Здраво, вујко ми има поднесено за пасош преку дедо. Како документ има воена книшка. Но тој имаше поднесено со копија заверена на нотар, а оригиналот беше кај негов внук. После се појави статус дека го бараат оригиналот најкасно до мај месец, и пуштавме молби дека е кај внукот. Сега пред некој ден заврши процедурата на неговиот внук и со уште една молба ја приложивме и книшката. Сеуште нема одговор.. Стои истиот статус.. Дека треба да се однесе оригиналот до Мај. Дали имал некој вакво искуство и дали има шанси да добие, иако задоцни и сега во Јули ја даде книшката оригинал?