Брза пруга и проектот Вардарска долина

  • Креатор на темата Креатор на темата Imtechiquemk
  • Време на започнување Време на започнување
  • Истакнато

Министерството за транспорт и врски сака во долината на Вардар да гради двоколосечна брза пруга, каде веќе егзистира автопат, а тука треба да се гради и проектот Вардарска Долина со 12 хидроелектрани.

Експертите со тотално спротиставени станови од оние на министерот, кој најавува дека со трасата ќе биде избегнати објектите од А категорија.
 
Колку што читав, луѓето упатени во железница се против изградбата на брза пруга. Аргументираат дека брза пруга ке чини премногу пари кои потоа никогаш нема да можат да се вратат како бенефит од пругата. Имало премалку стока која се транспортира по пругата, ради угорници ке требало да се возат празни композиции.... и наместо изградба на брза пруга предлагаат модернизација на постојната пруга, исправање на некои кривини со што би се добило во брзина и.т.н. што како краен резултат ке има тоа да разликата во брзина на постојната пруга со брзата пруга на релација куманово- гевгелија биде некои 5 до 10 минути, односно ако возот се движи по постојната пруга од Куманово до Гевгелија би бил побавен само за 5 до 10 минути. Затоа сметаат дека изградбата на брза пруга е економски неисплатлив проект, ке се потрошат многу пари а од тоа нема да имаме никаков бенефит.
По мене, од тоа што имам читано, превагнуваат аргументите против изградбата на брза пруга, подобро со малку пари да се среди постојната пруга која во принцип ги задоволува сите потреби од железнички транспорт, а со парите наместо брза пруга да се изгради некој друг капитален објект, пример чебрен-галиште, системи за наводнување....
Вардарска долина звучи убаво но незнам колку тоа е реално изводливо односно незнам дали има некоја пресметка колку пари тој проект би чинел и секако дали и кај србите има намера да еден таков проект се реализира па дунав и солун се спојат по пловен пат... мислам дека е утопија.
 
експертите се јавија :kafence: наредно ќе речат и чебрен не е исплатлив и дека е трошење пари узалуд.
 
Го прочита текстот од експертот или само нешто да пишеш ради реда ? Не е строго против градење на пругата, само смета дека трасата треба да се измести поисточно за да не се загрозат потенцијалните хидроцентрали кои се од поголемо значење

1.jpg

Може да се заклучи:

1. Ако остане старата траса треба да се откажеме од проектот „Вардарска Долина“ и сите бенефити што тој ги нуди.

2. Детелна оцена и мислење на оваа проблематика треба да даде: Градежен факултет – Скопје, Министерство за енергетика и екологија и МАНУ.

3. Француските скперти кои реаботеа на физибилити студијата „Вардарска Долина“, дадоа мислење дека новата траса треба да се измести надвор од долината на Вардар на исток.

4. Дефинитивната одлука треба да биде потврдена од Советот за безбедност кој е под директна ингеренција на претседателот на државата.

5. Предлог решение за источна траса на новата пруга
 
Ми фалеа вакви дискусии на форумов, ја ставив темата во Истакнато.
 
Го прочита текстот од експертот или само нешто да пишеш ради реда ? Не е строго против градење на пругата, само смета дека трасата треба да се измести поисточно за да не се загрозат потенцијалните хидроцентрали кои се од поголемо значење

Прегледај го приврзокот 450915

Може да се заклучи:

1. Ако остане старата траса треба да се откажеме од проектот „Вардарска Долина“ и сите бенефити што тој ги нуди.

2. Детелна оцена и мислење на оваа проблематика треба да даде: Градежен факултет – Скопје, Министерство за енергетика и екологија и МАНУ.

3. Француските скперти кои реаботеа на физибилити студијата „Вардарска Долина“, дадоа мислење дека новата траса треба да се измести надвор од долината на Вардар на исток.

4. Дефинитивната одлука треба да биде потврдена од Советот за безбедност кој е под директна ингеренција на претседателот на државата.

5. Предлог решение за источна траса на новата пруга

Коридорот е тој, каде што се предвидеми траси таму се гради.
 
Море...француските експерти ќе кажат се‘ пофално за „Вардарска....„ затоа што во ‘90-тите беа практично единствени кандидати за изведувачи на предвидените брани..а проектот „Вардарска....„ е нивен, нормално!

Домашните хидро-експерти пак, велат дека Вардар е „тапа„ од река, која нема доволно количина вода ради самата себе, а не пак количини од вода за акумулирање на дузина брани на самата река!

Се обидувам да ја замислам „нашата земјата„ во сите изведени брани и акумулирани езера...ќе наликува/ме на „шака„ земја која „напола„ пресечена со голем низ од ситни акумулациии....нешто како Дњепар во Украина....

За расселувањето на населението од местата кои ќе бидат потопени, а не прајме муабет! Небаре МакедоЊа е земја од миљон квадратни километри па ќе се „шетаме„ наоколу, како ќе ни прдне!

А за „брзата пруга„ е уште поголема смејурија, оти според умо‘ од премиеро‘, пругата треба да ја градиме ради стратешките потреби од „косооките„ а ние да им ја платиме!

Отидов да се отрујам...
 
експертите се јавија :kafence: наредно ќе речат и чебрен не е исплатлив и дека е трошење пари узалуд.

Секогаш треба да се има на ум дека прекупец на пипер од струмичко Муртино им обеќаше Формула 1 стаза и канцеларии од Гугл и Фејсбук .
 
Колку што читав, луѓето упатени во железница се против изградбата на брза пруга. Аргументираат дека брза пруга ке чини премногу пари кои потоа никогаш нема да можат да се вратат како бенефит од пругата. Имало премалку стока која се транспортира по пругата, ради угорници ке требало да се возат празни композиции.... и наместо изградба на брза пруга предлагаат модернизација на постојната пруга, исправање на некои кривини со што би се добило во брзина и.т.н. што како краен резултат ке има тоа да разликата во брзина на постојната пруга со брзата пруга на релација куманово- гевгелија биде некои 5 до 10 минути, односно ако возот се движи по постојната пруга од Куманово до Гевгелија би бил побавен само за 5 до 10 минути. Затоа сметаат дека изградбата на брза пруга е економски неисплатлив проект, ке се потрошат многу пари а од тоа нема да имаме никаков бенефит.
По мене, од тоа што имам читано, превагнуваат аргументите против изградбата на брза пруга, подобро со малку пари да се среди постојната пруга која во принцип ги задоволува сите потреби од железнички транспорт, а со парите наместо брза пруга да се изгради некој друг капитален објект, пример чебрен-галиште, системи за наводнување....
Вардарска долина звучи убаво но незнам колку тоа е реално изводливо односно незнам дали има некоја пресметка колку пари тој проект би чинел и секако дали и кај србите има намера да еден таков проект се реализира па дунав и солун се спојат по пловен пат... мислам дека е утопија.

Постојната пруга Куманово-Скопје-Гевгелија е праисториска и никави крпеници не можат битно да ја подобрат! Низ светов се практикува градење двојни пруги/колосеци, ради нивната голема пропусна моќ, а старите пруги напросто или се напуштаат и се распаѓаат по природен пат или се демонтираат или се користат како секундарни траси.
Автоматски споено мислење:

Секогаш треба да се има на ум дека прекупец на пипер од струмичко Муртино им обеќаше Формула 1 стаза и канцеларии од Гугл и Фејсбук .
За ликој со провинциско-селско-шибицарски ум, сите нешта се можни....па и патека за „Формула 1„ во земја која е системска фекалија...
 
Море...француските експерти ќе кажат се‘ пофално за „Вардарска....„ затоа што во ‘90-тите беа практично единствени кандидати за изведувачи на предвидените брани..а проектот „Вардарска....„ е нивен, нормално!

Домашните хидро-експерти пак, велат дека Вардар е „тапа„ од река, која нема доволно количина вода ради самата себе, а не пак количини од вода за акумулирање на дузина брани на самата река!

Се обидувам да ја замислам „нашата земјата„ во сите изведени брани и акумулирани езера...ќе наликува/ме на „шака„ земја која „напола„ пресечена со голем низ од ситни акумулациии....нешто како Дњепар во Украина....

За расселувањето на населението од местата кои ќе бидат потопени, а не прајме муабет! Небаре МакедоЊа е земја од миљон квадратни километри па ќе се „шетаме„ наоколу, како ќе ни прдне!

А за „брзата пруга„ е уште поголема смејурија, оти според умо‘ од премиеро‘, пругата треба да ја градиме ради стратешките потреби од „косооките„ а ние да им ја платиме!

Отидов да се отрујам...

Не може Вардар да е „тапа“ река кога буквално на 1000 пати помали реки направија хидроентрали и произведуваат струја. Со оглед на тоа дека се помалку дожд и снег имаме последниве години според мене овој проект ќе биде број еден приоритет во иднина, иако мислам од очигледни причини ќе си имаме повторно проблем со Грците за искористување на водите од овој проект

Раселување нема да има некое големо, со оглед дека се работи за мали брани

Коридорот е тој, каде што се предвидеми траси таму се гради.

И самиот министер Николовски до лани ја фаворизираше таа идеја за источна траса на пругата
 
Не може Вардар да е „тапа“ река кога буквално на 1000 пати помали реки направија хидроентрали и произведуваат струја. Со оглед на тоа дека се помалку дожд и снег имаме последниве години според мене овој проект ќе биде број еден приоритет во иднина, иако мислам од очигледни причини ќе си имаме повторно проблем со Грците за искористување на водите од овој проект

Раселување нема да има некое големо, со оглед дека се работи за мали брани

И самиот министер Николовски до лани ја фаворизираше таа идеја за источна траса на пругата

коридорите се предетерминирани траси кои мора да се следат. Мислам дека тоа налага ЕУ. И за да се смени траса треба они да расправаат. Така да овие муабети на "експерти" мислам дека се млатење празна слама.
 
Не може Вардар да е „тапа“ река кога буквално на 1000 пати помали реки направија хидроентрали и произведуваат струја. Со оглед на тоа дека се помалку дожд и снег имаме последниве години според мене овој проект ќе биде број еден приоритет во иднина, иако мислам од очигледни причини ќе си имаме повторно проблем со Грците за искористување на водите од овој проект

Раселување нема да има некое големо, со оглед дека се работи за мали брани
Ако домашни експерти по хидро-техника така велат, тогаш е точно и нема што тука да се додава.

Посебно е интресен твојов став за налена количина вода од дожд и снег...со која треба са се полнат дузина акумулации!?...

Или ќе останат празни?...
 
Вода има сега, само што оди џабе се испушта накај Грција не се акумулира (не се користи или многу малку за наводнување)

И баш оти има се помалку треба да се зачувува акумулира од зимскиот период за летниот
 
Колку што читав, луѓето упатени во железница се против изградбата на брза пруга. Аргументираат дека брза пруга ке чини премногу пари кои потоа никогаш нема да можат да се вратат како бенефит од пругата. Имало премалку стока која се транспортира по пругата, ради угорници ке требало да се возат празни композиции.... и наместо изградба на брза пруга предлагаат модернизација на постојната пруга, исправање на некои кривини со што би се добило во брзина и.т.н. што како краен резултат ке има тоа да разликата во брзина на постојната пруга со брзата пруга на релација куманово- гевгелија биде некои 5 до 10 минути, односно ако возот се движи по постојната пруга од Куманово до Гевгелија би бил побавен само за 5 до 10 минути. Затоа сметаат дека изградбата на брза пруга е економски неисплатлив проект, ке се потрошат многу пари а од тоа нема да имаме никаков бенефит.
По мене, од тоа што имам читано, превагнуваат аргументите против изградбата на брза пруга, подобро со малку пари да се среди постојната пруга која во принцип ги задоволува сите потреби од железнички транспорт, а со парите наместо брза пруга да се изгради некој друг капитален објект, пример чебрен-галиште, системи за наводнување....
Вардарска долина звучи убаво но незнам колку тоа е реално изводливо односно незнам дали има некоја пресметка колку пари тој проект би чинел и секако дали и кај србите има намера да еден таков проект се реализира па дунав и солун се спојат по пловен пат... мислам дека е утопија.

1. Вардарска долина и пловен вардар за товарни бродови се комплетно два различни проекти. Вардарска долина подразбира изградба на проточни хидро централи ( ХЕЦ Велес мислам дека е единствената брана со стандарден резервоар) каде што ќе има минимално подигнување на новото на водата, во контекст на хидро централи. Поради тоа железничката пруга треба да биде релоцирана, додека од аспект на населени места мислам дека имаше многу мал ефект. Пловен вардар за товарни бродови значи изградба на стандардни брани по целиот тек, правење на огромен резервоар и релокација на огромен број на населени места и реално нема никаква логика ниту економска ниту каква било за изградба.

2. Пругата во секој од случаите ако се прави мора да биде релоцирана, зошто сегашната траса е направена за потребите и тогашната ситуација на Отоманската империја. Дали на исток ако најважниот фактор е меѓународен сообраќај помеѓу Грција и Централна Европа, или земање во предвид и на внатрешните потреби и поместување на трасата Скопје - Велес - Прилеп и со тоа имање на поврзување на централните популациски центри во Македонија Куманово - Скопје - Велес - Прилеп - Битола. Во секој случај релокација мора да има.

3. Нема апсолутно ништо да се изгради зошто лажат уште од старт за апсолутно се:
  1. На сегашната траса не може да се изгради брза железница, и треба се да се направат масивни промени посебно во делот Скопје - Велес - Градско.
  2. Тоа што они го викаат брза железница 120 км на час не е брза железница. Брза железница е минимално со брзини 180 - 200 км на час.
  3. Викаат дека примарна цел им е товарен сообраќај Грција - Централна Европа. Товарни композиции стандардно се движат со 75-100 км на час.( максимална брзина е впрочем 120 км на час). Зошто тоа е брзината на која што соодносот брзина - трошоци е најисплатлива. Па така градење на "брза пруга" за товарни возови е комплетна лага.
  4. Брза пруга се гради за патничко поврзување помеѓу државни или помеѓу регионални центри. Во контекст на Македонија тоа би значело Скопје - Солун или Скопје - Софија, Скопје - Ниш, Скопје - Белград, Скопје - Приштина , Скопје - Тирана. Ама за истото да е исплатливо треба и финансиската моќ на локалното население да е доста голема, зошто цените на билетите генерално се доста високи. Тоа на балканот го нема. Ако се сака ефикасно железничко поврзување со соседните регионални центри, ноќни и експресни линии со брзина на движење од 120 км на час се сосема доволни.
  5. Железница не трпи децентрализирана конкуренција, и не може да биде исплатлива ако целата транспортна мрежа не се врти околу истата. Во Македонија нема никаков процес за такви системски промени, а реално нема ни капацитет. И да се почнат такви промени бизнис интересите никогаш не би ги дозволиле истите зошто ќе влезат во џепот на премногу лобија. камионџии, градежена мафија, автобуси, продавачи на стари возила ....
  6. Најважниот дел, повторно главниот фактор при изградбата на истата е надворешно поврзување. Од Српска страна, пругата од Прешево до Ниш е во катастрофална ситуација, а истата е најтешката делница за изградба во контекст на Србија. Србите до сега градеа во реално најлесниот терен во Војводина, а и во тој терен не беа воопшто брзи. Па така Ниш - Прешево може негде до 2035 да ја завршат. Грците од другата страна на границата пак абер немаат од какви било инвестиции во железничко поврзување со Македонија. Они ако се концентрираат на некакво поврзување тоа е со Бугарија и Романија.
За крај ова е приказна која ќе се одолговлекува следниве години, може да бидат и повлечени пари за кредити од Велика Британија, кои ќе исчезнат исто како и парите што исчезнаа од Унгарскиот кредит, а при крајот на третата година владеење може да видите најави за почеток на пругата и започнување со некакви теренски активности чисто колку да има нешто за на избори да се оди.
 
Последно уредено:
Вода има сега, само што оди џабе се испушта накај Грција не се акумулира (не се користи или многу малку за наводнување)

И баш оти има се помалку треба да се зачувува акумулира од зимскиот период за летниот

Вардар не тече „џабе„ кон Грција, оти постои меѓудржавен договор уште од времето на СФРЈ, кога Македонија беше и е обврзана да испушта точно одредена/минимална количина/кубатура вода низ/преку Вардар, кон Грција, за нивните потреби.
Автоматски споено мислење:

експертите се јавија :kafence: наредно ќе речат и чебрен не е исплатлив и дека е трошење пари узалуд.

Браните/акумулациите „Чебрен„ и „Галиште„ би биле наши и биле користени за наши потреби....ако пак не се најде некоја лесно подмитлива будала, која ќе им ги понуди на јужните цигани.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom