Што готвите во моментов?

  • Креатор на темата Креатор на темата perez9
  • Време на започнување Време на започнување
Решен сум темава да ја вратам во својот полн сјај како пред 2-3 години и пред да биде запоставена на сметка на бели пецива и сардини во "Што јадете во моментов?"

Тргнав да правам гиро, и додека го динстав месото отидов да зеам некои лепчиња близу до гиро питата и кога оп, направиле тазе сомун турците па така излезе некој си сендвич со свинско салата и помфрит.
Свинското е готвено преку 4 часа.

Прегледај го приврзокот 455762
Прегледај го приврзокот 455763
Прегледај го приврзокот 455764
Домашен донер, јако изгледаТ
 
Тестенини од леќа во домашен сос
Прегледај го приврзокот 455783
Убаво изгледа... Ќе сакаш да напишеш што состојки има домашниот сос?
Автоматски споено мислење:

Треба да јадете повише манџа.
А бурек и ајвар?
 
Последно уредено:
Убаво изгледа... Ќе сакаш да напишеш што состојки има домашниот сос?
Автоматски споено мислење:


А бурек и ајвар?
Земам два поголеми домати, излупени исецкани, ги ставам да се издинстаат од водата, внатре лук, малку пиперка, тиквичка многу тенко исецкана и зачини, сол, бибер, сув кромид, и на крај додавам неколку лажици од водата во која се вареа тестенините, завршувам со коцка путер и малку босилек.
 
Земам два поголеми домати, излупени исецкани, ги ставам да се издинстаат од водата, внатре лук, малку пиперка, тиквичка многу тенко исецкана и зачини, сол, бибер, сув кромид, и на крај додавам неколку лажици од водата во која се вареа тестенините, завршувам со коцка путер и малку босилек.
И пармезан обавезно. ;)
 
Пиши рецепт
Од интернет гледав едноставно е за правење. Се е некако отприлика и по желба. Отприлика 4-5 праски или јаболки може. Се лупат и се сечат по желба обично на осминки. Се редат во мало плехче претходно намачкано со тенок слој путер. Големината на плехчето да биде отприлика еднаква со тањирот каде што ќе го превртиш тартот.Околу 150 гр.карамелизиран шеќер. Путер околу 50гр. се додава во карамелизираниот шеќер за да не загори. На крај се прелива шеќерот врз праските се попрскува со цимет. И се покриваат праските со постела расукано тенко лиснато тесто кое се мачка со жолчки и се наросува со малку шеќер и се пече на 175 отприлика 30 мин. А и ќе заборавев се служи со некаков мус или најдобро со топче сладолед од ванила...
Вака отприлика...
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom