- Член од
- 22 јануари 2005
- Мислења
- 980
- Поени од реакции
- 4
Времето е се` подинамично, а и се` поисполнето со искушенија и предизвици. Се менуваат вредностите, се менува начинот на живеење, се бара многу повеќе напор и напрегање. Нашиот мозок не секогаш може тоа да го издржи и да му одолее на тој притисок. Понекогаш, чувствуваме дека имаме проблем (па, дури и самите со себеси) кој не може да се реши тука-така, зашто не е од физичка природа ниту зависи од некој друг или нашата околина.
Потребна ни е помош, но не од психијатар, зашто сме „забегале” и треба да пиеме апчиња, ами од човек кај кој ќе одиме и ќе му ги раскажеме нашите проблеми, а тој ќе ни даде совет. Тоа би требало да биде психологот.
Им верувате ли на психолозите? Би отишле ли кај нив? Можете ли со нив да направите муабет како со најдобиот другар, а тој да ви даде стручен и издржан совет? Сте биле ли некогаш? Би отишле ли?
Лично, немам предрасуди. Можеби ја имам (не)среќата да имам пријатели од таа бранша, па да ги „искористам” и професинално, но до сега немам отидено да побарам „стручна” помош. Пак ќе речам - можеби искористувајќи ги моите другари на кои тоа им е професија. Сепак, не би се колебал некогаш да отидам, иако единствениот момент и елемент кој би ме ставил на мисла е нашиот менталитет (сељачки коментари од типот: „полудел, оди по психолози да го средат”, кои само додатно би ме изнервирале, не дека ми е гајле за нив), но многу повеќе неверувањето во стручноста на некои кои залутале таму, а кои утре може да ме раскажуваат и да не ја почитуваат дискрецијата на клентот.
Какво е вашето мислење и евентуалните искуства?