.?

Не сум правно лице, затоа и прашувам. Благодарам на информацијата и се извинувам за долгиот пост.
https://financialinterest.com/compound-interest-calculator/, Еве за трошоците повизуелен приказ
 
Се осигуруваат само фондовите и брокерите кои се регистрирани во Македонија и се членови на Фондот за заштита на инвеститори под надлежност на Комисијата за хартии од вредност. Лимитот на заштита изнесува до 20.000 евра по инвеститор. Оваа заштита не важи за странски платформи како Interactive Brokers (IBKR), eToro, Degiro и слични, бидејќи тие не се членови на македонскиот фонд за заштита на инвеститори.
 
Здраво,

дали некој направил SEPA трансфер до IBKR? Полето SEPA во налогот не може да се селектира. Се работи за комерцијална банка.
Успешно. Битно е да знаете откако се слушнав со техничка поддршка Ако не ви го дава полето SEPA да го селектирате, да го направите следното:

F12 на Chrome и ќе се активира Developer Tools, потоа со десен клик над refresh копчето и изберете Empty Cache and Hard Reload. После ова треба да може да селектрирате германската банка на IBKR.

Поздрав
Screenshot 2025-10-07 144843.png
 
Последно уредено:
 
Dali vlogovite vo domasni investiciski fondovi se osigurani ?

Влоговите во домашни инвестициски фондови не се осигурени од пазарни загуби. Обесштетување има само ако посредник член на Фондот не може да ги врати парите или хартии од вредност што ги чува за клиентот.

Лимитот е до 20.000 EUR по клиент и по една членка на Фондот. Формула, 100% до 10.000 EUR, 90% од 10.000 до 20.000 EUR, максимум 20.000 EUR.

Опфатени се клиенти на членки на Фондот, како брокерски куќи, банки, и друштва за управување кога управуваат средства за индивидуален клиент.

Имотот на фондовите се чува кај депозитарна банка на посебни сметки и не влегува во имотот на банката, ниту во ликвидациона или стечајна маса.

Ако друштвото за управување изгуби дозвола или оди во стечај, Комисијата пренесува управување на друго друштво, со задолжително предавање на целата документација.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom