Анкета: Локални избори 2025 (кандидати, активности и кампањи)

  • Креатор на темата Креатор на темата Nepoznatiotttt
  • Време на започнување Време на започнување

За кого ќе гласате на локални избори 2025?

  • СДСМ

  • ВМРО - ДПМНЕ

  • ЛЕВИЦА

  • ДУИ

  • КОАЛИЦИЈА ВРЕДИ

  • ЗНАМ

  • Независен кандидат (ќе пишам за кого)

  • Друга партија (ќе пишам за која)

Резултатите може да се погледнат само после гласање.
Статус
Затворена за нови мислења.
Па ти нели јадеше трици влен скоро дека ве предал. Како сега вака збориш? Или како ти одговара за пропагандата.
Не ги жалам ич овие од Влен, сами си ја бараа. Ама ај, да си ја кажеме реалноста. Мицко целата кампања ја возеше ко Анти-ДУИ ,„крај на режимот на УЧК и угнетувачката политика бла бла бла“, „ќе ги рушиме“, „доста беше“... ова она и што направи ? Сега тивко си го спрема теренот за предвремени избори, баш за да коалицира со тие што вчера му беа главен непријател. Убаво си ја врти играта, нема што.

А за шлаг на тортата, таман си го лапнаа и унгарскиот кредит. Парите легнаа, изборите на повидок, а старата екипа пак ќе се собира. Баш како нераскинлива „Трио Фантастико“: ДПМНЕ, ДУИ и Таравари. Режија: Балканска политичка трагикомедија. :icon_lol:
 
И терористиве твои да дојдат, министер за здравство и екологија ќе ви биде плафонот. Не се враќа тоа време комуњарско.
 
Тоа е целта враќање на ДУИ во влста со некоја западна подршк се разбира.
 
Кои мои терористи ? Кампањата на ДПМНЕ беше Македонија повторно горда“. Ќе нè спаселе од ДУИ, ќе ја врателе државата во рацете на народот, ќе светнела правдата, ќе расцветале темелите на демократијата... И што добивме ? Македонија повторно со ДУИ во Влада!

Уствари слоганот требало да биде „Македонија повторно по стара шема“. Ајде, нека е со среќа новата стара коалиција, само уште да им поделат по едно ордење за актерска убава изведба пред избори.
Автоматски споено мислење:

Тоа е целта враќање на ДУИ во влста со некоја западна подршк се разбира.

Која западна поддршка бе, ај не се залажувајте. Мицко од самиот старт си тераше тивка љубов со ДУИ, случајот со Таравари само им е првиот заеднички селфи момент. Љубовта е жива, само што ја глумат како тајна врска од средношколски серии.

А тоа дека „Западот го поддржува ? Аха, баш. Како да немаат друга работа луѓето , цела ЕУ и Вашингтон на пауза, чекаат Мицко да им даде насоки. Западот се занимава со геополитика, а не со мицкови шупелки. Ако веќе имаат симпатија, тоа е само од жал.
 
Последно уредено:
А зошто Мицкоски толу би посакувал редвремени.Да не се лажеме дека пак ќе има 58 пратеници извадиј еден куп неспособни раководни кадри по министерств и други институции револтот расте лани револтираните гласаа против Сдсм и Дуи сега ќе гласаат против Вмро .
 
Тотално небитно. Апетитот за сеир што е редовно задоволуван преку апсења е доволен за наклоноста на каурот. Додека апсат ќе добиваат.
Апсења, не пресуди. Пресудите се антиклимактични.
 
А зошто Мицкоски толу би посакувал редвремени.Да не се лажеме дека пак ќе има 58 пратеници извадиј еден куп неспособни раководни кадри по министерств и други институции револтот расте лани револтираните гласаа против Сдсм и Дуи сега ќе гласаат против Вмро .

Има добар рејтинг и му одговара да има избори.
 
За локалните мислам Кочани нема шанси да го добие Вмро најмногу поради селективното постапување за несреќата и илегувањето на виделина за мн нечистотиии за владеењето на локалната самоуправа.Исто општинскиот комитет на Вмро таму е гола вода.За другите градови би рекол дека Вмро ќе се прошета во повеќето општини со исклучок можеби на 4/5 општини каде има шанси Сдсм.Град Скопје би го зела коалицијата предводена од Вмро и останатите општини со исклучок можеби на Центар и Карпош.
 
Град Скопје би го зела коалицијата предводена од Вмро и останатите општини со исклучок можеби на Центар и Карпош.
На завршена политичка кариера на Стевче, во сред внатрепартиски судар Скопје-провинција во СДС, во коалиција со ЗНАМ каде се префрлени еден куп од сдсмовските скопски гласови, слободно можат да се утепаат ако не ја земат Карпош годинава. И Центар да не ја земат во вакви услови треба да си го рачунаат како голем неуспех ама Карпош им е зицер.
 
Центар - ЗНАМ. Карпош - ВМРО.
 
Ако го остават Горан ќе победи незнам кој друг во центар..
 
Има добар рејтинг и му одговара да има избори.
После случајот со Кочани и ред други настани, постои шанса ДПМНЕ повторно да победи, но со намалување од 2 или 3 пратеници. Од албанскиот политички блок, пак, постои можност ДУИ да добие дополнителни 4 или 5 пратеници. Во таков случај, ќе се зголеми меѓународниот притисок врз Мицкоски да ги вклучи ДУИ во владата, а доколку тоа се случи, Мицкоски нема да може толку лесно да се договори со нив како што тоа го прави со ВЛЕН. Затоа, предвремените избори во моментов одговараат единствено на ДУИ и на никој друг.
 
Ќе има парламентарни заедно со локалните за да се тргне фокусот од локалните избори и работата на досегашните градоначалници или поточно неработата и целите избори да се претворат во борба за власт. Локалните избори ќе гледаат да бидат ставени комплетно во заден план, ниту дебати ќе има ништо нема да има, може да излезат само генијалците Мицко и Венко на една "долго најавувана дебата" и два саати програма "Ама не ти", "кај се парите".

Општините најверојатно веќе си ги поделиле ДПНЕ и СДС на средбата што ја имаа, и сега е целта само глатко да си помине целиот процес на гласање.
 
Последно уредено:
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom