Да, ама не купив стан туку куќа, и веќе е крената цената на куќата во рок од една година за 10%, ама не планирам да ја продавам.
Па, затоа што населението од државава едноставно го снемува, не забележуваш? Не читаш? Нема луѓе да има во државава, во 1990 година бевме 2.07 милиони, сега сме под 1.8 милиони граѓани во државава, кој ќе работи овде и кој ќе ја одржава економијата кога сите млади ќе си заминат?
Јас сум 25 години, од друштво што бевме 10-12 сега сме уште 4-5 овде во Македонија и пола од нас што сме овде работиме за странски клиенти, верувај да неможевме да работиме за странски клиенти и ние сигурно ќе му ја дувневме.
Дали знаеш, дека секоја година се запишани се помалку и помалку. Во Битола, запишани се 550 првачиња (претходната година 700), во Прилеп исто така за 200-250 помалце, некој дури си заминуваат откако ќе се запишат (сигурно родителите чекале документите да им бидат спремни), значи имаш колективен егзодус на фамилиите. Скоро со сите што имам правено муабет, никој скоро не сака да се врати овде да живее повеќе, а и зошто би се вратиле, кога со 2 плати во Германија/Данска/Финска/Австрија/Норвешка/Холандија можат да си дозволат и дом, автомобил, алишта, 2 одмори, храна и едноставно да водат добар и присотен живот. И тие мислиш дека ќе се затрчаат и ќе купат стан Скопје?