Исчезнати лица

Член од
14 октомври 2021
Мислења
259
Поени од реакции
536
Не ме, точно.

Ама сепак не знам како во дваесет и први век ние си правиме муабет за тоа како да е нешто многу нормално.
Епа кога не кажуваат милом? Плус збориме за говеда од 50+ кои убија 14 годишно преубаво девојче.
Што очекувате? Да ги караме џандарите шо ги тепале? Ако не кажат шо мислиш?
Абе за трева тепаат ако не кажеш од кај ти е, не па за убиство. Не е дека и нашите се толку канта. Плус кузнае како им е кога ги гледаат овие, и они се родители и ги боли.
Во Србија тие на Данка ги скапаа од тепање, едниот и умре. Ни Данка ни Вања ќе се вратат за жал, така што освен удри-мавај дур не пропеат нема друго.
 

Coca Cola

Пашламарка
Член од
4 јануари 2009
Мислења
1.067
Поени од реакции
1.881
Гледам кажуваат дека носеле само мотороли кога ја убиле Вања.

Од друга страна вељо кажува дека палчо и барал број на Вања од нејзинити прашувајки ја чија си, и сакал да ја слика(?)

НЕ знам дали се има дискутирано ова но, сега, се знае дали носел телефон со него или не? Вештачени ли се повици од мобилниот на палчо и мобилниот на таткото?

Знаеме нешто околу ова?
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.425
Поени од реакции
26.666
За таткото:
1. Обвинителството не најде ниту еден сведок да го посочи таткото во било каква врска со обвинетите...

2. Обвинителството не извади ниту еден материјален доказ за било каква вклученост на таткото...

3. Дури и другите обвинети не сведочеа (небитно за обвинението, ама сепак) дека има било каква инволвираност на таткото....

И сега?
Разбирам зашто бил вклучен во истрага, (ОК, имало некои индиции), разбирам и зашто бил тепан од полицијата, дури разбирам и зашто бил во притвор додека траела истрагата...ДОДЕКА ТРАЕЛА !

АМА, откако завршила истрагата, на основ на ШТО му е поднесено обвинение? На основ на што му е продолжен притвор?
Ако го гледаме тоа, целиот случај е бурлеска. Да немаа тело, будаливе ќе се извлечеа со свирепо убиство на девојче. А тројцата од четворица учесници имаат IQ 15. Збирно. Замисли попаметни луѓе што можат да им направат на нашите истражни органи.

Притоа, некој немал срам мотивот да го напише користољубие. А пари ниту постојат, ниту некогаш биле побарани, ниту има објективна организација да се бараат.
 
Член од
3 мај 2019
Мислења
19.739
Поени од реакции
10.723
Уште долго ке се одолговлекува судењето....нешто не штима, но ај, белким ке ја дознаеме вистината и ке го видиме крајот.
Таткото на Вања ми е најголема енигма.
 
Член од
5 ноември 2012
Мислења
2.883
Поени од реакции
6.413
Ако го гледаме тоа, целиот случај е бурлеска. Да немаа тело, будаливе ќе се извлечеа со свирепо убиство на девојче. А тројцата од четворица учесници имаат IQ 15. Збирно. Замисли попаметни луѓе што можат да им направат на нашите истражни органи.

Притоа, некој немал срам мотивот да го напише користољубие. А пари ниту постојат, ниту некогаш биле побарани, ниту има објективна организација да се бараат.
Да.
Среќа што Панче на почеток на мандатот најави внатрешна контрола за евентуални пропусти во истрагата...
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
26.837
Поени од реакции
43.818
Уште долго ке се одолговлекува судењето....нешто не штима, но ај, белким ке ја дознаеме вистината и ке го видиме крајот.
Таткото на Вања ми е најголема енигма.
Овие тројца не знаат ништо за него како што изгледа освен каратистот што му се лизнало кога го тепале. Но ни тој, ни пак Палчо не верувам да кажат.
 
Член од
14 август 2018
Мислења
5.010
Поени од реакции
11.539
Штом се Палчо и друштво на тема, споделувам скришоти од Палчица.
Ја и на оваа вештеркава би и судел.
Ова е веќе психијатрија...
За жал нашите закони дозволуваат секоја будала се да каже и напише додека не е закана(по живот), или некаква си дискриминација(по безвезална основа!)
За жал!
Инаку се кладам дека оваа ја е*ел Палчо кога и да му се присакало... од авион се гледа дека биле култ!
 
Член од
12 мај 2014
Мислења
1.233
Поени од реакции
3.019
Гледам кажуваат дека носеле само мотороли кога ја убиле Вања.

Од друга страна вељо кажува дека палчо и барал број на Вања од нејзинити прашувајки ја чија си, и сакал да ја слика(?)

НЕ знам дали се има дискутирано ова но, сега, се знае дали носел телефон со него или не? Вештачени ли се повици од мобилниот на палчо и мобилниот на таткото?

Знаеме нешто околу ова?
Мислам некој од сведоците кажа дека само Палчо имал телефон.
 
Член од
1 јули 2012
Мислења
2.450
Поени од реакции
7.210
Овие тројца не знаат ништо за него како што изгледа освен каратистот што му се лизнало кога го тепале. Но ни тој, ни пак Палчо не верувам да кажат.
Добро бе од кај ги вадите муабетиве, од кај тоа дека на каратистот му се лизнало кога го тепале ка кажал дека е таткото вмешан? И каратистот и Манев кажуваат дека под присила и тортура се натерани да кажат дека таткото е вмешан, со тоа што полицијата му кажува на Манев дека веќе Кешишев (значи не каратистот) го кажал таткото, односно дека слушнал разговор помеѓу него и Палчо. Не дека треба нешто премногу да се верува на зборот на било кој од монструмиве, ама сите четворица негираат пред суд (Палчо во јавност, уште не пред суд) било каква вмешаност на таткото, нити дека го виделе некад, нити дека го чуле некад. Еве и Кешишев и Велибор демек се решени да кажат се, па пак таткото не го спомнуваат како вмешан. Зошто би ги кажале сите, би опишувале во детали, како копале дупки, како правеле планови, подготовката, самите киднапирања и убиства, само таткото би го штителе. Според Кешишев, Палчо и Велибор Манев (дури овој и бил тој кој ја почнувал темата за киднапирања) биле главни организатори и планери, а не каратистот. Јасно е ко ден дека обвинителство не изнесе ни еден доказ, ниту се замараше да докажува било каква вмешаност на таткото. Скоро и да не беше спомнат, освен од инспекторите зошто им делувал сумњив, ама и тоа во 2 реченици. Јасно е ко ден дека има и други вмешани, можно е и нарачатели, со кои Палчо бил во контакт, дури и минути пред да ја убие Вања. Мене поише ми делува дека со товарење на таткото сакаат да ја свртат истрагата во друг правец, да сокријат некои други битни фаци вмешани, отколку сегашново објаснување и мотив, киднапирање за изнуда, за пари од стан, иако детето е одма убиено, нити се побарани пари, нити се контактирани родителите, ниту е докажана на било кој начин поврзаност на таткото. Со оглед на тоа што таткото беше пуштен во домашен притвор, ми делува дека и на судот и на обвинителство им е јасно дека човекот не е поврзан со ова. Никој нормален немаше да го пушти во домашен притвор, ако имаа доказ дека е вмешан, туку ќе скапуваше по самици ко овие четворица.
 
Член од
9 август 2014
Мислења
568
Поени од реакции
1.977
Немам погрешна претстава, убаво знам што е и психопат и социопат.
Психопат и социопат не се клинички термини. Единствен umbrella термин кој ги поврзува овие две е анти-социјално растројство. Постои чек листа на психички особини со максимум 40 бодови. Ако лицето има барем 30 се дијагностицира како анти-социјално растројство. Ако има висока доза на овие анти- социјални црти на личност,но не доволно за да се постави дијагноза анти-социјално растројство,тогаш се дијагностицира како субклинички случај. Анти-социјално растројство е многу ретка појава, околу 1-2% од цела популација. Овие субклиничкиве,иако не е многу истражено постојат податоци во различни популации од 10-15%, па се до 25%. Субклиничкиве може да направат еднаква беља како и клиничкиве.
Сакам да кажам дека не може туку така да се расфрла со поим овој е социопат/психопат. Или пак врз база на надворешен изглед и физиономија. Такви дијагнози се оставаат на психијатри кои прават детална анализа на црти на личност и минато поведение и инциденти.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.875
Поени од реакции
61.123
Добро бе од кај ги вадите муабетиве, од кај тоа дека на каратистот му се лизнало кога го тепале ка кажал дека е таткото вмешан? И каратистот и Манев кажуваат дека под присила и тортура се натерани да кажат дека таткото е вмешан
Многу работи се вадат од ракав, еден поназад пиша дека обвинителството тврдело дека два пати девојчето одело само на школо, и првиот пат кога не успеале да ја грабнат, и вториот. Инсинуацијата е дека имале дојава. Кога го прашавме членот од каде му е оваа информација, се изгуби. Јас лично таква информација не сретнав, ако имало, нека ме поправи некој.
 
Член од
13 јуни 2009
Мислења
1.572
Поени од реакции
1.029
Психопат и социопат не се клинички термини. Единствен umbrella термин кој ги поврзува овие две е анти-социјално растројство. Постои чек листа на психички особини со максимум 40 бодови. Ако лицето има барем 30 се дијагностицира како анти-социјално растројство. Ако има висока доза на овие анти- социјални црти на личност,но не доволно за да се постави дијагноза анти-социјално растројство,тогаш се дијагностицира како субклинички случај. Анти-социјално растројство е многу ретка појава, околу 1-2% од цела популација. Овие субклиничкиве,иако не е многу истражено постојат податоци во различни популации од 10-15%, па се до 25%. Субклиничкиве може да направат еднаква беља како и клиничкиве.
Сакам да кажам дека не може туку така да се расфрла со поим овој е социопат/психопат. Или пак врз база на надворешен изглед и физиономија. Такви дијагнози се оставаат на психијатри кои прават детална анализа на црти на личност и минато поведение и инциденти.
Па Палчо ако гледаме појќе на соципат делуваше,агресивен нервозен нетрплив,а нели за психопатите викат се ладни смирени,а то со термините нема официјална институција шо мози да одреди што е што и ова западна психологија мози не е точна или тој харе не е репер за процена и дијагоностицирање,на интерет има некој термини со се нарциосоизам макивализам и сл психопатиа,плус садисти, е сеа дали се вродени или се во тек наживото здобиени,воснова се проценува дека сите поголеми лидери шефој прес44едатели премиери верски водаци кој се на високи на хиархијата се психопатишта.ама во основа се лоши луѓѓе ии предатори,и ако тие се на врвот секогаш значи никадфд нема да има прадвда и мир во свето.
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
26.837
Поени од реакции
43.818
Добро бе од кај ги вадите муабетиве, од кај тоа дека на каратистот му се лизнало кога го тепале ка кажал дека е таткото вмешан? И каратистот и Манев кажуваат дека под присила и тортура се натерани да кажат дека таткото е вмешан, со тоа што полицијата му кажува на Манев дека веќе Кешишев (значи не каратистот) го кажал таткото, односно дека слушнал разговор помеѓу него и Палчо. Не дека треба нешто премногу да се верува на зборот на било кој од монструмиве, ама сите четворица негираат пред суд (Палчо во јавност, уште не пред суд) било каква вмешаност на таткото, нити дека го виделе некад, нити дека го чуле некад. Еве и Кешишев и Велибор демек се решени да кажат се, па пак таткото не го спомнуваат како вмешан. Зошто би ги кажале сите, би опишувале во детали, како копале дупки, како правеле планови, подготовката, самите киднапирања и убиства, само таткото би го штителе. Според Кешишев, Палчо и Велибор Манев (дури овој и бил тој кој ја почнувал темата за киднапирања) биле главни организатори и планери, а не каратистот. Јасно е ко ден дека обвинителство не изнесе ни еден доказ, ниту се замараше да докажува било каква вмешаност на таткото. Скоро и да не беше спомнат, освен од инспекторите зошто им делувал сумњив, ама и тоа во 2 реченици. Јасно е ко ден дека има и други вмешани, можно е и нарачатели, со кои Палчо бил во контакт, дури и минути пред да ја убие Вања. Мене поише ми делува дека со товарење на таткото сакаат да ја свртат истрагата во друг правец, да сокријат некои други битни фаци вмешани, отколку сегашново објаснување и мотив, киднапирање за изнуда, за пари од стан, иако детето е одма убиено, нити се побарани пари, нити се контактирани родителите, ниту е докажана на било кој начин поврзаност на таткото. Со оглед на тоа што таткото беше пуштен во домашен притвор, ми делува дека и на судот и на обвинителство им е јасно дека човекот не е поврзан со ова. Никој нормален немаше да го пушти во домашен притвор, ако имаа доказ дека е вмешан, туку ќе скапуваше по самици ко овие четворица.
Па прво каратистот го дрмале у станица, он го спомнал таткото. После и другиве, Манев и Кешишев рекоа дека не го знаат.
 
Член од
13 јуни 2009
Мислења
1.572
Поени од реакции
1.029
Па прво каратистот го дрмале у станица, он го спомнал таткото. После и другиве, Манев и Кешишев рекоа дека не го знаат.
а Палчо оти не го испеглаја ,му е страф или ,удри по самарот :)
 
Член од
1 јули 2012
Мислења
2.450
Поени од реакции
7.210
Па прво каратистот го дрмале у станица, он го спомнал таткото. После и другиве, Манев и Кешишев рекоа дека не го знаат.
А од кај ти е информацииве дека прво каратистов го дрмале и дека он го спомнал таткото? Јас до сега никаде такво нешто немам прочитано, ниту обвинителство и нивните сведоци, инспектори тоа го кажаа, ниту некој од обвинетиве. Дај ако најдеш некој транскрипт од судењава со тој детал, јас не се сеќавам на такво нешто или сум пропуштил. Баш напротив, од досегашните сведочења на суд, поточно од сведочењето на Манев, дознаваме како се одвивале работите, односно дека од страна на инспекторите му била покажана слика на таткото, овој рекол дека не знае кој е, му рекле да признае дека и таткото е вмешан, не сакал, па му кажале дека Кешишев им кажал дека таткото му кажал на Палчо, дека веќе имаат признание, па со ќотек и он бил натеран на тоа. Е сеа и каратистот после под присила бил натеран да каже исто што и Манев. Нормално ако решиме да им веруваме дека за ова не лажат. Прашањето е зошто сега Манев и Кешишев би го штителе таткото, ако решиле да кажат до детал што како правеле, што планирале, како извршиле се. Све решаваат да откријат, цела вистина, ама само татково некако решаваат да го заштитат. Нема никаква логика.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom