Христијанството денес

Што мислите која е најголемата закана за Христијанството денес? Дали е тоа како што некои тврдат Исламот, дали е тоа Воук кдеологија, Дали се атеистите, поделеноста на Христијансските конфесии или комбинација на сите наведени?
Тука е прашањето колку е однесувањето на свештенството причина за се попразни цркви насекаде во свет освен Латинска Америка и делови од Африка каде Христијанството добива нови верници секојдневно.

„Нај-нај„ закана е внатрешнот удар, кој го чини самоповиканиот источен папа, Вартоломеј. Вакво расколничко и разурнувачко влијание од само еден лик врз сите помесни Цркви, ретко се среќава низ историјата од Црквата...освен со Мелетија и Атинагора.

„Нај„ е самото учество од одреден број помесни Цркви со Светскиот Сојуз од Црвки, преку кои се врши притисок за масовно прифаќање на екуменизмот.

Откога постои, Црквата имала, има и ќе има непријатели.

Настрана од другите религии, како опасен се јавува атеизмот, кој е буквално наметнат како „безалертнативна вистина„ од страна на образовниот систем (читај-световната обезбожена власт) и медиумите.
 
Најголемата закана за Христијанството е самото Христијанство,добро е почнато од темелот ама нагоре е градено фушерајски со лоши материјали..
 
Не сум некој верник ама нештово вреди да се спомне. Особено денес, Велики Петок, најтешкиот ден за христијаните.

Лука 23:24
А Исус рече: „Оче, прости им, зашто не знаат што прават!“ И кога го делеа облеклото Негово, фрлија ждрепка.

1745012166557.png

После шест и пол часа, распнат на крстот, прободен на три места со клинци, со последните здивови, Исус извика "Eli, Eli, lema sabachthani?", или преведено "Боже мој, Боже мој, зошто ме напушти?", додека ги издржуваше неверојатно тешките страдања и маки носејќи го гревот на целиот свет врз себе! Гревовите на сите нас, на секој од нас! Но Бог не го напушти, иако во еден момент дури и Исус ја изгуби верата во својот Отец. Бог му го отвори царството небесно!
 
Прегледај го приврзокот 449169

Мала поправка; Човекот Исус никогаш не беше напуштен од Отецот, оти во Троичноста Божја, трите Божји личности се во непрекинато и неслиено и неразделно единство.

На крстот беше закована човечката „половина„ од Синот Божји Исус Христос и во тие моменти на мачење, Човекот Исус (не Синот Божји) се однесува чисто човечки, трпејќи повреди, оставен сам на крстот, без ничија (човечка) помош...

Синот Божји зне(ше) се‘ однапред, се‘ што ќе Му се случи (предавство, судење, осуда, убиство, смрт, воскресение...) и тоа им го најавуваше на Апостолите.
 
Последно уредено:
Не сум некој верник ама нештово вреди да се спомне. Особено денес, Велики Петок, најтешкиот ден за христијаните.

Лука 23:24
А Исус рече: „Оче, прости им, зашто не знаат што прават!“ И кога го делеа облеклото Негово, фрлија ждрепка.

Прегледај го приврзокот 449169

После шест и пол часа, распнат на крстот, прободен на три места со клинци, со последните здивови, Исус извика "Eli, Eli, lema sabachthani?", или преведено "Боже мој, Боже мој, зошто ме напушти?", додека ги издржуваше неверојатно тешките страдања и маки носејќи го гревот на целиот свет врз себе! Гревовите на сите нас, на секој од нас! Но Бог не го напушти, иако во еден момент дури и Исус ја изгуби верата во својот Отец. Бог му го отвори царството небесно!
Друже само да те известам дека ова е во евангелието по Матеј и Марко , не е во евангелието по Лука.
Лука 23:24 вика:
"Тогаш Пилат одлучи да го исполни нивното барање"
 
Не знам брат на едното пишува 23:24 на другото 23:34. А што е разликата?
 
Ништо спорно , ова напишаното е во евангелие по Матеј и Марко а не во Лука како што кажува сликава.
Незнам од кај си ја нашол сликава ама Лука 23:24 не е сигурно тоа што е напишано на сликата
 
Мала поправка; Човекот Исус никогаш не беше напуштен од Отецот, оти во Троичноста Божја, трите Божји личности се во непрекинато и неслиено и неразделно единство.

На крстот беше закована човечката „половина„ од Синот Божји Исус Христос и во тие моменти на мачење, Човекот Исус (не Синот Божји) се однесува чисто човечки, трпејќи повреди, оставен сам на крстот, без ничија (човечка) помош...

Синот Божји зне(еше) се‘ однапред, се‘ што ќе Му се случи (предавство, судење, осуда, убиство, смрт, воскресение...) и тоа им го најавуваше на Апостолите.
Како тоа човечка половина? На крстот бил Исус. сега Исус е човек или син божји?
 
Он тврди дека е син на човекот.
Таа титула 'Son of Man' по стари еврејски толкувања е божествена.

"The foxes have holes to live in, and the birds have nests, but the Son of Man has no place to rest his head."
 
Како тоа човечка половина? На крстот бил Исус. сега Исус е човек или син божји?

На крстот беше заковано човечкото тело од Човекот Исус, не беше закован Синот Божји, Кој Е дух по природа, не е материјално битие.

Симболот од верата е јасен и вели: „...И во Едниот Господ Исус Христос, Синот Божји Единороден, Кој Е роден од Отецот пред сите векови...“.

Значи, Кој Е Исус? Он Е: една личност, со две природи (Божја и човечка) и две волји (Божја и човечка)...т.е. Синот Божји Кој Е „сместен„ во Човекот Исус.

Од описите од евангелистите прилично е јасно дека Христос се однесува и како Бог и како Човек, зависно од ситуацијата.
 
Верувам дека бил распнат ама се ми личи дека бил обичен човек, како мене и тебе. Исто тоа дека Марија забременила со него без маж нема воопшто смисла.
 
Многу работи немаат смисла во животот , но јбг се случуваат..

Среќа па има записи што велат поинаку и нема никаква алтернатива за некоја друга теза што го потврдува спротивното

Ако има некоја основана , повели тука напиши ја
 
Записите може да се манипулираат. Да се искриваат да се додава/одзема. Како јас да пишам едно, ти да пишеш друго баш на форумов, и после 2000 години некој може да направи религија од муабетот и да цитира како n0th1ng на 19-04-25 го кажал ова, или датум-лф го кажал она. Мислам ми ја сфаќаш поентата.
Не може да се ослониме на пишаното во овој случај, а ако одиме по логика жена може да забремени само ако имала секс со маж. Така е сега, така било и во време на Исус, така било и уште многу пред него.
 
Приложи еден доказ каде што е воочено дека записите се измислени или е изманипулирано.

По човечката логика кога една личност ќе умре и кога е закопано телото треба да му се распаѓа , но има случаеви каде што по 5 години рацете на некои луѓе изгледаат како да не скапале ни еден ден.

Ова не се приказни за добра ноќ туку вистински работи
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom