Каков ученик бил нема ништо општо со каков човек е, најмалку со тоа каков родител е. Многу ниско прашање е тоа. Ако беше тоа некаков критериум за родителство, нам ќе ни требаа 10,000 домови за деца одземени од родителите, затоа што не учеле кога биле мали. Срамота е да се постави такво прашање.
Пишав уште пред некој ден, човекот е влезен во гомна врз база на предрасуди, го имаат гледано како неработник, мрза, бивш зависник... Тоа што тој има станови под кирија и може да си седи дома и да живее од тие пари, ним им е несфатливо. Не мора секој да се буди во 6 сабајле да оди да работи.
Па уште му викала на судијата: сакам да го дискредитирам сведокот
Ете ќе го дискредитираш. И што? Ете дека бил бивш зависник. Ете да речеме дека не бил невработен затоа што се грижел за децата, туку мрза бил, не му се мрдало од кревет. Ете имал единици во школо. Ете Трифун Костовски имал лошо мислење за него, како што би имале бизнисмени за млади луѓе кои не се успешни како нивните родители. Ете се нека е така, и на крајот што? Доказ никаков. Нула.
Родителот им пишал на децата да се облечат потопло. Шокантно.
Пази, тие тврдат дека два пати Вања одела сама во школо,а овие два пати се обиделе да ја киднапираат. Сега, нека докажат и дека таткото два пати им пишувал пораки да се облечат топло, а не само на денот кога најавиле дека ќе биде многу ладно. И дека само на овие два дена им пишувал такви пораки,и никогаш во друго време, бидејќи нели, бил лош родител.
Што се однесува до мене, човекот си го исчисти името. Не можам да замислам каква голгота има преживеано, да му убијат дете, па да го обвинат и да го тепаат во станица, да го држат во притвори... тоа е дехуманизирање веќе. Ништо не може да му ја компензира штетата.