Premier League - 2025/26

  • Креатор на темата Креатор на темата Johnny B
  • Време на започнување Време на започнување

Кој ќе освои?

  • Ливерпул

    Гласови: 25 29,8%
  • Арсенал

    Гласови: 18 21,4%
  • Манчестер Сити

    Гласови: 8 9,5%
  • Челзи

    Гласови: 11 13,1%
  • Манчестер Јунајтед

    Гласови: 16 19,0%
  • Тотенхем

    Гласови: 2 2,4%
  • Њукасл

    Гласови: 0 0,0%
  • Некој друг

    Гласови: 4 4,8%

  • Вкупно гласачи
    84
  • Гласањето е завршено на .
Само Шон Дајч за вас, кога се бориш за опстанок и квалитетот на тимот ти е Чемпионшип нема подобар избор од него :cool:
Среќа наша што немаме копачи за него туку примадони и принцези. :cool:
 
Имаше некои муабети дека Аморим уште во зимата сакал да си оди, ама го убедиле да остане.
Ништо чудно да си замини за брзо самиот.
 
Кој е следен? Покетино? Јужна порта? Какви евергрин утакмици игра некад "најакиот клуб во ПЛ":D
 
Кој е следен? Покетино? Јужна порта? Какви евергрин утакмици игра некад "најакиот клуб во ПЛ":D
Нека си го вратат Оле. Ако се глупираме и резилиме, бар со наши луѓе нека е!
Ова нема бргу да заврши, а ако треба да се простуваат вакви испаѓања, полесно на наш човек би му простиле.
Не дека јас малку и Аморим не го жалам, напротив. Си прекина прекрасна тренерска кариера, со трофеи, радости, за да дојде во мочуриште.
Ако не го стрефи срчка сега во Јунајтед, никад нема.
Автоматски споено мислење:

Вака така, он беше на 40% од топките близу. Со контакти, а и одбрани еден.
Често голманите прават така, ако играчот е паничар и однапред решил кај ќе шутира, пали ова. Отиде неговата доверба у минус, тоа е!
 
Последно уредено:
Само Оливер Гласнер, таман е и он пред излезна порта, ми делува на тренер со авторитет ама и он фура 3 позади а гледам после Аморим нејќете да чуете тоа:ROFLMAO:
 
Овој пат може да се каже и до тренерот е, бидејќи Аморим упорно форсира една иста формација, а гледа дека не иде.
Како во некој time loop е братот, цело време истото го доживува и цело време истата релација да дава. Edge of tomorrow.

Ама и пак глупи трансфери истераа, по не знам кој пат.
Куња имаше една сезона добра само се улетаа по него. Предходните сезони нигде го немаше.
Мбуемо типичен играч за средина на табела.
Шешко стап, треба овој да го храниш ептен со топки. Не ми е се укопува во играта на Јунајтед, кој сака да игра на контри.
Счободно можеше Мектоминеј да си го префрлат на шпиц, истата функција ќе ја имаше и како Шешко и Хојлунд.

А во средина дупка, ништо не купија, а таму им требаат минимум 4ца играчи за да се средат. Ниеден од моменталните не им е асален. Можеби Бруно ама за него треба добро играчи позади, да не се враќа воопшто типот назад.
 
Нека си го вратат Оле. Ако се глупираме и резилиме, бар со наши луѓе нека е!
Ни треба Шкотланѓанец. Или Шкот. Што и да е од Шкотска да е. (не Мојсие)

Овие па сеирџииве, со два стапа тепаат мртво куче. Јунајтед кога го владееше островот и хараше по Европа, пола не биле родени.
 
1756368365533.png


Одма подруг е менталитетот од двеиседумнајста без Санчо со Киндер емБуено
 
Прегледај го приврзокот 454166


Одма подруг е менталитетот од двеиседумнајста без Санчо со Киндер емБуено
Што поразлично зборам сега од тогаш?
Јас не гледам разлика! Инаку тоа е мојот претходен профил, пред да ја спомнам климата. Стојам на кажаното.
 
Не ми е јасно тоа што сите бараат Аморим да го смени начинот на кој го води тимот, да ја смени формацијата. Па Аморим беше донесен за да го игра тоа што го играше во Спортинг. Не е тренер кој се прилагодува на тимот, туку тренер кој има свој начин кој нема да го промени, а може не ни знае да го промени. Кривицата оди само кај тие кои што решиле дека он е вистинскиот тренер за тимот кој го имаат. Јасно беше минатата сезона дека немаат играчи за неговиот начин на игра, требаше уште во мај-јуни да му донесат играчи. Гледам рекол потребни се промени, ама нема 22 играчи да се сменат. А баш тоа им треба на Јунајтед, сите играчи да ги сменат и да изградат нов тим со млади играчи кои ќе сакаат да се докажуваат и да играат за клубот.
 
Овој пат може да се каже и до тренерот е, бидејќи Аморим упорно форсира една иста формација, а гледа дека не иде.
Како во некој time loop е братот, цело време истото го доживува и цело време истата релација да дава. Edge of tomorrow.

Ама и пак глупи трансфери истераа, по не знам кој пат.
Куња имаше една сезона добра само се улетаа по него. Предходните сезони нигде го немаше.
Мбуемо типичен играч за средина на табела.
Шешко стап, треба овој да го храниш ептен со топки. Не ми е се укопува во играта на Јунајтед, кој сака да игра на контри.
Счободно можеше Мектоминеј да си го префрлат на шпиц, истата функција ќе ја имаше и како Шешко и Хојлунд.

А во средина дупка, ништо не купија, а таму им требаат минимум 4ца играчи за да се средат. Ниеден од моменталните не им е асален. Можеби Бруно ама за него треба добро играчи позади, да не се враќа воопшто типот назад.
Бруно го игра на сосема неприродна позиција. Тој е за 10ка не за 6 ка, ама нема кој да изнесе топка, па ајт он на сите страни.
Автоматски споено мислење:

Ни треба Шкотланѓанец. Или Шкот. Што и да е од Шкотска да е. (не Мојсие)

Овие па сеирџииве, со два стапа тепаат мртво куче. Јунајтед кога го владееше островот и хараше по Европа, пола не биле родени.
Јунајтед треба да си го смени начинот на раководење!
Тренери колку сакаш, не мора да се бренд па на домашните навивачи да им покажуваат колку титули освоил!
Ни играчкиот кадар не е лош, туку како во Дахау да се ставени!
Баталете, да не ја загадуваме темата на ПЛ, со тим на кој засега 10 место му е плафон.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom