Пресвртница за Украина

Дали ја оправдувате воената агресија на Русија над Украина?


  • Вкупно гласачи
    755

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
27.174
Поени од реакции
36.259
Еве што би сакале западните... И навистина пола работа е завршена!
(сега само уште Русите некако да се согласат) :unsure:

 
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.776
Поени од реакции
5.452
Да се потсетиме.

Денес се надевам многумина увидоа дека Украина не само што е клучна земја за стабилноста, не само на Европа туку, за целиот Свет.
Ако само се гледа на поединечни елементи на судирот кој е во тек ќе се испушти да се препознае главната цел и интереси кои стојат во позадина и се всушност причината за судирот. Уште позначајно е што ќе се носат погрешни одлуки во однос на судирот кој пред се е глобален, па како во случајот со нашиот форум ќе се поставува анкета “дали оправдувате агресија...“


објавено на почетокот на 2009г.

“...Факти кои укажуваат дека Украина е земјата преку која САД во многу блиска иднина ќе се залагаат за целосно слабеење на Руската Федерација и конечна реализација на стратегијата на САД како единствена и неоспорно доминантна сила на 21 век.
...
Познато е дека денес во светот постојат само две воени суперсили способни буквално да го уништат светот. Тоа се САД и Руската Федерација. Нема трета и четврта сила. Кина е значајна, но сè уште не може да излезе како победник во стратешки воен судир со САД, туку повеќе фигурира како моќна регионална сила.
...
Картите полека се отвораат, новоизбраниот американски претседател Барак Обама е непријателски настроен кон Русија, несомнено ќе заземе многу тврд и некооперативен став кон неа, а во клучната земја - Украина, буквално врие и покрај зимскиот период.
Зошто е Украина во фокусот на актуелните настани?
Украина е земја со 44 милиони жители, потенцијално богата и за руските стратешки, економски, политички, демографски и низа други аспекти, исклучително важна земја исто како и Белорусија. Американските планери многу добро знаат дека со вклучување на Украина во НАТО, би и задале клучен удар на Русија со што би ја свеле на џуџе без речиси никаков двор, односно Русија не би можела да води каква било своја политика и никаде не би можела да ги реализира своите национални интереси. На овој начин, Украина на секој можен начин се повеќе би била оддалечена од Русија и на крајот Русија и нејзиното оружје би станале неважни бидејќи на нив би им останале само сопствените граници за да ги бранат своите национални интереси. На овој начин би и нанеле економски удари, бидејќи Русија е првиот надворешно трговски партнер на Украина со приближно 1/4 од вкупната трговија, бројните етнички Руси и големото русофилско и русофонско украинско население ќе останат одвоени со ригиден режим од државата што ја гледаат со симпатии, итн. итн.
...

Во Фокусот е Русија и таа никогаш не престана да биде таква, дури и кога се распаѓаше СССР!


Светскиот поредок воспоставен по ВСВ замина во историјата веќе подолго време имаме процеси кои упатуваат дека е во тек воспоставување (или поточно барање на модел) на нов светски поредок за 21 век.


а Кина се појави како глобален економски гигант кој и се заканува и на САД
Со години читам како Кина е закана за САД, еве гледам и ти го користиш тој нататив.
Ќе сакаш ли да објасниш за каква закана станува збор?
(воена-економска-политичка закана или пак сака да ја преземе улогата на САД, сака да ги уништи САД или нешто трето е е во прашање, на што всушност се мисли кога се користи ваква реторика на закана, еве читам Трамп бара сојузници за да се ослободи од “заканата“ од Кина па им воведува рекет односно услови кои вопдат кон конфликт ама Кина била заканата..
Можеби Кина им бара на САД да си сменат името, да не се работи за таква закана?
-интересно е што кај нас се прифаќа западниот наратив и вокабулар без да се размисли кон што всушност истиот води)

Еве што би сакале западните... И навистина пола работа е завршена!
(сега само уште Русите некако да се согласат) :unsure:

Имит една грешка.
Овој појасот од 18 милес не е исцртан на точната позиција, истиот се протега западно од Лавов там некаде во Молдавија ама се чека пратката на бои да пристигне и ќе биде исртан на правата позиција.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
27.174
Поени од реакции
36.259
Грешка е моментот што упорно го буткаат ова како да е можно.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.240
Поени од реакции
12.936
...

Во Фокусот е Русија и таа никогаш не престана да биде таква, дури и кога се распаѓаше СССР!


Светскиот поредок воспоставен по ВСВ замина во историјата веќе подолго време имаме процеси кои упатуваат дека е во тек воспоставување (или поточно барање на модел) на нов светски поредок за 21 век.

...
Ова е главната цел на западните империјалисти уште од 9 мај 1945, пред се` на Британците, и секако дека немаат кренато раце од ваквата цел 80 (ОСУМДЕСЕТ) години подоцна.

Не е случајно тоа што токму поранешен британски премиер го саботираше договореното примирје во Истанбул во 2022 година, и денешен британски премиер повикува на создавање на воена коалиција против Русија.

Домашните проблеми им се премногу ситни и небитни за да се замараат со сопствените народи, Русија е душманот кој само ја чека можноста да ги начека неподготвени и да ги прегази.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
5.036
Поени од реакции
9.170
На Врбна недела или по наше Цветници, во Суми организирале свеченост на доделување на медали на заслужни војници на ВСУ.
За таа цел е избран Конгресниот центар и Банковската академија. Како и обично информациите дошле и до службите на РФ. И двата центри се погодени, за жал покрај воените има и многу цивилни жртви.
Апел од Безуглаја до Сирски:

1233.png
Автоматски споено мислење:

Жално што за цивилните жртви никој не се потресува многу :(
Украинското раководство ги користи само како аргумент за да добие повеќе помош и оружје. Кој настрадал, настрадал, тешко на блиските:(:cautious:
 
Последно уредено:
Член од
9 октомври 2022
Мислења
3.252
Поени од реакции
9.831
Бреј ова од поштовање према Трамп Ванче Келог и Виткофф ги потепаа цивиливе. Што би рекле МАГА дебилите, конечно Америка пак била страв и трепет :icon_lol: Сега ене го големиот Келог плаче дека не било убаво вака додела Путин од ташак не го удира.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.520
Поени од реакции
5.206
за жал покрај воените има и многу цивилни жртви.
Украинците се криви, ок е.
Кога Израел мава врз Палестинци, Израелците се криви. Не ја знам логиката, ама така е.

*Според мене сите вклучени страни се виновни кога гинат цивили, само да го забележиме лицемерието на одреден член(ови) овде, кој кога во овој случај виновниците би биле Израел/САД би кркале тука доза Лорд Бебо.
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
5.036
Поени од реакции
9.170
Украинците се криви, ок е.
Кога Израел мава врз Палестинци, Израелците се криви. Не ја знам логиката, ама така е.

*Според мене сите вклучени страни се виновни кога гинат цивили, само да го забележиме лицемерието на одреден член(ови) овде, кој кога во овој случај виновниците би биле Израел/САД би кркале тука доза Лорд Бебо.
Види, мој став е дека оваа влада на Украина е највиновна за оваа војна!
Макар што најголемиот виновник за оваа состојба и оваа војна седи скраја и јаде гурабии само. Вината на зеленко и друштво е што се согласија да го продадат својот народ за туѓи интереси и своја корист.
Секоја сличност со некои ликови во наша близина не е случајна.
 

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.520
Поени од реакции
5.206
Види, мој став е дека оваа влада на Украина е највиновна за оваа војна!
Макар што најголемиот виновник за оваа состојба и оваа војна седи скраја и јаде гурабии само. Вината на зеленко и друштво е што се согласија да го продадат својот народ за туѓи интереси и своја корист.
Секоја сличност со некои ликови во наша близина не е случајна.
Не е мој став, ама може и вака да биди, сите да се подеднакво виновни за војната.
Русија, што добро знаат како САД функционираат (преврт на влади, поткупување политичари и сл.) и не направија напори да го спречат тоа.
Украинскиот народ (Украина) што не реагираше против корумпирани влади.
Украинските влади што прифаќаа секакви ветувања и беа корумпирани од двете страни.
САД, што намерно ја туркаа Украина во војна против Русија.

Секоја една страна (освен можеби САД) можеше да спречи војната да се случи.
 
Член од
7 март 2009
Мислења
1.192
Поени од реакции
873
Со години читам како Кина е закана за САД, еве гледам и ти го користиш тој нататив.
Ќе сакаш ли да објасниш за каква закана станува збор?
на што всушност се мисли кога се користи ваква реторика на закана, еве читам Трамп бара сојузници за да се ослободи од “заканата“ од Кина па им воведува рекет односно услови кои вопдат кон конфликт ама Кина била заканата..
Не ти е јасно што се случува на глобалната сцена затоа што не си доволно свесен, у полу-говеџа школа филм си и затоа тролираш, ама има надеж, ќе се извлечеш ако продолжиш да истражуваш :pos:
Кина е закана за САД исклучиво од економска гледна точка, таму има многу американски компании кои произведуваат свои амерички п-ди и после ги извезуваат во САД, тоа е е едно а второ е што Кина произведува се,од игла до локомотива а почна да произведува и одлични автомобили и да го надминуват.н. Запад вотехнологијата а посебно автомобилската, едноставно кажано кинеските коли се поефтини иво одредени сегменти технолошки подобри од западните (тука пред се мислам на колите на струја) и Западот го фати паника и затоа лудиот Трамп им опна огромни царини на кинезите (не за салами и паштети ама пред се ова се однесува на колите на струја) .....Ебениот Запад не трпи конкуренција, тие сакаат цело време они да се газди а сите останати нивни измеќари, кај нас им успева пошто ние сме народ кој е навикнат на измеќарски менталитет ама кај кинезо е друга прича и тој полека почнува да заличува на газда на светската економска сцена, затоа е закана за Западот
 
Член од
7 декември 2019
Мислења
5.036
Поени од реакции
9.170
Не е мој став, ама може и вака да биди, сите да се подеднакво виновни за војната.
Русија, што добро знаат како САД функционираат (преврт на влади, поткупување политичари и сл.) и не направија напори да го спречат тоа.
Украинскиот народ (Украина) што не реагираше против корумпирани влади.
Украинските влади што прифаќаа секакви ветувања и беа корумпирани од двете страни.
САД, што намерно ја туркаа Украина во војна против Русија.

Секоја една страна (освен можеби САД) можеше да спречи војната да се случи.
Ова е бирократски или комунистички став, сите се криви, на крај ќе испадне никој не е крив. Само ќе отидат пола милион и фазла животи и разрушен труд на милиони луѓе. Страдањата и стравовите плус.
На сите нив, а и на нас останатите во светот нема ништо полесно да ни биде дури и да се одреди и осуди тој што е крив. Мртвите нема да станат, градовите нема да се обноват сами, траумите нема да исчезнат. Само богатството на некои ќе стане поголемо.
Џабе ние овде дебатираме, изгледа светот така си функционира откако човекот слегол на земјата, а може и пред тоа.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
27.174
Поени од реакции
36.259
ако се однесува на горниот пост да одговарам?
Општо кажав - дека нема да се согласи руската страна на овие смешни сценарија каде прават огромни отстапки во ситуација каде времето и реалноста работат за нив.
Автоматски споено мислење:

Жално што за цивилните жртви никој не се потресува многу :(
Украинското раководство ги користи само како аргумент за да добие повеќе помош и оружје. Кој настрадал, настрадал, тешко на блиските:(:cautious:
Ај да видиме:
- блиску до граница?
- да (не дека беше проблем и 500+ килметри позади граница да се погоди директно просторијата во хотелот во Криви Рог)

- групен собир каде се концентрирани воени сили
- да

- предвидливо дека противниците ќе удрат?
- да


Епа ако квака како патка, ако оди како патка, и ако има пердуви... Веројатно е патка.
Автоматски споено мислење:

Мене ме интересира само дали цивилите биле повикани/приморани да присуствуваат, или самоиницијативно дошле.
 
Последно уредено:

Human

Explorer
Член од
10 октомври 2009
Мислења
12.520
Поени од реакции
5.206
Ова е бирократски или комунистички став, сите се криви, на крај ќе испадне никој не е крив. Само ќе отидат пола милион и фазла животи и разрушен труд на милиони луѓе. Страдањата и стравовите плус.
На сите нив, а и на нас останатите во светот нема ништо полесно да ни биде дури и да се одреди и осуди тој што е крив. Мртвите нема да станат, градовите нема да се обноват сами, траумите нема да исчезнат. Само богатството на некои ќе стане поголемо.
Џабе ние овде дебатираме, изгледа светот така си функционира откако човекот слегол на земјата, а може и пред тоа.
И јас не мислам така, ама ако размислиш, било која од наведените страни ако постапеше поинаку ќе спречеше оваа војна да се случи. Така да, може да земиш било која страна и слободно да речиш дека помалку или повеќе се виновни за војната.

Додека за ваквите балистички напади во кои гинат и цивили "очигледно" виновна е Украина.
Ако беше во Газа, Израел ќе беше, ама тие знаат најдобро како се прават групни собири.
 

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
19.843
Поени од реакции
24.894
И јас не мислам така, ама ако размислиш, било која од наведените страни ако постапеше поинаку ќе спречеше оваа војна да се случи. Така да, може да земиш било која страна и слободно да речиш дека помалку или повеќе се виновни за војната.

Додека за ваквите балистички напади во кои гинат и цивили "очигледно" виновна е Украина.
Ако беше во Газа, Израел ќе беше, ама тие знаат најдобро како се прават групни собири.
Vo Jemen koj bese kriv ?
Zapoznaen si so slucajot taka ?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom