Рапиден раст на цена на недвижности .

  • Креатор на темата Креатор на темата Misioner
  • Време на започнување Време на започнување
Да знаете дека ако некоја инвестиција понекогаш губи вредност не е полоша од некоја што никогаш или многу ретко губи вредност. Бајасот се вика Лос авержон. Тоа се учи на бихејвирола економикс.
 
Пред 2020-та беше правото време за купување. Комшивката во зградата во која живеам ги дуплираше парите за 3 години. Го купи станот за 70.000€ 2020-та во изградба, го продаде празен за 130.000€.

Ако комшивката живеела во тој стан, не ќарила ништо, во најдобар случај на нула е. 70.000 еур пред 2020 ќе ти купи исто за 130.000 во 2025. Ако го купила да го рента и после да го продаде со капитална добивка, тогаш е друго.
 
Како го пресмета ова?
 
Како го пресмета ова?

Купен стан за 1000 еур квадрат пред короната сега кошта 2000 еур. Ако сум платил 100.000 еур во 2020 сега ќе го продадам за 200.000 еур и ќе треба да барам нов од 100 квадрата. Под претпоставка дека не сакам да си намалам квалитет на живот во поутепана населба за да искочам “ќар”, морам да најдам 100 квадрата у комшии илити, оние 200.000 што ги ќарив. Е сега ако одлучам да ги инвестирам у нешто а у меѓу време да спијам на клупа, онда да, се исплати.
 
Твојата претпоставка тргнува од тоа дека пак ке купи стан. Пишав дека продаде празен стан. Очигледно, има каде да живее.
 
Твојата претпоставка тргнува од тоа дека пак ке купи стан. Пишав дека продаде празен стан. Очигледно, има каде да живее.

Ти ме праша за математиката. Јас и во претходен пост пишав, ако не живее тој стан има кеш пара тогаш. Ако живеела во тој стан, а нема друг тогаш е глава за глава.
 
И овој муабет е така често правен пред кооперации исто ко што меурот ќе пукне, ама тоа меурот стана цепелин у меѓувреме и абер нема од пукање. А кој да ти даночи? Па тие што треба да даночат имаат највеќе имоти, тоа си е пукање у колено, никогаш нема да се случи.
Те допира даночењето, па ќе го сведуваш на коперација.
 
Куманово одамна е заминато се цените, кој купи-купи. 1590€ за метар квадратен ако сакаш да си по центар, и да купиш стан од фирма која има саглам репутација. 1€ попуст не даваат за плаќање во готово, макар и 2 стана купил, на ископана дупка половина зграда ја продадоа. Македонија да е паметна, би го развила Свети Николе како што треба. Направија автопат, 45 минути возење од центар на Скопје, би имало ефтини станови.
Во Св Николе треба да се работи, батали тоа!
Светиниколчани не за џабе збришаа со време!
Шала настрана, таму има услови скоро за се', освен вода!
Наскоро се планира и регионалната депонија, така да тука е шансата!
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom