Ајде ајде да не се правиме слепи и луди при очи.Не шутирал куче, туку со стап го тепал само затоа што му се помочало пред капија. Реално, требаше да добие 3 месеци затвор, тепање со стап и куче да му се помоча на модриците и црвенилото. Едноставно нема оправдување за изживување врз недолжни животни само затоа што ти се може. Едно е самоодбрана, друго е ова овој што го направил.
Многу добро знаеме дека свесно се манипулира со изразот заштита на животни а всушност се мисли само на кучиња и мачки. Животни се и кокошки, кози, свињи, коњи, срни, елен, риби и така натаму. Секојдневно милиони од нив се убиваат за да се прехраните и најадете. Дали свесно треба и ти да одговараш зашто јадеш убиено животно? Сигурно тие животни не се убиваат со молење ајде златичко на тета дојди да те убијам и спакувам во конзерва. Зошто куче и маче имаат посебен третман и се кренати до статус на божество?
Зошто на социјалните мрежи секодневно се апелира да се убиваат инсекти кои се тотално безопасни од истите тие што се згрозуваат на убиство на куче? Буквално каде живеам е полно со кучиња уличари. Уринираат серат по цел ден. Глутници дури и агресивни. На многумина им е страв да поминат навечер да не бидат каснати или нападни.Никој не смее да ги пипне затоа што кучкарстото лоби стана посилно и од банкарското.
Што правиме со ова? Кој да одговара за ова? Кој да лежи затвор за ова?
Македонија
Во центарот на Скопје глутница кучиња нападнале 50 годишен маж
Автоматски споено мислење: