Syn
https://www.youtube.com/watch?v=zBkuNpgACH0
- Член од
- 23 декември 2007
- Мислења
- 30.642
- Поени од реакции
- 48.903
Што е битно? Од ова си патиме, зашто тогаш вака, а сега така, што е битно?Не бе се океј тоа и не дека го бранам Панче или Рон, ама друже Висар не е градоначалник 1 година, односно после смена на власта. Пред тоа додека беше со Дуи, зашто Данела вака театрално не вадеше тн докази за крупни криминали? Зошто ја немаше нигде во време на Зоче и Таче?
70% од директорчињата на јавни претпријатија и се кадри на Дуи.
И за тоа да не се праиме слепи.
Затоа и изгореа 50 деца у Кочани, зашто кај нас е увек така, политиката е сведена на фразата Бранко е крив, ако нешто не чини, ако има криминал, корупција, и слично, секогаш вината се префрла на тој што некад бил на власт, а сега веќе не е, па као немавме ние време све да средиме, не сме во ситуација за една-две-три-четири години да оправиме таква штета и слично, а претходно си ветувал дека инстантно ќе донесеш промени, секако, за да доеш на власт. Сеа се знае кој е на тапет за критика.
Еве што е битно ако во тоа време не се исцртал криминалот, а се исцртува сега, кога веќе на површина излегуваат срања и треба да се реагира, што ќе ти смени ако некој ти одговори на ова прашање? Еве да речеме некој ја прашува Данела за истото и она одговара, дава објаснување, некаква сатисфакција ќе ти донесе нејзиниот одговор, каков и да е? Небитно е тоа, битно е тоа што во моментов се дешава, а тоа е дека оваа извади низа документи и докази за милионски криминали у Чаир, можда сеа и ги доставил некој свиркач, све може да е опција за да се испинува моментот зашто сега, ама тоа е небитно, тајмингот и е погоден секако, кога овие се на тапет секој ден после Кочани, каде дадоа ветувања дека нема да прават искчлучоци. Многу добро и Данела знае што праи и зашто прави, ама мене тоа не ми е битно, убаво е вака кога си вадат очи а притоа си се разобличуваат, најбитното е зашто оној кој треба да делува, и мора да делува, тоа не го прави?
Тој што моментално е на власт е оној кој дирекно може да влијае за да нештата во нашето општество се променат, не знам зашто ми ги спомнуваш Зоче и Таче, они ќе останат запаметени како едно од најсрамните владеења во нашата земја, ама проблем е што моментално се понашаме ко они да поставиле некаков си стандард, па сеа ќе тераме малце подобро и секогаш кога ќе влечеме паралели, ќе бидеме подобри од нив и тоа е тоа, као демек со тоа треба ние да бидеме задоволни?
На крај краева, кој го тераше Тошковски да излезе со легендарната ПиАр изјава за неговиот татко и брат, и тогаш на форумов реков дека он се заебува од старт, и дека има моменти кога е најдобро да молчиш, и тоа беше еден од нив. Он се излета со ваквите фрапантно глупи изјави сеа од нос ќе му ги вадат, и он ќе испадне еден типичен политички лажоф, еден од многуте, значи никаков исклучок од неговите претходници.