Политички случувања во Македонија - Генерална дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување

Дали очекувате дека новата власт и новата Претседателка ќе го ревидираат Преспанскиот договор?

  • Вкупно гласачи
    291
  • Гласањето е завршено на .
Слуга на дворот и Ванчо, и за жал многу од таквите Ванчовисти Македонија не само што згрижи туки ги изнапика на функции, нема еден од тие што не бил соработник на удба, додека тие што беа со народот завршија многу лошо, како Брашнаров, Рацин и тн.
Денес ние Македонците патиме од внуците на михајловистите, тоа треба да се мавне од висока политика.
Небитно. Тврдењето дека е Бугарин е исто толку издржано како јас сега да тврдам дека Амди Бајрам бил Јужен Словен, оти имал југословенско државјанство.
 
Небитно. Тврдењето дека е Бугарин е исто толку издржано како јас сега да тврдам дека Амди Бајрам бил Јужен Словен, оти имал југословенско државјанство.
Амди Бајрам ја запали Американската амбасада, тито би се гордеел :lolzz: :ROFLMAO:
 
IMG_1242.jpeg

A нашите шо нѐ слушаат нема везе?
 
SEPA ефект.

Трите најголеми банки најавија намалување на надоместоците за платни услуги

Трите најголеми банки во земјава наскоро ќе објават нови тарифници со намалени надоместоци за извршување платни услуги − најави гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, во интервју за емисијата „Трилинг“. Оваа позитивна најава следи по интензивниот дијалог што Народната банка го води со банкарскиот сектор за унапредување на пристапот на граѓаните до поефикасни и до подостапни услуги.

Како дел од заложбите за зголемување на ефикасноста во платниот промет, Народната банка неодамна направи важна промена во моделот на работење на системот за порамнување на меѓубанкарските плаќања – МИПС. Со воведувањето нови правила и со намалувањето на трошоците за користење на овој систем, банките ќе остваруваат значителни заштеди.

„Нашата интервенција во МИПС ослободи значителен износ на средства кај банките и го намали нивниот оперативен трошок. Со ова се создаде простор за пренесување на дел од тие заштеди кон клиентите, преку намалување на надоместоците – нешто што веќе го гледаме како резултат“, изјави гувернерот Славески.

Тој посочи дека Народната банка, иако е регулатор, води постојан дијалог со банкарскиот сектор и делува и како партнер, со цел да се унапредат услугите и да се зголеми задоволството кај корисниците.

„Разговараме со банките да одиме и чекор подалеку – кон разумна и општествено одговорна политика на тарифи. Тоа не е само во интерес на клиентите, туку и на банките, коишто преку вакви потези ги зајакнуваат сопствениот углед и довербата кај јавноста“, изјави гувернерот Славески.

Народната банка и натаму ќе ја поттикнува конкуренцијата и модернизацијата на платниот промет, а со либерализацијата на пазарот се очекува уште поголем притисок за намалување на трошоците за граѓаните и за деловната заедница.

„Позитивните сигнали што веќе ги добиваме се резултат на нашиот пристап заснован на аргументи и партнерски дијалог со банкарскиот сектор. Очекуваме дека наскоро и останатите банки ќе ги следат овие примери“, додаде гувернерот.

Народната банка и во иднина ќе биде посветена на создавањето регулативна рамка којашто ќе поттикне развивање на квалитетни и ефикасни финансиски услуги достапни за сите граѓани и компании во земјава.
 
Ima li najava za vlez na PayPal vo Makedonija?
Уште нема ништо ново. После влезот во SEPA, засега само Paysera, IutePay и Apple Pay (официјално од денес) се влезени на македонски пазар.
 
Не знам зашто....:cautious:....ама ‘воа ми наликуе на укинувањето на РТВ претплатата од страна на Зоќета....и подоцнежно нејзино неколкукратно преплаќање по куп други основи...од нашите џебови, нормално.
 
Нема врска, државата и финансискиот сектор полека влегува во една нова ера на дигитализирано општество каде зголемената конкуренција ќе си го направи своето и ќе придонесе кон поефтини и поквалитетни услуги за граѓаните. Кога нема конкуренција е лошо, тогаш се остава простор за како што велиш "преплаќање по куп други основи".
Автоматски споено мислење:

МВР поднесе кривична пријава против Фатмир Дехари, дозволил да се формира дива депонија во Кичево

Во 2020 година, градоначалникот на Киево, Фатмир Дехари, дозволил да биде формирана дива депонија на повеќе илјади квадратни метри во населена зона во Кичево, за која давал задолженија на вработени секојдневно да складираат, оставаат или расфрлаат отпадни материи, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

„ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Ф.Д.(51) од кичевското село Србица, градоначалник на Кичево, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „несовесно работење во службата“ и „загрозување на животната средина и природата со отпад“. Тој, постапувајќи несовесно при извршување на своите законски обврски и невршење должен надзор, од 2020 година, работел спротивно на одредбите од Законот за управување со отпад и Законот за заштита на животната средина, дозволил да биде формирана дива депонија на повеќе илјади квадратни метри во населена зона во Кичево, за која давал задолженија на вработени секојдневно да складираат, оставаат или расфрлаат отпадни материи“, наведено е во соопштението на МВР.

Дехари, како што тврдат во МВР, давал задолженија на вработени, со отпадните материи да постапуваат на начин со кој се менува квалитетот на воздухот, почвата, водата или водотекот, во мера што може да ги влоши условите за живот на луѓето или животните и растенијата со што, го загрозил нивниот опстанок.
 
Последно уредено:
Нема врска, државата и финансискиот сектор полека влегува во една нова ера на дигитализирано општество каде зголемената конкуренција ќе си го направи своето и ќе придонесе кон поефтини и поквалитетни услуги за граѓаните. Кога нема конкуренција е лошо, тогаш се остава простор за како што велиш "преплаќање по куп други основи".
Автоматски споено мислење:

МВР поднесе кривична пријава против Фатмир Дехари, дозволил да се формира дива депонија во Кичево

Врие во Кичевско од диви депонии. Засрамота. А онаа во Иванидол е врв корне цел град навреме.
 
Врие во Кичевско од диви депонии. Засрамота. А онаа во Иванидол е врв корне цел град навреме.
Леле, абе цела држава е депонија, до кај стапнал човек насекаде е ѓубре.
 
Врие во Кичевско од диви депонии. Засрамота. А онаа во Иванидол е врв корне цел град навреме.
Не е Иванидол, На местото на поранешен Керамички комбинат (обележано со црвено) е депонијата.
Screenshot 2025-07-29 193325.jpg
Ако некој е засегнат тоа се Коњски Ливади и се надолу према Карпош
Иванидол кур не им чуе.
 
Нека издржат Кичевчани храбро, уште малку, после ѓубрето ќе го носат во Пелагонија, нашата ни најплодна почва, каде што нашиве мастермајндови решија да прават регионална депонија.

И не се секирајте... Ние ѓубрето ќе го дишиме...Ама вие, ќе го јадете....Можеби не директно, малку преработено....
 
Регионалната депонија Новаци е меѓународен проект кој треба да го реши прашањето за цела Југозападна Македонија.
А местото што е одбрано изгледа вака
Screenshot 2025-07-29 200005.pngScreenshot 2025-07-29 200030.pngScreenshot 2025-07-29 200047.pngScreenshot 2025-07-29 200216.pngScreenshot 2025-07-29 200238.png

Местото е на 1км од РЕК Битола.
Ако ова тебе ти е Пелагонија тогаш мене ми е Бангладеш.

Не сомнено од цел регион го одбрале тоа место. Сигурно затоа што се садат патлиџани таму.... Или така ви одговара да лајте на све и свашта
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom