Астрономите (кои сли се тие?...) и Црквата (која поточно?...) можеле своевремено да кажат било што како нивна вистина и сето тоа да биде само обична шпекулација.
Дури и Коперник, таткото на хелиоцентризмот, не можел да го потркепи своето убедување за сонцецентричноста од Сончевиот систем, освен да верува во своите недокажани шпекулации.
Истото се однесува и на Брахе и на Кеплер, кои развиваат планетарни модели по својот памет (читај-шпекулации) а не по (за тоа време) докажливи нешта.
Случајот со Ератостен е дискутабилен, оти Ератостен да мерел сенка од стап забоден и на рамна и на заоблена земја, пак би добил ист резултат-разлика во должините од сенките од стапот и во двата случаи.
Самиот практично признаваш дека Колумбо сторил пресметковна грешка, што не е чудно, оти тој пресметувал шпекулативно, со однапред поставени „влезни податоци„ (погрешни!) па ништо чудно ако на патот му се „испречил„ цел непредвиден континент, а не посакуваната Индија...
Морепловците со векови и милениуми не знаеле за „топчеста„ Земја токму ради навигацијата по ѕвездите и по тогашните дводимензионални мапи на тогаш познатиот Свет.
Проблемот со Црквата не бил топчестата Земја, туку догматски дека Земјата не е центар на светот (универзумот), дека Земјата се врти околу Сонцето, и дека има и други планети и месечини освен нашата!
Затоа и Галилео имал највеќе проблеми...
Освен Коперник, за кој се слагам дека повеќе шпекулирал.. Тихо Брахе, Кеплер и Галилео плус еден тон непознати црковни астрономи... лесно увиделе дека календарот рачунат на епициклични модели кој датирал уште од античка грција е погрешен! Секоја година рамноденицата каснела за малку! Имало неточности во предвидувањето на Венера (ѕвезда Деница) и Јупитер (го рачунале како лутајуча ѕвезда).
2000 години до тогаш ги пимплале тие Птоломееви епициклични модели, и освен што биле искомплицирани до максимум, очито биле и грешни.
Сето тоа многу полесно и поприродно можело да се објасни со Хелиоцентричен модел.
Ако Коперник шпекулирал (иско додуша имал и делумна математичка потврда)
Тихо Брахе бил екстремно прецизен во следење на ѕвездите, и со астрономски потврдени/измерени набљудувања докажал дека Планетите се всушност тие кои се вртат околу Сонцето. (а Сонцето околу Земјата

! Да! Имал типот проблем да прифати целосно Хелиоцентричен модел)
А за Галилео и Кеплер, нема потреба да трошиме зборови овде...
Е сега ова е повеќе за наука, астрономија и Црквата...
Да се вратиме во 15-ти век, и морепловците!
-Прво и основно забележале дека во далечината прво исчезнува трупот на бродо, па едрата и јарболите!
-Ако се качиш на јарбол, ќе видиш подалеку.
- Ако пловиш на север, Северницата е се повисоко и повисоко на небото.
-и познатите ѕвезди или се искачуваат, или потонуваат на хоризонтот!
Јес да не знаеле математика како погоре спомнативе ликови.. ама добро знаеле дека Земјата е топчеста!
И со помош на Ератостеновиот метод, мање-више го утврдувале и радиусот.
Нормално некој ќе згрешел (како Колумбо), ама суштината е дека знаеле..