Јазк да ви е, овај да го наместите за шеф да ни е е исто како овај подолу кога ни го наместија за шеф, срамота за крсто кој го носиме на логото, ќе си ги дојси сега адем јашари, џаки и шаќировци и сите учкари по потекло кои шуткаат топка и ќе ни летаат орли сред Сан Сиро и ќе ни веат учкарски знамиња на трибини нивните роднини, како можевте срам арам да ви е, ова е дното.
Отпуштањето на Пиоли и поставување на Ибра како некаков спортски директор се најлошите потези на управата во последниве години и токму тие одлуки беа причината за катастрофалната сезона на Милан.
Жртва на катастрофалната сезона беше Рајндерс кој требаше експресно да биде продаден за да Милан не ја затвори 24/25 со финансиска загуба.
Фурлани ги превзема работите во свои раце и го отстрани Ибра од сликата и постави вистински спортски директор Таре кој го врати стариот лисец Алегри во Милан.
Сега одново ќе бидеме сведоци на нова револуција во Милан каде што повторно сакаат Леао да биде централна фигура на проектот на Таре и Алегри.Сега ме интересира после кое коло Алегри ќе се освести и ќе го седне на клупа Леао.
Канцерите Леао,Тео и Томори требаше уште пред 3 години да бидат продадени ако сакаа Милан да биде победнички клуб во континуитет.
Ми се допаѓа како ја започнаа реконструкцијата со Ричи,Модрич и најверојатно Јашари а ќе има уште нови играчи но прво мора да продаваат.
Останува да бидеме трпеливи,да видиме да се надеваме и да веруваме дека Таре и Алегри ќе го вратат Милан во врвот.
Forza Milan!!!
@FORZA ACM oд се ова најпозитивно е што од следната сезона ако дојде Џака со соплеменците, сите меки фаули и 50-50 ситуации судиите ќе ги судат во наша корист. До сега само Тео правеше притисок кај судиите, сега одма ќе имаме пола екипа што ќе трча по судии.
Малце ќе потсеќаме на селски Атлетико Мадрид ама шо кур, ако вадиме позитивни резултати нека тераат.
Ми го продадоа омилениот фудбалер, повторно со години задоцнети трасфери и повторно прават погрешни избори кого да продадат. Мислам и на централните дефанзивци, ако воопшто и имаат избор или продаваат за кого ќе стигне понуда.
Уште една сезона со проблематична одбрана, се надеваат дека е најмалку до дефанзивците, а повеќе до друго, па тренерот ќе среди. Мислам дека и дефанзивците се проблематични, а не само како дефанзивно реагираат сите пред нив, плус како тимски се браниме.
Ако ништо друго, барем да најдат некоја Кјаер опција, како со Модриќ за среден ред. Тоа што Томори е најискусен, лидер, Павловиќ некој во кого гледаат решение за иднина, доста ме плаши.
Со бекови исто ќе се крпиме и ќе се надеваме некој да се погоди. Ајде, решиле да инвестираат повеќе на други позиции, па и да прифатиш некако, иако бековите во модерен фудбал се премногу битни, но не ми јасно зошто сега, кога можат да бираат, иако сиротински опции (15 до максимум 20 милиони, ако и толку), не изберат еден подефанзивен лево кај што е Леао, а поофанзивен десно?! Не дека ги знам овие што ги спонуваат, но онака поворшно што ќе напише некој нешто за нив, изгледа како пак лево ќе иамем поофанзивен бек.
Сега и со тројка во средина, без профил како Рејндерс, ќе мора Пулишиќ, кој и така сака да велегува во средина, да ги преземе тие задачи, па ќе треба десно бек кој ќе доаѓа висока и ќе знае да се снајде таму.
А и уште еден играч во среден ред, плус подефанзивен бек позади него, плус слобода малку офанзивно, во смисол да не ја гушка само линијата и да чека да претрча некого, би било во корист на Леао, кој веројатно ја игра последната сезона, во која ќе треба да докаже дека може да направи нешто повеќе. И играчки и со глава, ако не ќе му се придружи на другар му Тео во Саудиска.
Неколку големи клубови бараат лево крило, кај сите нив Леао не е прв избор и имаат неколку имиња пред него.
Тео поради главата и лошиот однос, многу малку реализираше од талентот што го имаше. Се доведе во ситуација да не сака да го купи никој во Европа ни за 25-30 милони.
Каков пораз и за него и за клубот!
Алегри како човек ми е топ (доволна беше една пресконференција да придобие симпатии), како тренер ми е проблематичен. Имаше и слична ситуација со враќање во Јуве, која немаше позитивен исход. Се надевам дека само ќе донесе мир и подобра атмосфера околу клубот и внатре во тимот, затоа што ние и поради тоа изгубивме 10 бодови.
П.С. Нека пишува кој колку сака дека е лузерски, но онаа историско понижување во финале, донесе голема радост и задоволство.
Автоматски споено мислење:
И гледам на големо се пишува дека бараат напаѓач, мислам дека и Таре спомна нешто на првата пресконференција. Преголеми ми се тие бројки од 40 до 60 милиони што се вртат по весници, сепак ние сме Милан.
Дколку веќе фрлаат пари, се надевам дека првин ќе го избгнеме Ретеги и нема да се заебат со него. Не знам зошто воопшто губиме време на таков профил на напаѓач, доста ограничен, кој има постигнато голе број на голови, најмногу поради контекстот во Аталанта.
Секако дека Душан е подобра опција, поквалитетен, но кога ќе се земе се околу него, можеби не би било лошо и него да го избегнат, барем на почеток и нормално, ако има подобри опции, потоа кога Јуве нема да знае што со него, а ние не најдеме друг, нека го земаат со некои поповолни услови.
Доколку е воопшто реално дека сме тргнале по некој озбилен напаѓач и имаме пари за таков.
Оваа страница користи колачиња за персонализирање на содржината. Со продолжување на користењето, се согласувате со нашата политика за користење колачиња.