DeepSeek – Алтернатива на ChatGPT или нешто сосема друго?

  • Креатор на темата Креатор на темата Acid
  • Време на започнување Време на започнување

Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.303
Поени од реакции
34.686
Возраст
40
Локација
Скопје
Веб-сајт
www.kajgana.com
Во последно време се појавуваат сè повеќе нови АИ алатки, а една од оние што привлекува сè повеќе внимание е DeepSeek – модел развиен во Кина кој ветува брзина, прецизност и „длабока“ анализа.

Дали сте го пробале?
Како ви се чини во споредба со ChatGPT, Claude или Gemini?
Дали е стварно „помудар“, или само нова играчка во светот на АИ?

Ајде овде да ги собереме:
Вашите искуства (и први впечатоци)
Примери каде DeepSeek ве изненадил (или разочарал)
Совети за негово најдобро користење
Дискусија за тоа каде оди целава АИ трка

Дали DeepSeek има потенцијал да биде „следниот голем играч“ или е само уште еден бран во морето на АИ модели?

Слободно споделете мислење и за техничките аспекти и за секојдневната употреба.
 
Сите модели ги користам и кај сите имам приметено дека се или извондредни или разочарување, и тоа му се менува периодично, како да се во циклус.

За разлика од сите други, deepseek е константен, нема да ме изненади, ама нема ни да ме разочара, едноставно ќе ја заврши работата.

Инаку сега во моментов хит ми е кими од алибаба.
 
Пробај Gemini Pro. Кога станува збор за било каков код, bash скрипти, powershell или било што, генерира совршен код со минимални интервенции. Процесот на дебагирање ми е убрзан максимално, и не дебагирам без Gemini.
 
Gemini 2.5 Pro ?

Што знам од google ai секогаш сум добивал некој полу решенија и не се замарам многу со него, иако речиси редовно секој промпт го пуштам и таму да видам што ќе извади.
 
Секој модел има предности во однос на областа која те интересира. За тоа што мене ми требаше (код) Gemini 2.5 Flash беше подобар од Grok 3, GPT и Claude. Другиве не сум ги чачкал. Али еве за код и слично прогуглај и ќе видиш дека Gemini е ѕвер. Буквално два тикета сам ги реши. А ко што кажав дебаирам исклучиво со него.
 
ова е тестинг дечки. Целта им е со вашиот инпут да ги усовршат овие ствари и еден ден да ве отпуштат. Брзината со која напредува е неверојатна и за пар години не верувам ни да има програмери.
 
Нема, начинот на создавање на софтвер ќе биде сосема поинаков. Програмери нема да има, ама ќе има потреба од солушн архитекти. Плус ако немаш длабоко разбирање од технологијата и не знаеш што точно сакаш, чат ботовиве ќе ти изгенерираат ѓубре.
 
и не ми е само за програмери, голем број од white collar работите има ова лајно да ги збрише. Освен оние што бараат физичка рука. Затоа да повлече некој кабловите додека е време на ова лајново пред да предизвика хаос у светот.
 
Една од причините зашто ВИ револуцијата не почна пред неколку години е прашањето што да се прави со народот што ќе остане без работа. Уште пред 10 години Ноа Харари пишуваше во неговите книги за ова прашање. Затоа се пробуваше со универзален приход во некои земји, но најверојатно тоа нема да биде. Откако почнав да читам и се што се вади секојдневно, возот нема да застане и се ќе оди кон ВИ решенија.
Како и да е сите мора да фатиме возот со ВИ инаку ќе спаднеме во една од категориите на Ноа Харари, луѓе од кои никој нема потреба во економијата.
 
иднинава не е светла некако ни за тие. Најголема шанса е да АИто е на врвот на ланецот, па тие што можат да си го дозволат, големите корпорации и фирмите, и на крај просечниот човек кој ќе ринта у фабрика место да прави нешто интелектуално. Нешто како во феудализмот, текно феудализам само. Мислам дека ќе е многу погрешно ако се дозволи у тој правец да отиде светов.
 
Во која фабрика со AI ќе работиш? Подобро кажи земјоделие со помош на AI.
 
ова е тестинг дечки. Целта им е со вашиот инпут да ги усовршат овие ствари и еден ден да ве отпуштат. Брзината со која напредува е неверојатна и за пар години не верувам ни да има програмери.

Ти на програмери зеде да му кажуваш дека ќе губеле луѓе работа :pos:

Па, со софтверската револуција милиони луѓе останаа без работа.

Но, на крај излезе дека се отворија многу поголем работни места од тие што се затворија.

Така да не му ја крои капата на нероден Петко.
 
ви ја кројат капата тенеке, а не само на вас него и на сите. Тоа се лизарди кои во главата им се вртат само профити. Старгејтот не за џабе го градат сега во Аризона.
 
ВИ е само алатка. Така да некои ќе изгубат работно место, додека други ќе добијат на сметка на тоа.

Не може ВИ колку и да биде софтверски совршена, да може да биде ефективна ако хардверскиот дел не функционира, така да мора секогаш да има некој кој тоа ќе го мониторира.

Денешен тренд е хардверот да биде се послаб и послаб на квалитет заради кратење трошоци. А со трендот на "турбо" економија. Не гледам начин како тој би се подобрил на квалитет.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom