Соживотот во Македонија

  • Креатор на темата Macedon1um
  • Време на започнување
Член од
7 септември 2016
Мислења
22.256
Поени од реакции
38.372
... затоа што не поминува, како што не поминува ,,да му каже Македонецот ,,шшиптар" иако Албанец може да каже шкиптар.
...женската на жалост круто преведува само зборови, но не ги склопува во реченици, така што не треба ни да биде преведувач,
 
oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.112
Поени од реакции
1.278
Например, во една праведна и демократска држава, не е во ред само мнозинството да се пласира како единствени способни и вредни, додека малцинствата се делигитимираат или маргинализираат како неспособни. Ваквиот пристап не само што создава нееднаквост, туку ја поткопува и идејата за општество базирано на праведност и еднакви можности за сите. Малцинствата, како и мнозинството, придонесуваат со свои уникатни вештини, перспективи и култура, и нивната инклузија е од суштинско значење за напредокот на општеството. Секој граѓанин заслужува да биде вреднуван според своите способности, а не според припадноста на одредена група. Институциите треба да се стремат кон создавање услови каде што секој ќе има еднаква можност за успех и придонес, без предрасуди и дискриминација.
 
Член од
19 февруари 2023
Мислења
3.536
Поени од реакции
7.015
Ја слушав јас, сега мора и вие да патите.

Јас па мислам дека преведувачката дословно го преведува, нема ниту една грешка, не е она крива ако министерот така зборува.
Автоматски споено мислење:

IMG_20250326_041649.jpg
 
Последно уредено:
Член од
14 ноември 2013
Мислења
7.617
Поени од реакции
23.814
Mene ne mi e jasno zasto od ALB na MK sekogas preveduvaci se albanci, segde. Nema makedonci koi tocno bi prenele i prevele? Neli ima nekoja studiska programa... Obratno neka si preveduvaat albanci... Vaka ispagja nie nemame info sto se zborelo
Пред тоа збореше министерот на македонски али Сител поради некоја причина наместо тој го пренесоа овој сегмент.
 
Член од
14 октомври 2021
Мислења
287
Поени од реакции
557
Ја слушав јас, сега мора и вие да патите.

Ова е последица пошто НИКОЈ НЕ ГИ ТЕРА ДА НАУЧАТ МАКЕДОНСКИ.
Иди во Германија во Собрание збори на англиски. Ти е неписмените
 
Член од
19 февруари 2023
Мислења
3.536
Поени од реакции
7.015
Ова е последица пошто НИКОЈ НЕ ГИ ТЕРА ДА НАУЧАТ МАКЕДОНСКИ.
Иди во Германија во Собрание збори на англиски. Ти е неписмените
Со нив е јасно, и нас треба да ни е јасно, Македонска држава и ништо друго.
 
Член од
14 октомври 2021
Мислења
287
Поени од реакции
557
E ke si ostvarat zosto da ne?
So ne gi oploduvate kaurkite, mesto toa vie silikoni vo muckite I'm plakjate I kucinja shetate
Па македонските мажи не ебат шо стигнат за разлика од вас.
Не моеш да ме видиш. Затоа сме од убава поубава. Нема инцест кај нас. Калма малце.
 
Член од
27 октомври 2017
Мислења
729
Поени од реакции
1.074
Па македонските мажи не ебат шо стигнат за разлика од вас.
Не моеш да ме видиш. Затоа сме од убава поубава. Нема инцест кај нас. Калма малце.
Kakvo kuçe shetash?
 
Член од
5 ноември 2024
Мислења
122
Поени од реакции
489
Па македонските мажи не ебат шо стигнат за разлика од вас.
Не моеш да ме видиш. Затоа сме од убава поубава. Нема инцест кај нас. Калма малце.
Problem e vo toa sto makedonskite mazi slabo ebat, koga ebele porano mazite ne bilo vakva situacijata, sega imas mazinja so doma sedat so zenickite i posle tie novi generacii od nivni deca se primorani da ziveat so hieni koi rastele so poinakov stav pa zatoa pagame na sekoe pole.
 
oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.112
Поени од реакции
1.278
Со нив е јасно, и нас треба да ни е јасно, Македонска држава и ништо друго.
Македонска логика :icon_lol:

Со години се крева врева за правата на Македонците во Бугарија.
Постојано се зборува исто така за нивните права во Грција и Албанија.
Во Австралија, Македонците слават со старите знамиња, без никакво австралиско обележје,и тоа е во ред.

Но кога станува збор за малцинствата во Македонија , одеднаш, други аршини. Ајде да ги изземеме Албанците оти навистина можеби и тие претераа. Зошто, на пример, останатите малцинства се систематски маргинализирани и дискриминирани при вработувања и ред други работи ? Што, тие не се доволно „лојални“ ? Или државата гледа на нив само како на банкомати, плаќај даноци, молчи и не бара ништо ? И после некој ќе ми соли памет овде за демократија..
 
Правиш разлика помеѓу малцинство и мигрант? помеѓу државотворен народ нација и етничка заедница? кога ќе си одговориш на овие прашања може да разговараме.
 
oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.112
Поени од реакции
1.278
Правиш разлика помеѓу малцинство и мигрант? помеѓу државотворен народ нација и етничка заедница? кога ќе си одговориш на овие прашања може да разговараме.
Ако се држиме до твојата логика, тогаш Македонците во Бугарија, Грција и Албанија не се малцинства, туку мигранти, нели? Не постојат ? Или постојат само кога треба да се барат права за нив ? И како алиби заради внатрешната политика во Македонија.
 
Член од
19 февруари 2023
Мислења
3.536
Поени од реакции
7.015
Ако се држиме до твојата логика, тогаш Македонците во Бугарија, Грција и Албанија не се малцинства, туку мигранти, нели? Не постојат ? Или постојат само кога треба да се барат права за нив ? И како алиби заради внатрешната политика во Македонија.
Македонците во Албанија, Бугарија и Грција се автохтон елемент, Албанците во Македонија се доселеници.
 
oon

Член од
3 ноември 2008
Мислења
3.112
Поени од реакции
1.278
Македонците во Албанија, Бугарија и Грција се автохтон елемент, Албанците во Македонија се доселеници.
Ако се залагаме за принципи, тогаш правата мора да важат за сите, без разлика дали некој е автохтон или доселен. Ако бараме почитување на Македонците во соседните земји, тогаш истата мерка треба да важи и за етничките заедници во Македонија. Се друго е лицемерие.
Затоа, вистинското прашање е дали сме спремни да играме по истите правила што ги бараме за себе, или ќе продолжиме со двојни стандарди
Држава која очекува да ѝ бидат почитувани нејзините малцинства во странство, мора да даде ист пример дома. Како можеме да ги осудуваме Бугарија и Грција за дискриминација кон Македонците, ако самите применуваме слични практики во Македонија ??? Ако правата зависат од тоа кој е „автохтон“, а кој „доселен“, тогаш секоја држава ќе си тера своја верзија на национализам.
Доселеници во европските држави стануваат министри, премиери, па дури и претседатели. Во Велика Британија до пред една година премиер беше човек со индиско потекло, а градоначалник на Лондон беше со потекло од Пакистан. Во Франција и Германија има министри и високи функционери со имигрантско потекло.
Ако во развиените демократии луѓето не се судат според потеклото, туку според способностите, зошто тогаш на Балканот сè уште се прави разлика меѓу „автохтони“ и „доселени“? Дали сакаме да живееме во модерна и праведна држава, или ќе останеме заробени во историски митови и поделби ?
А за историјата на Албанците, бидејќи не сум Албанец, нека одговараат тие дали се автохтони или не. Во секој случај, автохтоноста нема никаква врска со човековите права.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom