Молам за некој да анализира моите резултати од вчера од крв и урина.
Работев напорно за покачување на железото, во Декември имав само 8 железо и хемоглобин 155, од резултатите од вчера имам железо 24 и хемоглобин 154.
Нешто има ли да треба да правам?
Резултатите ти се одлични, скоро идеални,
но ако подобро гледаме (а не гледам зошто баш таму го имаш скратено) кај седимент во урина т.е. кристали во урина!
...не треба ништо да правиш околу железото,
туку во урина тие кристали ти се покажува дека не пиеш доволно вода како течност (на мал волумен на течност со многу отпадни материи се создаваат кристали) или земаш некои суплементи што ти се вишок во организмот и си склон на формирање кристали и уште нешто има во твоите анализи ама снимката ти е скратена, не се дочитува, а во анализите ја немаш вредноста на урична киселина во крвта (склоност за гихт при високи вредности), а за инфо на другите добро да се знае дека алкалноста на урината може да се покачи и при терапија со онколошки лекови.
...а и вредноста нијанса на АСТ малкуцка нијанса над референтна вредноста укажува на функцијата на бубрегот според урината со кристали (не е до јетрата) и урината ти е со алкална pH т.е. 8 , добро е да биде благо алкална урината и тоа со вредности помеѓу 7.3 и 7.5, (pH 7 е неутрална) , а ти веќе имаш 8 што сигурно внесуваш Магнезиум како суплемент или некоја храна која делува алкално во организимот или пиеш некоја вода која е алкална како што е Пролом вода или држиш некоја диета (исхрана) со намирници кои се „алкални“.
...значи не треба да биде многу кисела урината т.е. pH испод 6.5, ама ниту пак многу алкална која дава многу алакалност на организмот и доаѓа до Алкалоза слабост, грчеви во мускулите, нагон на повраќање, зголемен стрес и тахикардија, вртоглавица, намалување на нивото на Калиум и Калциум, а ти во овие анализи ги немаш тие испитувања да ја видиме вредноста на Калиум и Калциум.
...значи да заклучиме, повеќе течност во смисол вода која не е алкална, паузирај со суплементи и не е лошо едно прочистување на уриногениталниот тракт и малку чистка на бубрезите од песок со Сируп Калкулит (од 13 растенија), капаче од течноста на тој сируп се меша со вода минерална во шише што се пие и од таа растворена смеса цел ден, ќе ги острани сите кристали и присуство на песок во бубрезите и урината!
...тоа е мое мислење!