Немој ти мене флоскули и памфлети!
На баба ми брат е загинат во ослободувањето на Берово од бугарските нацисти!
Знаеш што добиле од тој комунизам оти биле обични земјоделци?!
К*р, ништо! Уште земја им зимале и арач плаќале како во турско! Ни здравствено ни пензиско! Граѓани од втор ред!
Буљашите што се бореле под Јорган планина, преку ноќ најголеми комунисти станале!
Да! И другпат сум пишувал за ова..
Велес е мал град, тогаш уште помал.. сите се знаеле...
Најголемите плачковци и подлизурковци, преку ноќ станале "страшни" директори и секретари!!
На неписмена багра им давале пусулче со некоја школа у Кумровец дека имале четврто одделение завршено, за да можат да бидат шефови и началници...
Систем од апаши кои на секои три цигли што ќе ги удреле, една зимале за себе!
Најголемите капиталисти и бугараши после осамостојувањето... беа најголемите довчерашни комунисти...
Сега само со крст, место петокрака!
И ден-денес не можеме да се оправиме од гнојот кој го оставија во земјава...!
Жал ми е за твоите загуби!
Зошто мислиш дека комунизмот како идеологија има нешто врска со бугарските нацифашисти кои го убиле братот на твојата баба?
Сакаш да речеш дека твоите имале многу земја и кога дошле комунистите на власт им ја одзеле за себе или ја поделиле на безземјаши,ако им ја одзеле имаше еден закон од Груикто за денационализација сите бругарски и... успееја да лапнат големи површини, зошто не сте побарале да ви се врати нешто што е насилно одземено!
Плаќале данок ова не ми е јасно дали твоиите сакале да не плаќаат данок а овие им наплатувале тоа ли говориш?
Многу поопасни од неписмените се учени-недоучени, мислат се знаат и многу тешко се излегува на крај со нив.
И така велиш доѓле комунисттите и воспоставиле систем на апаши, добро еве сега се воспостави систем на не знам како би го нарекол ама не мислам дека на народот му е многу подобро.
Во секој систем има аномалии и забегува.
Заради недоволна информираноста настануваат најголемите заблуди.
Оние кои се коминисти не се комунисти за да добијат нешто за возврат туку се комунисти затоа што имаат сон за слобода.
Комунизмот како идеологија е борба за слобода и кога некој ќе тресне дека пропаднал е исто како да му речеш дека му пропаднал сонот за слобода.
Бидејќи е идеја не може да пропанде кога тогаш ќе најде плодна почва и ќе никне, еднаш засадена идеја за слобода никогаш не умира.
И повторно мешаш политички системи со идеологиии, ама не си виновен тоа е намерно направено во '60-тите од минатиот век за да се направи маскировка потребна за нечии планови подоцна вешто спакувани и реализирани.
Марксизмот е само една од технологијиите за разрабтока на борбата за слобода, кој претпоставува економски човекови слободи пред политички, сметајќи дека не може да стане збор за слобода ако претходно нема економска слобода.
Но како што реков голема и широка тема а најчесто многумина површно или никако не ја познаваат ама се експерти да пласираат будалаштини за кои не верувам дека се свесни.