Со оглед дека според официјалните податоци на клубската страна, до 70 годишнината на клубот треба да чекаме уште 56 години



( не знам за вас, ама не планирам до тогаш да се мачам со живото и да чекам 70 години јубилеј).
Во досегашните 70 години постоење на клубот( според навивачкото сметање на времето).
Овај е мојот дрим тим, ( тро појќе -надграден и проширен, оти многу се, а заслужват место појќето).
Според моето појќе од 30 годишно гледање на утакмици во живо/тренинзи на играчите шо поминале овде, а тие шо не сум ги начекал во живо преку анализи на снимки од тие олд скул видеа шо со помош на
@bitolcanec_1 успеавме да ги најдиме низ годините, добар дел обезбедени лично од легендата на битолскиот ракомет Боро Чурлевски, на то време немаше УСБ и од ВХС касети преснимвавме, ех времиња беа тие

) .
Голмани: Ванчо Јовановски, Стевче Стефановски, Петар Ангелов. плус мора да го спомнам и Тосето, пример за лојалност кон клубот ( подобар голман за контри фрлање од Тосето до ден денес немам видено, генерално гледано).
Леви крила : Стевче Алушевски, Златко Димитровски, Адем Вукас ( како оса беше, брзина на која можат да и позавидат и ултра брзите денешни крила), од модерно време Дејан Манасков, посебно во офанзивен дел.
Десни крила : Ќамил Фестиќ, Иве Марковски, Александар Мирзамамедов и "МРКИ ( Владимир Темелков. злато вреден и корисен играч)
Пивоти : Александар Зарков ( еден и неповторлив), Иван Шопаловиќ ( звер), Игор Котевски.
Леви бекови: Пепи Манасков, Филип Кузмановски, Стипе Мандалиниќ ( доста критикуван, со право, ама беше страшен шутер дечкото, штета шо не го начека правото време), би го додал на оваа листа и
Томе Петрески, иако по вокација среден бек, ама во тие сезони на најголеми успеси доста покриваше на лев бек, страшен одраз и прецизен шут, без мускули, без сајли на бицепси, трицепси, дечкото имаше ум во глата и то страшно добро го користеше.
Средни бекови: Овде има страшна конкуренција, прв убедливо, секако
Боро Чурлевски, ваков бек и магионичар нема никогаш појќе да се роди, чоеко беше магионичар, синот Филип и внук му Бобан можеа и требаше да продолжат по неговите стапки, и во далеку поскромна форма, пак ќар ќе беше клубот, ама за жал лошо време начекаа за клубот, после одам со
Драган Маринковиќ, легенда, едно време и син му играше ракомет и се проба за кратко во Пелистер, имаше некои движења наследени од старио,
Наумче Мојсоски, нема збор за дечкото, со срце и душа играше за Пелистер и на крај
Кире Поповски, едно време и на лево крило играше, ко беше конкуренцијата јака на средина, ама кај и да играше на терен остај трага, страшно талентиран играч, повредите го спречија да напрај поголема кариера, посебно блескаше тие сезони од 2000-2002, ако не се лажам единствен играч во историјата шо целата кариера ја помина во Пелистер, (мислам дека не сум јанглаш), капа до под за ова, вакви играчи и легенди нема појќе никогаш да се родат, и со пари и без пари, заедно со Ќани, Злате Рамбо и Заре, во најголем дел од кариерите останаа лојални на клубот, и ко немало ќора банка и ко не се знаеше дали клубот ќе има да плати за котизација и ќе продолжи да игра во Суперлига.
Десни бекови : Абдула Јусуфовски, нема збор, локална легенда, па иди после странската легенда Душан Новокмет ( ваков играч појќе нема да видиме, за то време дечкото беше виртуоз, доказ дека кога го играш ракомето со ум, не ти требат 204 см и мускули, ко на денешните бек(чиња), за да даваш голој од 9 метри, ко од мајтап скокаше и даваше голој против такви ведети ко Волкер Зербе, Богдан Вента итн)
и секако Кире Лазаров, можеби и најдобриот десен бек во светот во последните 30 години, ама ако не беше Пелистер прашање е во кој правец ќе му тргнеше кариерата, зошто дечкото на само 18 години го наследи Новокмет и стана главен играч во Пелистер.
Дефанзивци: Игор Николовски- Ќани, Слободан Николиќ ( доста критикован, ама знаеше да мани кослајо)

и Виталиј Пелешенко, грамада од ракометар.
Тренери : Касим Каменица, Никола Јевремовиќ-Гужва и според мене најдобриот и најкомплетниот тренер шо некогаш дошол во Битола,
Богдан Маковеј,

, такви тренинзи се научна фантастика, одвај чекав 6 поручек да дојди и да одам на тренинг да гледам, тие тренинзи беа доктоска дисертација, дури и за денешниот модерен ракомет, огромна штета шо не остана појќе од 1 сезона овде, чуда ќе напраеше, посебно со та надежна екипа од тие сезони со Мојсо, Диви, Мрки, Митков, Ацо Јоноски надополнета со искусните Злате, Ќани, Кире итн...