I Samsonenko prvicno bese dogovor za vo Pelister da vlozi ama vladta togasna ne dozvoli pak.Znaci pak se od Pelister pocnuva.
Тоа беше така, и затоа доби признание почесен конзул да добие имунитет но џабе кога се има појако лоби во вукојебинатам ама па и реално мило ми е дека не сме биле изиграни со неговите мајмунлоци кои ги направе и да бидеме после страм во европа па и од ЕХФ да ни даваат ултиматум несмеете да играте во лига шампиони па затоа дајте им ја титулата на лутиот ривал...
Реално јаки се за преговарање затоа и имаат спонзорски договор со владата и така и издејствуваа да немаат двојазичен дрес рака на срце браво.
Па и незнам оти се лутат ако се кажело тоа... оти да се лутат способни се си можат.
Само тука роговите си ги покажуваат и се трудат писатели да изиграват.
Ај доста е оф топик ќе се налутат уште појќе.
Вечерва за прв пат ќе имаме можност да ги видиме на дело новите играчи.
Гледано од моја перспектива ова година ќе имаме доста подобра одбрана на хартија но дали тоа на терен со работа ќе се покаже ќе си каже времето.
Здраствениот билтен е солиден, вратен е Петар со малку поголеми образи него шо ги имаше кој заедно со братму треба да бидат едни од столбовите на одбраната и со солидна минутажа. Цветан за жал ќе биде уште доста долго надвор од терените додека Самиол ќе биде некаде до почетокот на Ноември шо за жал би бил голем хендикеп ако се знае дека сме само со Жаре (само напад) и со Калед кој претежно е дефанзивно орентиран.
Мирче и Видомски ќе бидат доста солидно освежување на терен тоа ќе се осети од првите утакмици, штета шо Видомски не игра одбрана и истиот ќе мора да се крие. Мирче е многу пргаво дете лани се покажа како добар лидер во 2ката и имаше некој солидни утакмици во дефанзива кога го играа како индијанец но тоа не е мерило кога се гледа втората лига.
Голман уффф тешка дилајла донесовме... Ако му тргне брани ненормално добро но ако го манат бубачките вглава останавме само со еден голман кој според мене треба да ни е алтернатива а не главен голман. Секој респект за Никучо но да треба да го имаме како џокер не да биде цеден на сите утакмици. Тој ефект се виде изминатата сезона кога скоро на сите утакмици бил нервозен (пред се ради притисокот) а тоа не го одликувало него низ годините.
Хенингман не е за коментирање, словенец работник дисциплиниран кој во секој момент ќе го даде максимумот на терен и мило ми е дека го имаме во нашиот тим (штета лани шо не успеавме да го доведеме), не очекувам мн минути да има во напад но ќе имаме со него 5-10 мин во ротација или само за прв бран, има убав скок и солиден шут но не е мн технички поткован.
Вечерва во 18:45 против Тримо Требње симпатична екипа, натпреварот може да го следите на YouTube
ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН РАКОМЕТЕН ТУРНИР ''Крсте Андоновски'' ОХРИД
www.youtube.com