Кој е најголемиот успех на македонската политика од осамостојувањето?

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.420
Поени од реакции
35.087
Возраст
40
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.kajgana.com
Често зборуваме за неуспесите, за скандалите, за краховите… ама, ајде да погледнеме и од другата страна. Има ли некаков успех на македонската политика? Ако има, кој е најголемиот политички успех што Македонија го постигнала од 1991 година до денес?

- Дали е тоа Преспанскиот договор?
- Или можеби признавањето од над 100 земји под името Македонија?
- Можеби зачленувањето во НАТО?
- Нешто сосема друго?

Некако ретко знаеме да кажеме „ова го направивме како што треба“. Ајде да пробаме.

Што е тоа што сметате дека државата (или некоја власт) го направила вистински добро и зошто?
 
Najgolem uspeh e sto ovaa drzava seuste postoi.
Od osamostojuvanjeto imame kapitulacija vo 2001, promena na ime i identitet na smetka clenstvo vo Nato, siromastija, masovno iseluvanje, korupcija i partizacija vo site nivoa i sme zaglaveni vo lavirint za navoden vlez vo EU nekogas.
 
130 земји ја признаа Република Македонија под уставното име, меѓу нив САД, Кина и Русија. Од поважните земји фалеа тие од ЕУ (во најголем дел) а другите беа горе долу небитни или што сме немале дипломатски односи. Тоа да го пуштиш од рака е лудост. Влез во НАТО до некаде ама не по цена на Преспанката капитулација.

Опстанок како држава нормалн да, ама ако ја видиме состојбата на државата не знам колку успех е резултатот на тој опстанок.
 
Би рекла членството во НАТО, бидејќи тоа ја гарантира безбедноста и стабилноста на државата. Но, тоа не го гледам како личен успех на господинот Зоран и сдс, затоа што нивните неуспеси беа толку големи што не можевме вистински да се израдуваме на ова достигнување.
 
ВМРО победи, не го даваме името (ЌЕ го вратиме назад)! Ова е најголем успех.

Македоња цела да е! :pos:

Се радуваме кога некој ќе не каже само Македонија и за тоа се шири огромна фама.
 
Би рекла членството во НАТО, бидејќи тоа ја гарантира безбедноста и стабилноста на државата. Но, тоа не го гледам како личен успех на господинот Зоран и сдс, затоа што нивните неуспеси беа толку големи што не можевме вистински да се израдуваме на ова достигнување.
Членството на НАТО ќе го ставам во неуспех.

Ај што сменивме индититет ама на сметка на што? Зимање 2% од БДП за непотребни работи.
Кој ќе не нападне нас па НАТО ќе не брани? Сите околку нас се во НАТО, нема смисла некој да не напаѓа. Нас ќе не изедат од внатре, а не од надвор. А НАТО не се меша во внатрешните конфликти.

Требаше да си држиме некоја средина меѓу западот и истокот.
 
Најголем успех на Македонија е 4 место на Првенството во кошарка на Европа.
Прв и последен пат ми беше мило и се чувствував горд што сум од Македонија.
Политиката ни е чист дебакл, нема ниеден успех, саде катастрофи!
 
Членството на НАТО ќе го ставам во неуспех.

Ај што сменивме индититет ама на сметка на што? Зимање 2% од БДП за непотребни работи.
Кој ќе не нападне нас па НАТО ќе не брани? Сите околку нас се во НАТО, нема смисла некој да не напаѓа. Нас ќе не изедат од внатре, а не од надвор. А НАТО не се меша во внатрешните конфликти.

Требаше да си држиме некоја средина меѓу западот и истокот.
Внатрешните проблеми нема да ни ги реши НАТО, ама ни дава меѓународна стабилност, што за мала држава како нашата е големо значење. Точно е дека сите околу нас се во НАТО, затоа е и клучно и ние да бидеме дел од тој сојуз, во спротивно ќе сме изолирани и ранливи.
 
Членството на НАТО ќе го ставам во неуспех.

Ај што сменивме индититет ама на сметка на што? Зимање 2% од БДП за непотребни работи.
Кој ќе не нападне нас па НАТО ќе не брани? Сите околку нас се во НАТО, нема смисла некој да не напаѓа. Нас ќе не изедат од внатре, а не од надвор. А НАТО не се меша во внатрешните конфликти.

Требаше да си држиме некоја средина меѓу западот и истокот.

Изгледа од Србија не бранат, зошто единствено тие не се во Нато од соседниве држави :pos:

Моментално даваме скоро 300 милиони евра годишно како придонес за Нато, замислете колку авиони за гасење пожари пожарни и амбулантни возила и опрема за медицинските установи може да се набават со тие пари - ама не ние ќе спонзорираме воена машинерија.

Влегувањето во Нато не е никаков успех, тоа е најголем дебакл според мене
 
И без НАТО ни треба армија значи секако пари се даваат. Успехот не лежи во тоа што сега сме безбедни кога цела држава е нестабилна, туку дека сме интегрирани во западна структура. За мала држава како Македонија членстово во НАТО ни дава повеќе тежина од што имаме реално. Тоа што не знаеме да го киристиме е друга тема. Би зел само примерот Бугарија и ЕУ. Им се подзмеваме ама знаат таа алатка да ја користат против нас. Али пак ќе речам, цената беше превисока и се даде погрешен приоритет. Од тоа патиме, не способни политичари без вредности и визии. Целта има беше НАТО по секоја цена да да си ги припишат тој „успех“ за нив.
 
Абе ние ја немаме таа величина па да се луксузираме со политичка неутралност, што ви е?

Не ни е виновен нас НАТО што немаме пожарникари и болници, туку начинот на кој нашите политичари ги трошат парите.
 
НАТО, па како можете бе?
Само сетете се на Славјанка кога и свиреа како на свадба и Шекерка, бљак...
Автоматски споено мислење:

И без НАТО ни треба армија значи секако пари се даваат. Успехот не лежи во тоа што сега сме безбедни кога цела држава е нестабилна, туку дека сме интегрирани во западна структура. За мала држава како Македонија членстово во НАТО ни дава повеќе тежина од што имаме реално. Тоа што не знаеме да го киристиме е друга тема. Би зел само примерот Бугарија и ЕУ. Им се подзмеваме ама знаат таа алатка да ја користат против нас. Али пак ќе речам, цената беше превисока и се даде погрешен приоритет. Од тоа патиме, не способни политичари без вредности и визии. Целта има беше НАТО по секоја цена да да си ги припишат тој „успех“ за нив.
Членството на Бугарија и Романија во НАТО и ЕУ знаеме зошто е, ние сме сосема друга димензија, не е за споредување.
 
Македонија во политика ти е како Сан Марино во фудбал, на сите политички полиња не шибаат ама пак упорно играме само да бидеме присутни, исто како и кај нив и кај нас со "струката" се бават аматери од типот на келнери, шанкери, овчари, плакатолепачи, водоинсталатери и по некој терорист.
Не знам кој е најголем успех ама после менување знаме и име секој успех изгледа минорен.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom