Пожар во Кочани, диско Пулс.

  • Креатор на темата Креатор на темата Syn
  • Време на започнување Време на започнување
Еден кочанчанец вели многу угостителски објекти се дивоградби.
Ова чудо работело од 2012 година, цела плејада службеници и функционери. Ама ако не можеш по магарето велат, удри по самарот.
И не треба да е апел или да формираат зона на снимање туку треба да се забрани секаков пристап за сите медиуми од поворката до гробовите.

Na VMA je 10 pacijenata, od koji se šest nalazi u intenzivnoj njezi. Svi su oni u teškom i ozbiljnom stanju. Jedini pomak na pozitivno je da je jedan pacijent napustio jedinicu intenzivnog liječenja i premješten je na Kliniku za plastičnu hirurgiju. Što znači da je to ipak jedan pomak ka boljem. Nije više životno ugrožen, ali i dalje predstoji velika borba za njihovo izlječenje - istakao je za RTS dr Ivan Leković, zamjenik načelnika VMA i glavni dežurni hirurg.
 
Сакаш да ми кажеш дека свињата Мирковиќ ја има Тара Симов ставено како управител?

Мојот проблем е што јас верувам дека стварно не знаат да бројат, не дека за кликови го прават тоа.

Незнам дали е управител али им се води ко одговорен уредник. Чисто сумњам дека се регистрирани како медиум, али баш би сакал да ги приведат на информативен разговор и да ги утепаат од инспекции.
 
Сите сме согласни дека денес е најцрниот ден за Македонија и дека не постои поголема болка од тоа да го закопаш сопственото дете, а мајка Македонија денес ќе закопа 59 свои чеда. Загубата на толку млади животи, на нивните надежи и соништа остава пустош во душата на секој Македонец. Да не дозволиме сквернавење на последната почит која треба да им се оддаде. Ова е момент кој бара почит, солидарност и единство, а не додавање сол на рана и гледање сеир. Само да се издржи денов…
 
МВР ги приведе лицата кои среде седумдневната жалост за жртвите во трагедијата во Кочани, запалиле огномет.

- Околу 21.25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во градскиот парк во Скопје има огномет и не се почитува одлуката на Владата за седумдневна жалост. Веднаш е постапено од страна на полициските службеници на СВР Скопје и утврдено е дека во угостителски објект во градскиот парк била организирана роденденска прослава, при што од страна на М.Ф. (18) и М.Ф. (18), двајцата од Скопје бил запален огнометот, велат од МВР.

Тие се лишени од слобода и задржани во полициска станица во врска со чл 387 од КЗ, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
 
90% од вработениве од институцииве се дигитално неписмени , збориме за основни познавања на Excel (користење формули) да не зборам за Сајбер безбедност..
За жал можам да потврдам дека огромен број ако не и скоро сите од вработените во администрацијата немаат основно познавање од работа со PC, поготово ништо од MS OFFICE, ептен базично word и тоа е тоа....
Автоматски споено мислење:

МВР ги приведе лицата кои среде седумдневната жалост за жртвите во трагедијата во Кочани, запалиле огномет.

- Околу 21.25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во градскиот парк во Скопје има огномет и не се почитува одлуката на Владата за седумдневна жалост. Веднаш е постапено од страна на полициските службеници на СВР Скопје и утврдено е дека во угостителски објект во градскиот парк била организирана роденденска прослава, при што од страна на М.Ф. (18) и М.Ф. (18), двајцата од Скопје бил запален огнометот, велат од МВР.

Тие се лишени од слобода и задржани во полициска станица во врска со чл 387 од КЗ, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
не е тешко да се погоди националност
 
По мене има и проблем Од гранка да не се гледа Шума, општинарите може да прават проблем за небитни работи, може да барат согласност и за да изолираш твој дел од фасада однадвор без согласност од комшии, а парадокс е дека има Закон за термо -изолациона карактеристика на ѕидовите.... Од друга страна има дивоградби не само дигнати спратови, туку и се поврзал на заеднички вертикали од парно....Да не потсетувам преку Вардар цели објекти оставија да се градат на Диво, НЕ Знаеле Кој гради :mad:

Општинарската неефикасност и „дрвење„ за секоја ситница, одамна се познати. Наместо општините да бидат сервис за граѓаните, општинарите гледаат да одолговлекуваат што повеќе...за да ти текне „зашто„...

Нема потреба од „изненаденост„ штом се случат бељи како онаа во Кочани, во кои самите општинари се и тоа како вклучени.
 
МВР ги приведе лицата кои среде седумдневната жалост за жртвите во трагедијата во Кочани, запалиле огномет.

- Околу 21.25 часот во СВР Скопје е пријавено дека во градскиот парк во Скопје има огномет и не се почитува одлуката на Владата за седумдневна жалост. Веднаш е постапено од страна на полициските службеници на СВР Скопје и утврдено е дека во угостителски објект во градскиот парк била организирана роденденска прослава, при што од страна на М.Ф. (18) и М.Ф. (18), двајцата од Скопје бил запален огнометот, велат од МВР.

Тие се лишени од слобода и задржани во полициска станица во врска со чл 387 од КЗ, а по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
Во Brick Bar бил огнометот.
 
Брик бар ќе го изгорат од казни.
Ги повикувам сите здраворазумни членови на форумов и тие што го читаат да не стапнат веќе во брик.
Некој што се радува на трагедија не смее да биде поддржуван со наши пари.
 
За жал можам да потврдам дека огромен број ако не и скоро сите од вработените во администрацијата немаат основно познавање од работа со PC, поготово ништо од MS OFFICE, ептен базично word и тоа е тоа....

Ја работев во администрација. Имав колеги што не знаеја да вклучат компјутер и кои не го користеа уопште. Еден знаеше картите само како се пуштаат и толку.
Од друга страна имав колеги шо врзуваа ексели датотеки со огромни информации да им кросреференцира податок кога ќе им побараат нешто со 2 клика вадеа.

Има стручни луѓе во администрација, и тоа влезени преку вмро и сдс со партиска помош, има луѓе што платиле да влезат, има луѓе што на роднинска база влегле, има и луѓе што на оглас биле само они па случајно се вработиле. Кога ќе ми текне, еден другар работеше во општинава 7 години се на договор на дело, дојде градоначалник од друга партија го избрка одма и пушти оглас да си прими негов човек за таа позиција ама со решение. Другаров аплицираше и влезе он, оти наместениов кога аплицирал згрешил што внесол и не му се призна апликацијата.

Има начин да се дигитализира се, има начин како да се задржат професионалците а да се исчисти џганот само се нема волја и не е во интерес на раководството.
 
Последно уредено:
Ах не. Таа југословенска приказна за колективна одговорност, не фала. Главниот одговорен за 59 мртви има име и презиме. Не може да биде колективен ентитет.

Луѓето што ги потпишале документите за дозволата имаат име и презиме. Луѓето што не праќале инспекции кај нашите имаат име и презиме.

Друже, истото го збориме.

И тие луже ти што ги збориш "Луѓето што ги потпишале документите за дозволата имаат име и презиме. Луѓето што не праќале инспекции кај нашите имаат име и презиме." - тие се државата. Јас не сум државата и не се осеќам крив.

И точно е дека главен и одговорен за 59 души има име и презиме, само би те корегирал имаат име и презиме. Не е еден, многу се!

Јас го цитирав членот, со интенција дека не може главен и единствен виновник да биде газдата на кафиќот. Има голема структура што дала амин тоа место да постои, а тоа е државата. Ја и ти сигурно немаме ингиренции за тие работи.
 
Нека забранат пристап на српскине морбидни "медиуми", ко Информер, Курир и остала багра, талог на друштвото, да не можат ни да се приближат на 3-4 километри од гробиштата. Тоа се монструми кои од вакви трагедии, погреби прават реало шоу. Останатите, ако веќе мора да ги има, на поголема оддалеченост, да не бидат приметни.

Околу трагедијава, се уште не би можел нешто логично, рационално да напишам, а има многу што да се каже. Бог да ги прости децата, никогаш да не се повтори.
 
Јас на овие во Кочани би им забранил пристап, не само 3-4 километри...

Убава идеја
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom