Ништо од ова шо го напиша не држи вода за да даде оставка. Ќе пробам кратко да ти одговорам.
Под број еден, треба обезбедување силни докази за некое дело,за корумпирано судство,обвинителство или шо и да е, да не ги пуштат на слобода ,како шо досега беше пракса. Дај боже да работат на тие дела,па да ги уапсат. Ќе видиме.
Број два,не си во тек, дека претседателката Сиљаноска им понудиле амнестија на уставобранителите, но тие одбиле,сакаат ново судење за да ја исчистат дамката шо е фрлена врз нив. Барем Горан Ангелов тоа го тврди,би требало да му веруваме.
Три не ти го разбирам.
Четири, здравството ни е триесет и кусур години во постојано уништување,ваљда е тоа некаква стратегија да не ни ја биде државата. Само во период на владеење на Груевски ( ВМРО, нели),се направи обид да се подигне малку, со реновирање болници,купување апарати,опремување на болниците ,значи инвестирање како никогаш до сега, но оние злосторници шо дојдоа после него,фрлија се во вода. Е сега,не знам зошто Мицковски би бил одговорен за се шо е случено во државата за овие 30 години,по осум месеци власт. Одговорноста ќе ја бараме на следните избори, ако не работи ништо до тогаш,и на предвремени,ама сега за сега работи, само шо има многу да се работи, се е руинирани.