Другари не можам да ја поврзам поракава, но имам некој сличен проблем па сакам да пишам тука, се уште не сум бил на механичар..
Се работи за автоматик мерцедес каде што приметувам дека колата брзините ги менува чудно, како што кажува членот „менувачот да се мисли“ пред да ги смени, ова најчесто се случува во гужви кјаде што се вози побавна брзина, вртежите се помали, да речеме еквивалент на прва-втора брзина.
Ајде го разбирам наутро колата кога не е загреана и додека возиш да му треба малце време да се приспособи па го чувствуваш менувањето на брзини што го прави самиот автоматски менувач, ама ти да возиш 300км и потоа влегуваш во град и да има такво чувство е малце чудно.
Ќе ги опишам симптомите (ќе се обидам), а сменето е улје патем со доста квалитетно улје liqui moly. Се плашам да не полека веќе автоматскиот менувач му иде крајот.
Пример:
Колата тргнува 20/ч потоа на 10метри сопираш, и повторно тргнуваш со иста брзина но сега брзината ја зголемуваш на 40. Менувањето на менувачот во поголема брзина се чуствува како да потскокнува што дава мало тресење на колата додека ја прави промената на брзина. Чувството е како да не е глатко менувањето на брзината туку како зупчаникот да се буни и му треба време да ја изврши промената.