Ние сме народ со многу поголем степен на самокритика од тие што ги спомна, но за жал ти не го гледаш влијанието и отровот што го истураат соседните пропаганди, затоа ти тоа го препишуваш дека е меѓу македонска пизма, но во многу случаи е плански и со цел.
Остави ти муабети за сантими и чија е меѓата, ти кажи ми дали народот е крив што има навивачи кој за кој поп е во мпц, и дали е тоа исценирано од народот или од меѓународните партнери, ако не подржуваат која е целта да не закрвуваат меѓу себе ако не сакаат?
И на крај, брат, многу бараш од Македонецот да сака нешто што од 2001 навакај го мрази, Васил Ивановски во неговата книга од 30сетите опишувајќи за ситуацијата во Пиринска Македонија употребува една изрека која може денес да ја опише сутуацијата, 'национален гнет' ова го чуствува Македонецот кога ќе ги види нашите политичари како клечат пред албанци, бугари, срби и грци.
Додека е така, додека еден народ не ја чуствува државата за своја, нема ни хигиена ни култура, без чувство за припадност нема ни прогрес, тоа нашите политичари не го разбираат, кога нацијата е болна, болна е и државата.