Меѓу еден погрешен избор, втор погрешен избор, трет погрешен избор, и секој нареден погрешен избор...нема(ш) точен избор.
На политичката сцена во „нашата земјата„ имаш само избор од партии и поединци („као„ независни...), а проблемот е во тоа што понудата е очајна, лоша и неквалитетна.
Ако излезам на избори и гласам за извесен лик, кој после неговиот мандат ќе ми рече дека станал „..просечно богат бизнисмен...„, грешката во изборот не е во ликот кој се офајдил, туку грешката е во мојот избор, при избирањето тешка будала која мисли само на својот џеб, не на решавањето на потребите од заедицата, ради што и бил гласан и избран.
Практично не постои лик кој влегол во политката, небитно дали е на ниво‘ од општински советник па до државен функционер, кој „не си то товарил магарето„...