Абе реков и повторно ќе речам,
ќец на десетка за ДПМНЕ, цела држава во заложништво !!!!
Ова што се случи со европскиот извештај е буквално подарок за ДПМНЕ. Им дојде како кец на десетка. Сега ќе го врти народот со „ја бришат македонштината“, ќе се вее со патриотски знамиња, а во меѓувреме реалните проблеми, сиромаштијата, правдата, здравството, ќе останат под тепих.
Иронично, ова можеше да се избегне. Да не се буткаше толку конфронтативна реторика кон Бугарија, да се одеше подипломатски, можеби ќе имавме компромис како држава, или барем неутрална формулација. А вака ги испровоцираа и Европјаните да бегаат од темата.
Сега ДПМНЕ ќе ја држи цела држава во заложништво со „идентитетска борба“. И пак ќе се оди на избори со емоции, не со разум. Народот гладен, разочаран, ама пак ќе гласа за оние што најмногу викаат ние сме патриоти ова она итн..
Трагедија од секаков аспект...