Љубовни проблеми? Потребен ти е совет? Обрати се тука!

  • Креатор на темата Креатор на темата anonimnaa
  • Време на започнување Време на започнување
Физички хендикеп немам, ментален хендикеп освем што чувствувам импостер синдром и комплекс на инфериорност, не знам. Кога ќе дознаам, одма ќе пишам.
...а како тоа чувствуваш инфериорност? само во делот во однос со женски или општо во секоја област!?

...искрено ја следам темава што тоа ти пишуваш и што тоа ти одговараат, па некако нема доволно присуство со коментари на женски членови кои ти коментираат да видиме разлика во твоите одговори кон машките членови и кон женските, дали се осеќа тоа „немаш муда“ и позади мониторот виртуелно!

...инаку не мислев баш на физички хендикеп, туку поточно на естетски хендикеп, но добро се гледа дека во тој дел не се двоумиш да одговориш и си доста самоуверен, така да тука се работи, највероватно мое мислење, ако не тролаш се разбира, за нешто последица од минатото, односно поточно условите каде и како си пораснат во каква средина и како се однесувале со тебе додека си бил мал!

...инаку проблемот си го поставил во подтема за љубов и секс и го сметаш тоа само како проблем кон женски пол, но мое мислење дека таа инфериорност од твоја страна е на секое поле, ама ете овде е најдраматично гледајќи ги твоите колеги и другари со женски.

...едноставно ти спаѓаш поради Х причина во особи кои не се сигурни во себе, кои мислат дека немаат шанса за нешто или нештото не го прави како треба, па се кочиш, конкретно кога се зборува за женски, за да на спротивна страна има особи на твоја возраст обратно со голема т.е. претерана неоправдана самодоверба поточно речено чувство на супериорност што би било по нашки кажано особа со комплекс на виша вредност кои исто така имаат проблеми со женски пол поради нивното претерано „занесување во самодоверба“!

psihoterapie-1-1024x702.jpg

...ако си расположен онака до некоја граница која ти ќе ја поставиш, легни на креветот на една психокамбек да ја најдеме причината на ваквото твое чувство во кој период се јави, под кои услови, кои личности можеби се криви за некоја ситуација што делувало на твоето повлекување и „немање муда“ за самодоверба општо, па и твоја инфериорност кон женска особа!
 
...а како тоа чувствуваш инфериорност? само во делот во однос со женски или општо во секоја област!?

Well, here goes.

Би рекол до одреден степен во секоја добласт има присуство на импостер синдром, но кога ќе дојде сегментот за девојки, е тука е tenfold.
Одма настапуваат мислите: Кој сум ја па да пристапам на Х и Х, кога сигурно има некој подобар што ја чека на другата страна.
Досегашниот пристап во животот ми бил како што спомна претходно еден од членовите, чекај подобри времиња кога ќе се среди Х, па Х, па да можам да се фокусирам на лични врски, али времето не ме чекаше.

...искрено ја следам темава што тоа ти пишуваш и што тоа ти одговараат, па некако нема доволно присуство со коментари на женски членови кои ти коментираат да видиме разлика во твоите одговори кон машките членови и кон женските, дали се осеќа тоа „немаш муда“ и позади мониторот виртуелно!

Јас помислив ви станав премногу чуден па стратешки се повлековте од темава бидејќи... на крајот од денот која би сакала да настапи во дускусија со ваков случај :)

...инаку не мислев баш на физички хендикеп, туку поточно на естетски хендикеп, но добро се гледа дека во тој дел не се двоумиш да одговориш и си доста самоуверен, така да тука се работи, највероватно мое мислење, ако не тролаш се разбира, за нешто последица од минатото, односно поточно условите каде и како си пораснат во каква средина и како се однесувале со тебе додека си бил мал!

Естетски... не знам како да навлезам на ова поле без да ја разрешам мојата анонимност овде. Да речеме златна средина 6/10 (иако ова е субјективно и зависи од многу фактори и од човек до човек)
Минатото помина турбулентно, како што споменав на некој од претходните постови, постанав многу повлечен во пубертетот, некаде околу 2 година во средно. Не бев од тие чудните екстра повлечени луѓе, но не излегував едноставно, не се осеќав спремен за во такви средини.
Во студентските денови продолжив даље за исти паре, студирав во Охрид, не бев на страна, не го иживеав онај "студентски живот" што го поминуваат да речеме студентите кој се надвор од своето место на живеење. Можеби, како што се сеќавам присуствував на 1 или 2 студентски забави кој што беа онака "meh", со српски турбофолк (кој што не го обожавам пак) и со луѓе кој долго беа навикнати на тој животен стил а мене се тоа ми беше туѓо. Па продолжив со изолацијата со Netflix (без chill), Dotа итн. итн.

...инаку проблемот си го поставил во подтема за љубов и секс и го сметаш тоа само како проблем кон женски пол, но мое мислење дека таа инфериорност од твоја страна е на секое поле, ама ете овде е најдраматично гледајќи ги твоите колеги и другари со женски.

...едноставно ти спаѓаш поради Х причина во особи кои не се сигурни во себе, кои мислат дека немаат шанса за нешто или нештото не го прави како треба, па се кочиш, конкретно кога се зборува за женски, за да на спротивна страна има особи на твоја возраст обратно со голема т.е. претерана неоправдана самодоверба поточно речено чувство на супериорност што би било по нашки кажано особа со комплекс на виша вредност кои исто така имаат проблеми со женски пол поради нивното претерано „занесување во самодоверба“!

Па генерално мислам дека спаѓа во љубовни проблеми, не сметав дека треба посебна тема да отворам..
За останатото мислам дека си во право. Дел од друштвото се веќе женати, дел имаат врски on/off, а дел се single и сеуште имаат сличен пристап во животот како мене, само што мислам дека не се во толку отепана ситоација како мене.
Би се класифицирал во првата група, група која што им фали самодоверба, но од друга страна во некои работи што ги правам во животото имам повеќе од самодоверба. Не е бело/црно.

Забавен факт за целава дискусија можам да наведам дека сум перфекционист, ако не оди по мое, не оди никаде :) А знам како што наведија повеќето членови, дејтинг нема да оди баш перфектно, ќе си се изгориш де овде - де онде.

PPS: од истата причина и немам профили по социјални мрежи, исцрпуваат енергија, ако не се перфектно одржани, отпаѓаат одма, не сум flamboyant за да одам да се сликам постојано и да одржавам реална/лажна персона само ради реда...
 
Последно уредено:

...во наведената ненајдена ситуација за држење за рака во сите овие примери, која машка особа би бил Ти ?
 
...во наведената ненајдена ситуација за држење за рака во сите овие примери, која машка особа би бил Ти ?

Ќе правиме психо тест а? :) Okay, I'll bite.
Има доста примери, горе долу сите исти/слични се, па со зборови би ти рекол, I'll play along, ама во меѓувреме ќе барам каде е скриената камера.
Зависи исто во каков момент ќе ме долови, дали сам, со друштво, дали и колку е згодна девојката... ма да генерално I'll play along.

Ако е згодна можеби и би стресил некој one-liner како: Духчето со желбава касни неколку години.
Еј, ама ова е фантазија во моментов на пишување. Е сега... чекам прилика да ме фати некоја за рака...
 
...„као киша око Крагуевац“, требаше само да одбереш еден дечко кој би бил-ти, ама нееее ти мора да објаснуваш ова она, па ќе си гледал околу ако има камера....едноставно не ја користиш шансата ма макар било и скриена камера или не толку згодна женска, значи одбираш, значи имаш малку повисок критериум од што треба да имаш, а тоа е спротивно од тоа што се покажуваш дека си инфериорен и „немаш муда“, барем засега со овој тест се покажуваш поинаку!
 
Сабота е , спреми се и терај соло
Направи нешто што и тебе ќе те изненади
Почни до некој степен дрзок да бидеш да му ебам матер

Јас разбирам дека може ти не си таков чоек , ама чим сакаш да се смени нешто , изненади се самиот себе

Батали муабети друже , земи искочи и утре ќе постои кајгана , ќе си прајме пак муабет тука.
 
...ниска самодоверба или виша вредност, нарцисоид?
 
...„као киша око Крагуевац“, требаше само да одбереш еден дечко кој би бил-ти, ама нееее ти мора да објаснуваш ова она, па ќе си гледал околу ако има камера....едноставно не ја користиш шансата ма макар било и скриена камера или не толку згодна женска, значи одбираш

Епа прво што ќе ми дојде на ум е дека е зафрканција, обично не сакам кога луѓе се исмејуваат/играат мајтап со мене.

значи имаш малку повисок критериум од што треба да имаш, а тоа е спротивно од тоа што се покажуваш дека си инфериорен и „немаш муда“, барем засега со овој тест се покажуваш поинаку!

Добро... I agree to disagree :)

Сабота е , спреми се и терај соло
Направи нешто што и тебе ќе те изненади
Почни до некој степен дрзок да бидеш да му ебам матер

Јас разбирам дека може ти не си таков чоек , ама чим сакаш да се смени нешто , изненади се самиот себе

Батали муабети друже , земи искочи и утре ќе постои кајгана , ќе си прајме пак муабет тука.

I'm not there yet.

Епа прво што ќе ми дојде на ум е дека е зафрканција, обично не сакам кога луѓе се исмејуваат/играат мајтап со мене.
...ако мислиш така, нема да пишувам нема проблем!
 
Последно уредено:

...ниска самодоверба или виша вредност, нарцисоид?

Еве едно брзо кликање, не ми значи ништо ваквите тестој, but I'll humor you.

1745684534034.png
Автоматски споено мислење:

...ако мислиш така, нема да пишпувам нема проблем!

Не мислев за тебе @bijons, мислев за случката во случај да ми се случило мене.
 
trolol.gif
 
...ниска самодоверба или виша вредност, нарцисоид?

Ау, нарцис ме нарече. А ја пак од шо си се сакам себеси се доведов до ниво да пишувам на форуми за вакви теми.

Немам коментар.
 
Немам коментар.
Ти си брате тежок трољољо, и веројатно ти е многу досадно..

И да, не ти верувам...Веќе очигледно е дека или те оставила некоја па сега чувствуваш потреба да те сожалуваат и обрнуваат внимание, или се газиш од смеење покрај тастатура и пиво, како се замараат луѓе да ти помогнат....

И да, очигледно лажеш....
 
Во ред, чим дојдовме до ваков заклучок не гледам од која причина би се продолжила дискусијава, од се само полошо ми влијае на себе.
Фала за тие што пробаа да помогнат и пружија солидни коментари :)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom