Исчезнати лица

  • Креатор на темата Креатор на темата apmkd
  • Време на започнување Време на започнување
  • Истакнато
Од прилика како размислувале мускетариве...
Од каде на каде Александар го реши убиството, кога ние не можевме... нема друго он е вмешан... уште кога баравме во станот во Капиштец збореше дека нема поента да се бара тука, дека е убиена, гарант знаел и бил вмешан, нема друго што да е.... дај да им удриме ќутек на дебиливе и да им ја покажеме сликата од таткото ќе кажат нешто... ете кажаа, само не потврдија дека и таткото е вмешан, дај да го истепаме и него и ќе признае и готово затворен е случајот...

па е сумливо реално. Кој е он детектив Поаро па да процени дека е киднапирана? 99% од луѓето би биле изгубени у таква ситуација. А не да глумат детективи и пази, успешно да решат случај.
 
Plus do 17h rabotam ne mozam tolku fermani da pisuvam
Па со оглед на тоа колку напиша до сега во работно време, да ти бев јас сега ќе гледаше во отказно решение :D
 
Ова е, извини, една од најлошите црти на нашиот менталитет. За нас ништо не е меродавно, ние си имаме своја верзија на работите. А бе знаеш, има нешто...

Во вакви случаи кај нас човек е виновен без разлика дали ќе го осудат или не. Секогаш ќе му зборуваат зад грб, а некои и во лице ќе му кажуваат дека направил нешто.

Друга работа ќе ти кажам, исто така дел од нашиот менталитет, кога велиш дека „пропалица бил“. Да ти појаснам. Мене не ми делува дека е пропалица, мене ми делува дека е одговорен татко кој се грижел за своите деца. Кој презел обврска да ги чува бидејќи мајка им заработувала повеќе, па било логичен избор тој да се посвети на децата. Ги возел низ град да ги сретнат другарчињата, ги следел со мобилна апликација, бил во контакт постојано... Што ми беше зборот: кај нас е многу битно како те перцепираат. Физички, како изгледаш. Како се облекуваш, како се држиш. Врз основ на тоа ќе заклучат како треба да те третираат. Ова добро го знам затоа што сум бил и горе и долу. Сум бил во ситуација да не можам да се облечам како што сакам, или сум имал премногу проблеми да мислам на тоа како изгледам и како се носам. Не сум имал работа официјално, иако сум заработувал. На секој шалтер,во секоја мочана институција ми се обраќале со реченици од типот: „Што сакаш?“ или ми повишувале тон. Ме третирале како ѓубре, искрено. Одамна беше тоа но се сеќавам. Денес одам со главата високо, облечен сум убаво, пукам од самодоверба, ми се обраќаат со „Господине“ и „како да ви помогнеме“. Знаеш зошто ти го кажувам ова? Затоа што него го имаат перцепирано како партал. Невработен, разведен, бивш зависник (пред 30 години). Додади на тоа уште некои шпекулации дека се коцкал и должел пари, и веќе имаш перцепција дека овој мора да е вмешан некако. Да бил дотеран, скоцкан во одело, вработен, неразведен... никој немало „А“ да му каже во станица, ќе го прашувале како можат да помогнат.

И понатаму, да оставиме простор на обвинителите да го испрашуваат и да покажат дека навистина нешто има, и ако има, нека одговара за тоа. Но ако го најдат невин, ако не успеат да покажат ништо што го поврзува со случајот, да покажеме малку почит кон човекот поради голготата низ која има поминато. И да престанеме со тоа „а бе има нешто тука...“

Не сакам да се замерувам со членови поради различни мислења, не е ова ад-хоминем, но треба да се каже ова.
Тешко е да се избегне стигмата за луѓето со проблеми со зависности, како дрога, алкохолизам, коцка и сл. Општеството има право да го осуди неговото однесување, затоа што таквото однесување не е во ред. Александар во случајов е само жртва на своите сопствени грешки и погрешни избори. Тоа секако не го прави виновен во случајов (ние не може да му судиме врз основа на неговото минато), но да не се лажеме дека изборите кои ги правиме во животов не може да имаат сериозни последици врз луѓето кои ги сакаме и ни се блиски. Истрагата нека си покаже и докаже.
 
Dobro covek. Zborev nakratko. Plus do 17h rabotam ne mozam tolku fermani da pisuvam. Ke vidime vo petok so ke iskoci. Ako ne e kriv Aleksandar, kje si plaka drzavata.
Mene ne me sekira Aleksandar vise tolku kolku Palco. Poso e sociopat. Se gleda. Takov spricer laden..
ne, nisto ne se gleda po likot, nit mozes da procenis po toa kako izgleda il e oblecen sto licnost e, se gleda po delata,
pr onoj mark so fb , da ne bese tolku bogat nikoj i ne bi go primetil ili bi go narekle so pogrdno ime so ogled deka si e onaka groznikav i celo vreme so maici vo siva boja
 
па е сумливо реално. Кој е он детектив Поаро па да процени дека е киднапирана? 99% од луѓето би биле изгубени у таква ситуација. А не да глумат детективи и пази, успешно да решат случај.
Убаво од твоја страна што автентично ја продолжи мускетирската мисла и со тоа и даде тежина на поентата.
Автоматски споено мислење:

Тешко е да се избегне стигмата за луѓето со проблеми со зависности, како дрога, алкохолизам, коцка и сл. Општеството има право да го осуди неговото однесување, затоа што таквото однесување не е во ред. Александар во случајов е само жртва на своите сопствени грешки и погрешни избори. Тоа секако не го прави виновен во случајов (ние не може да му судиме врз основа на неговото минато), но да не се лажеме дека изборите кои ги правиме во животов не може да имаат сериозни последици врз луѓето кои ги сакаме и ни се блиски. Истрагата нека си покаже и докаже.
Типот имал проблеми со дрога кога бил дете, тоест не бил женет. Дека бил коцкар и дека должел пари, се само рекла казала муабети. Тоа што не работел, не работел по сопствена воља, пошто реално и немал потреба да работи, неговите се пуни ко брод. Иако биле разведени, Александар е исто толку присутен во животот на децата колку и Зорица. Ти како мајка кажи ми дали би ги дала децата да се гледаат и да поминуваат време со бивши сопруг, кој е наркоман и коцкар?
 
Последно уредено:
ne, nisto ne se gleda po likot, nit mozes da procenis po toa kako izgleda il e oblecen sto licnost e, se gleda po delata,
pr onoj mark so fb , da ne bese tolku bogat nikoj i ne bi go primetil ili bi go narekle so pogrdno ime so ogled deka si e onaka groznikav i celo vreme so maici vo siva boja
Ruba krasi ruba gnasi. Ne za dzabe e taa dobra stara. I dobro vo pravo si. Ne mi se diskutira sega za toa. Cekaj
 
Затоа што не смеат да тепаат луѓе во ниедна ситуација, освен во самоодбрана, и по ниту било кој друг основ. Тепањето е противзаконско. Тоа е од минатиот режим, од времето на едноумието и ве молам престанете да го релативизирате и да го земате како нормално. За мене, сведочењето на таткото беше шокантно, се надевам дека против овие лица што ги пречекориле овластувањата ќе биде поведена постапка. Институциите не смеат да посегнуваат по физичкиот интегритет на граѓаните, без оглед на тежината на нивни евентуални обвиненија, постапки, и тн. Во нашиот правен поредок, не постои санкција со тепање, ниту било какво друго физичко злоставување на луѓето. Тепањето е нечовечно и нелегално!
вистина оти тепење ,не дека не заслужуваат ,ама така ако сите осомничени ги тепаат во свето ,некој можи е невин или не крепи ќотек и мози да почини и а крај ако испадни невин.и како дали е дозволено законски ,и е под присила.ко тетовирање признај ,признај ,шта да признам и ме тепаја ме тепаја.
 
Типот имал проблеми со дрога кога бил дете, тоест не бил женет. Дека бил коцкар и дека должел пари, се само рекла казала муабети. Тоа што не работел, не работел по сопствена воља, пошто реално и немал потреба да работи, неговите се пуни ко брод. Иако биле разведени, Александар е исто толку присутен во животот на децата колку и Зорица. Ти како мајка кажи ми дали би ги дала децата да се гледаат и да поминуваат време со бивши сопруг, кој е наркоман и коцкар?
Зорица најдобро знае каков родител бил Александар, и нивните деца секако.

Јас не сум мајка, но коа би се нашла во таква хипотетичка ситуација, мислам дека безбедноста и сигурноста на децата би ми била на прво место. Ако постојат сериозни опасности за нивната сигурност, нема шанси да го дозволам тоа, освен под надзор од друго лице. Ако он има силна желба да биде дел од нивниот живот, ќе мора да ме убеди мене дека е спремен да даде се од себе за да се промени себе, а јас би била тука да му дадам 100% поддршка и разбирање.
 
Вакви случаи имало и ке има ама едно ме чуди. лицемерната емпатијата на нашиот менталитет .,за тоше дури беше жив вака така после ангел беше ,за панчо и андерј со не збораја после ангели душиќки греота оти загинаја,државата 30 години ни ја рушат политичикте фамилии и иднината на нашите деца ,па ја жалиме Зорица Александар ,.,
шо би рекол Зоран Баре оd хрватска ситe ко беше Санадер на влас му се лижеа после ко падна затвор истите го плукаја оти тоа е спорто моментално . ивика Крф ти јебем Гади ми се од овај Народ :)
и плука .
 
Зорица најдобро знае каков родител бил Александар, и нивните деца секако.

Јас не сум мајка, но коа би се нашла во таква хипотетичка ситуација, мислам дека безбедноста и сигурноста на децата би ми била на прво место. Ако постојат сериозни опасности за нивната сигурност, нема шанси да го дозволам тоа, освен под надзор од друго лице. Ако он има силна желба да биде дел од нивниот живот, ќе мора да ме убеди мене дека е спремен да даде се од себе за да се промени себе, а јас би била тука да му дадам 100% поддршка и разбирање.
Тоа ми е поентата, никоја мајка не би пуштала деца на поседок кај татко коцкар и наркоман, како што Зорица ги пуштала кај Александар. Не би дозволила да иде у школо на родителски, како што идел Александар. Никад не би дозволила да комуницира мимо нејзе, како што комуницирал, ако знаела дека е наркоман и коцкар. Зорица многу подобро го знае Александар од сите нас, и она никад не би дозволила да е он дел од нивниот живот, ако имала барем и мали индиции дека човекот е коцкар и наркоман. Тоа според мене е доволна индикација да ми каже дека приказните што се кројат околу него се рекла-казала чаршиски муабети.
 
Мене едно не ми е јасно,дали е нормално таква параноја да владее и дали е тоа со одредена причина позната само на родителите на Вања од типот
-следење на движење од мобилен телефон(повеќето деца тоа ќе го сфатат како недоверба,шпионирање)=има некој кајганџија таква пракса ?
-праксата ако ученик не дојде на прв час да се алармираат родителите
-ако детето не е достапно еден час на мобилен да се објавува по фб.
-константна придружба и таксирање на децата дури и кога одат во населба кај другарки.
_ако идат пешки да се разговара со нив на моб..
сево ова е од сведочењето на таткото.
-
 
Без вистинскиот мотив, тешко дека може да се добие целата слика и сите одговорни.
По ова што сега се има како мотив и по овие докази, очигледно кај таткото нема одговорност. Но ова е фејк мотив, не е вистинскиот.
Прво - Вања е убиена веднаш, без никаков обид за изнуда на пари.
Второ - нема никаков доказ или барем изјава од дебилите за тоа каде планирале да ја чуваат Вања, некое припремено место, куќа, шупа, храна, огрев.... ништо од таква припрема.
Трето - биле спремни со копачи и лопати а тие се знае за што служат.
Четврто - биле спремни со бензин за да го изгорат Цитроенот.
Пето - спомнатите суми не се некоја сума за која некој би влегувал во таков ризик.
......,.
Е сега, ако мотивот не е киднапирање за изнуда на пари од мајката, тогаш што и да е вистинскиот мотив, не верувам дека е поврзан со Вања, туку најверојатно е поврзан со некој од членовите да нејзиното семејство, татко, мајка, баби, дедовци.... и не верувам дека нејзиното семејство не знае зошто е ова направено и кој стои за ова. Палчовци се дефинитивно извршителите и тоа го имаат направено за пари, но не за пари кои наводно сакале да ги изнудат од мајката, туку за големи пари од некој друг. Тука, на таков начин ја гледам евентуалната вмешаност на некој од семејството, вмешаност во смисла на молчење за информации кои водат до вистинскиот мотив и другите вмешани....
 
Па кажаа дека имале информација дека девојчето зборело со некој муслиман од Шведска. Од таму им била паранојата колку што можам да сватам. Обично се чека 24 часа додека официјално се отвори истрага за исчезнато лице, но ако има индиции се делува одма. Затоа била и паранојата.
Автоматски споено мислење:

Без вистинскиот мотив, тешко дека може да се добие целата слика и сите одговорни.
По ова што сега се има како мотив и по овие докази, очигледно кај таткото нема одговорност. Но ова е фејк мотив, не е вистинскиот.
Прво - Вања е убиена веднаш, без никаков обид за изнуда на пари.
Второ - нема никаков доказ или барем изјава од дебилите за тоа каде планирале да ја чуваат Вања, некое припремено место, куќа, шупа, храна, огрев.... ништо од таква припрема.
Трето - биле спремни со копачи и лопати а тие се знае за што служат.
Четврто - биле спремни со бензин за да го изгорат Цитроенот.
Пето - спомнатите суми не се некоја сума за која некој би влегувал во таков ризик.
......,.
Е сега, ако мотивот не е киднапирање за изнуда на пари од мајката, тогаш што и да е вистинскиот мотив, не верувам дека е поврзан со Вања, туку најверојатно е поврзан со некој од членовите да нејзиното семејство, татко, мајка, баби, дедовци.... и не верувам дека нејзиното семејство не знае зошто е ова направено и кој стои за ова. Палчовци се дефинитивно извршителите и тоа го имаат направено за пари, но не за пари кои наводно сакале да ги изнудат од мајката, туку за големи пари од некој друг. Тука, на таков начин ја гледам евентуалната вмешаност на некој од семејството, вмешаност во смисла на молчење за информации кои водат до вистинскиот мотив и другите вмешани....
Какви големи пари, одма ја убиле... Ова ти е лична вендета на Палчо.
 
.. Затоа била и паранојата.
Неубедливо...,откако наставничката пишала во групата а веднаш потоа мајката/таткото не ја добиле на моб се кренала широка акција,потрага по другарки и сл.а по неколку часа плаанирано било по амбасади,Нато да се алармира.
Дали Ние како родители така постапуваме во секојдневниот живот освен ако имаме некои сознанија дека некој се подготвува да ни наштети.
Според мене фамилијата живеела на штрек,очекувале некои да им наштетат затоа сите недоразбирања во бракот ги ставиле во втор план а безбедноста, грижата за семејството била приоритет број еден.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom